HIGHLIGHTS

Телевизор кога е вклучен, уметничко дело кога е исклучен

The Frame 2020
Телевизорот The Frame 2020 на Samsung е закачен на ѕид и прикажува уметнички дела кои се мешаат со други дела и рамки.
Внеси инспирација во домот. Знаеме дека твојот простор заслужува многу повеќе од само обичен телевизор. Заслужува телевизор кој е секогаш убав, без разлика дали е вклучен или не. Телевизор кој те отсликува тебе и она што го сакаш, кој се менува паралелно со твоето расположение и ти пружа неверојатна QLED слика.
Го заслужува телевизорот The Frame.
Video Alternative Text

Зошто е наречен The Frame?

Дизајн на The Frame

Го дизајниравме The Frame да биде телевизор кој изгледа како елегантна рамка на слика. Бидејќи наједноставните идеи се секогаш најневеројатни.

Слика одблиску од аглите на телевизорот The Frame закачен на ѕид како слика во рамка. Секој агол има соодветна приспособлива рамка во црна, кафеава и беж боја.

Што го прави The Frame посебен?

Уметнички режим

Убавината на галеријата ја носиме во твојот дом со телевизорот The Frame, прикажувајќи ги твоите омилени уметнички дела кога е исклучен.

Жена оди покрај телевизорот The Frame 2020 на Samsung кој е закачен на ѕид и делува како вистинска уметност прикажувајќи слика во уметничкиот режим.

Што може да искусиш со QLED?

QLED технологија и Smart

Го збогатуваме твоето искуство на гледање со помош на
QLED технологијата — на начини за кои не би верувал дека
се возможни.

Телевизор The Frame поставен на држач прикажува сцена со 100 % видливост на бои и висока резолуција овозможена од QLED технологијата, со цел да имаш оптимално искуство на гледање. Текстот во аголот покажува дека смарт телевизорот е овозможен од TIZEN.
Со The Frame поставен во центарот на уметничката галерија, просторот се трансформира во дневна просторија. Телевизорот The Frame на ѕидот прикажува дела во уметничкиот режим од кои можеш да избереш, а во аголот пишува „Art Mode“ („Уметнички режим“). Се приближува за одблиску да се види уметничкиот режим, а потоа камерата повторно се оддалечува за да го прикаже цветното дело на екранот со цветови кои растат околу телевизорот во дневната просторија. Се оддалечува уште повеќе за да се види слика од крајбрежје на телевизорот, кој е опкружен со дневна просторија уредена во таков стил. Продолжувајќи да се оддалечува, прикажува дело на кое е насликана џунгла на телевизорот, а дрвјата растат низ дневната просторија. Ова покажува како уметничките дела може да се прилагодат за совршено да се вклопуваат во просторот, како и да го нагласат декорот. Рака притиска едно копче и екранот се менува во режим за гледање телевизија, а на екранот се прикажани многу услуги за стриминг, како и различни опции. А, откако го исклучува телевизорот The Frame, тој повторно се враќа во уметнички режим додека камерата се оддалечува за уште еднаш да го покаже цветното дело на екранот во дневната просторија. Екранот станува црн и со бел текст е напишан слоганот на телевизорот The Frame, „TV when it's on, art when it's off.“ („Телевизор кога е вклучен, уметничко дело кога е исклучен“). Последната сцена прикажува црн екран со логото на Samsung во бела боја. Имајте предвид дека сликите се симулирани и служат само за илустрација. Спецификациите на уметничкиот режим на телевизорот The Frame и GUI може да се разликуваат во зависност од моделот и регионот.
Уметничката галерија е преполна со посетители. Одеднаш фотографиите од различни места во галеријата исчезнуваат, оставајќи празни рамки. Обезбедувањето, студентите, доцентот, реставраторите и сите луѓе кои ги гледаат сликите се зачудени. Момче седи на кауч и разлистува прекрасни уметнички дела на телевизорот The Frame. Поднасловот гласи: Уживај во повеќе од 1000 уметнички дела преку платена претплатничка услуга. Сите приспособливи рамки се продаваат посебно. Сите фотографии и кориснички интерфејси видени овде служат исклучиво за демонстрација. HBO NOW е достапно само во САД и за оваа услуга е потребна претплата. Со технологијата QLED сите светски уметнички дела се веднаш достапни и тоа со неверојатни детали. Се прикажува поглед под агол на телевизорот The Frame кој виси на ѕид во дневната просторија за да покаже дека е телевизор кога е вклучен, а уметничко дело кога е исклучен.
Телевизорот The Frame на Samsung стои на средина во дневна просторија во класичен стил. Се појавува текст кој вели „TV when it's on“ („Телевизор кога е вклучен“) додека камерата се приближува до телевизорот на чиј екран се прикажани млади девојки како играат балет. Додека ркаката го исклучува телевизорот The Frame за да го прикаже уметничкото дело со текстот „Ballet Rehearsal on Stage“ на Едгар Дега, текстот се менува во „Art when it's off“ („Уметничко дело кога е исклучен“). Екранот повторно се вклучува и прикажува поле со цвеќиња, а текстот „TV when it's on“ („Телевизор кога е вклучен“) повторно се појавува. Некој повторно го исклучува телевизорот The Frame и текстот се менува во „Art when it's off“ („Уметност кога е исклучен“), а на екранот се прикажува уметничкото дело и текстот „Painting for Mary“ од Сенди Дули од Saatchi Art. Екранот повторно се вклучува и прикажува две девојки кои се на пикник во природа, а текстот се менува во „TV when it's on“ („Телевизор кога е исклучен“). Кога е исклучен, телевизорот The Frame го прикажува уметничкото дело и текстот „Holyday (околу 1876) од Џејмс Тисо, додека главниот текст се менуа во „Art when it's off“ („Уметност кога е исклучен)“. Екранот повторно се вклучува и прикажува човек како сурфа, а текстот се менува во „TV when it's on“ („Телевизор кога е вклучен“). Потоа, камерата се оддалечува додека телевизорот The Frame се исклучува за да го прикаже уметничкото дело „Odyssey“ од Џулија Контацеси од Minted со текстот „Art when it's off“ („Уметност кога е исклучен“). Прикажувајќи ги аглите на повеќе разнобојни рамки, текстот гласи „Дизајн на The Frame“. Сцената се менува во студио со телевизор The Frame кој стои на држач, а на него е прикажано уметничкото дело и текстот „Ju-Jitsu (околу 1913 год.) од Дејвид Бомберг“. Текстот во аголот гласи „Frame like design“ („Дизајн како рамка“). Како што се исклучува камерата, гледаме слики одблиску од држачот Basic Stand, со текст во аголот „Basic Stand“, а потоа од држачот Studio Stand, со текст „Studio Stand“. Се продаваат посебно и се компатибилни со конкретни големини наведени подолу. Телевизорот The Frame е поставен на ѕид, а текстот гласи „No Gap Wall-Mount“ („Ѕиден носач без оставен простор“). Камерата повторно прикажува телевизор The Frame на држач пред да прикаже рака која ги допира различните бои на приспособливата рамка со текстот „Опции за разни бои. Приспособлива рамка: се продава посебно“ напишан подолу. Раката зема кафеава рамка и ја става на телевизорот, прикажувајќи го текстот „Кафеава. Приспособлива рамка: Се продава посебно“ напишано покрај неа. Потоа става беж рамка, со текстот „Беж. Приспособлива рамка: Се продава посебно“ напишано покрај неа. Потоа става црна рамка, а се појавува текстот “Црна. Приспособлива рамка: Се продава посебно“. На крај, раката става бела рамка на телевизорот The Frame, со напишан текст “Бела. Приспособлива рамка: Се продава посебно“. Се оддалечува и пркажува повеќе телевизори The Frame со различни големини, а на дното е прикажан текстот „Опции за различни големини на телевизори. Реалните опции за големини на пласираниот модел може да се разликуваат во зависност од регионот“. Од најмал до најголем, прво е 32-инчниот The Frame на кој е прикажано делото и текстот „Dogs on a leash“ (1775) од Франциско де Гоја и Лусиентес, која стои во музејот „Museo del Prado“; 43-инчниот The Frame на кој е прикажано делото и текстот „Colors of an Ancient Sun“ од Татјана Илина од Saatchi Art; 50-инчниот телевизор The Frame на кој е прикажано делото и текстот „Lyrical“ од Сара Мекинро од Minted; 55-инчниот телевизор The Frame на кој е прикажано делото и текстот „Ripples of Low Tid II - Limited Edition 2 of 30“ Лиесл Марели од Saatchi Art; 65-инчниот телевизор The Frame на кој е прикажано делото и текстот „Ophelia's Pond Revisited“ (2015) од Силвија Шанахан од Saatchi Art; и новиот 75-инчен телевизор The Frame на кој е прикажано делото и текстот „Odyssey“ од Џулија Контеси од Minted. Сцената се менува во галерија со уметнички дела кои висат на ѕид. Текстот гласи „Уметничка продавница. За некои содржини е потребна претплата.“ Одеднаш уметничките дела летаат од нивните рамки и едно по едно влегуваат во телевизорот The Frame, прикажувајќи дека има над 1.200 уметнички дела. Текстот гласи „Над 1.200 уметнички дела“. Жена која стои во близина го користи далечинскиот управувач за да разлистува низ колекциите. Текстот гласи „Над 13 врвни галерии.“ The Frame прикажува текст кој гласи „Lyrical“ од Сара Мекинро од Minted додека камерата се оддалечува. Вртејќи се да покаже друг телевизор The Frame, текстот гласи „технологија QLED“. Додека живописните цвеќиња и листови се разлеваат на екранот, текстот гласи „QLED 100 % Видливост на бои од Quantum Dot“. Додека сцените покажуваат како уметноста оживува, текстот „Двоен ЛЕД“ се појавува за да го долови контрастот помеѓу јарките бои. Префрлајќи се на слика одблиску од текстури и елементи во движење, камерата се оддалечува за да го прикаже The Frame како се исклучува и прикажува уметничко дело. Горниот текст гласи „The Frame“. Последната сцена прикажува црн екран со напишан текст „The Frame“ во бела боја.
Упатства чекор по чекор како да прикажуваш слики во уметничкиот режим на телевизорот The Frame. Стартувај ја апликацијата SmartThings и оди во опцијата Фотографии, а потоа избери ги фотографиите од твојот смарт телефон. Избери мат основа и боја на апликацијата и избирај од повеќе различни опции. Потоа, избери ја опцијата Фотографии на телевизорот The Frame за да се прикаже сликата на екранот на телевизорот.
* Во уметничкиот режим има потрошувачка на електрична енергија.

Рецензии за потрошувачот

„...Уметничкиот режим и финиот квалитет на слика создаваат уникатен додаток во нашиот дом.“

The Frame QLED Class 55" 4K UHD смарт телевизор (2019),
САД, samsung.com

Фотографија од потрошувач кој дава свое мислење за телевизорот The Frame 2020.
* Сликите се само за илустрација и за да овозможат подобро разбирање.

Како телевизорот The Frame го менува просторот

* Клучните спецификации може да се разликуваат во зависност од регионот.

Различни големини за различни инспирации

Уметноста добива нов карактер кога е поголема или помала, така што The Frame доаѓа во различни големини, од импресивно големи до интимно мали.

Телевизор The Frame, 75-инчен модел

The Frame 75" (2020)

75LS03T

Телевизор The Frame, 65-инчен модел

The Frame 65" (2020)

65LS03T

Телевизор The Frame, 55-инчен модел

The Frame 55" (2020)

55LS03T

Телевизор The Frame, 50-инчен модел

The Frame 50" (2020)

50LS03T

Телевизор The Frame, 43-инчен модел

The Frame 43" (2020)

43LS03T

Телевизорот The Frame од
32-инчи ја разубавува твојата соба, независно дали е голема или мала

Нов телевизор The Frame на Samsung, 32-инчниот The Frame совршено се вклопува дури и во мали простори.

Начини да направиш совршена галерија

Телевизорот The Frame на Samsung совршено одговара во секој ентериер, па така ја претвора секоја просторија во галерија, од дневна просторија до канцеларија.

Дизајн на The Frame

Како The Frame го доби името?

Откриј зошто телевизорот The Frame е многу повеќе од само телевизор.

Телевизорот The Frame гледан под агол, нагласувајќи го дизајнот како рамка и приспособливите рамки достапни во повеќе бои кои одговараат на секакво расположение.