WD6800N Комбинирана машина за перење со QuickDrive технологија, 9kg/5kg

WD90N644OOW/LE
Боја БелаБела

The item is in the cart.

Дезинфицирање со воздух

Air Wash

Моќни меурчиња

Eco Bubble™

9,0 kg

Капацитет на перење (kg)

5,0 kg

Капацитет на сушење (kg)

QDrive

 QDrive

Преполови ја должината на перењето

QuickDrive™ ја скратува должината на перењето за 50% и потрошувачката на енергија за 20%, без да ги намали резултатите на перењето.* Неговиот единствен Q-Drum™ има „главен барабан“ и „задна плоча“ што се вртат независно, со што се обезбедува динамично вртење на облеката, придвижено од двојни сили. Благодарение на тоа, машината пере побрзо, поефикасно и понежно.*

Преполови ја должината на перењето

* Тестирано на Samsung WD6800M во споредба со конвенционалниот модел WD6500K. Заштедува до 50% од времето за перење памук (40 ℃, половина барабан) со перформанси при перењето во границите ±3% и заштедува до 20% енергија според тестирањето во согласност со IEC 60456:2010

Додај уште нешто, во кој било момент

Си ја заборавила маичката? Вратата Add Wash™ ти овозможува едноставно и брзо да ја додадеш заборавената облека* по започнувањето на циклусот.** Исто така, може едноставно да ставиш рачно испрана облека што сакаш само да ја исплакнеш или да ја ставиш на центрифуга.

Додај уште нешто, во кој било момент

* Може да се додадат само парчиња ткаенина, облека, детергент и омекнувач. ** Вратата Add Wash се отвора само кога температурата во барабанот е под 50 °C.

  • * Неопходен е налог за апликацијата Samsung што може да се преземе за апарати Android и iPhone. Потребна е безжична конекција. ** Чува кориснички податоци, параметри и шеми на користење, со цел да ги предложи најкорисните опции. *** Корисникот е исклучително одговорен за сите последици што може да настанат, вклучително, без ограничувања, какви било оштетувања или штета предизвикана од погрешни информации обезбедени од Корисникот. **** Препорачаниот циклус на перење се базира исклучително на времето и можеби не е приспособен за видот на ткаенина или степенот на нечистотија на алиштата што се перат.

Перење и сушење за само 3 часа

Исчисти ја облеката што ти треба секој ден и подготви ја за носење за само 3 часа. Циклусот Брзо перење со сушење ги пере, плакне и центрифугира алиштата за 54 минути. * После тоа, сè може темелно да се исуши за само 126 минути.*

Перење и сушење за само 3 часа

* Тестирано според IEC стандард на количина на алишта од 4 kg (памучна навлака за перница 3еа, синтетичка/мешана навлака за перница 5еа, синтетичка/мешана маичка 11еа) на WD68/7800N и 5 kg алишта (памучна навлака за перница 5еа, памучна крпа 4ea, синтетичка/мешана навлака за перница 7ea, синтетичка/мешана маичка 12ea) на WD8800N.

Дезинфицирање со воздух

Одржувај ја облеката хигиенски свежа без употреба на вода и детергент. Технологијата Air Wash ја освежува и ја дезинфицира облеката така што таа секогаш ќе мириса свежо. Непријатните мириси и бактерии се елиминираат само со помош на врелиот воздух. Нема потреба од вриење или од скапи и потенцијално штетни хемикалии.

Дезинфицирање со воздух

Моќни меурчиња

Технологијата Eco Bubble™ ти овозможува моќно чистење, дури и при ниски температури.* Детергентот се претвора во меурчиња, така што брзо навлегува во ткаенината и лесно ја отстранува нечистотијата, при што истовремено ги штити бојата и ткаенината и штеди енергија.**

Моќни меурчиња

*Испитано во согласност со стандардот IEC 60456-2010/4 kg алишта за перење/Super Eco перење во студена вода (WF80F5E5U4W) наспроти перење на памучни алишта на 40 °C без технологијата Eco Bubble (WF0702WKU). Поединечните резултати може да се разликуваат. ** Врз основа на извештајот за лабораториското испитување на перформансите што е изработен од Springboard Engineering на ленти EMPA, користејќи вообичаен раствор на детергент и технологија на меурчиња без механичка активност.

Интензивно отстранување дамки

Со само еден допир на копчето, функцијата Bubble Soak помага при отстранување на најразлични тврдокорни дамки. Облеката темелно се потопува во активни меурчиња, што ги омекнуваат дамките што потоа ефикасно се отстрануваат.*

Интензивно отстранување дамки

* Испитано во согласност со стандардот IEC 60456 5. издание/8 kg алишта за перење/Bubble Soak перење (WF80F5E5U4) наспроти перење на памучни алишта на 40/60 °C, синтетика на 60 °C и тексас на 40 °С без Bubble Soak (WF0702WKU).

Хигиенска чистота

Исчисти ја својата облека длабински и хигиенски со пареа. Моќен циклус што користи хигиенска пареа што навлегува од дното на барабанот. За секое парче облека да биде добро натопено. На овој начин се отстрануваат тврдокорните нечистотии и 99,9% од бактериите и се деактивираат алергените.

Хигиенска чистота

* Врз основа на тестирањето спроведено од Intertek на 3 kg алишта/циклус со хигиенска пареа (WW10M864QOA).

За внатрешноста да биде чиста

Одржувај ја твојата машина хигиенски чиста, додека истовремено ја штитиш животната средина и заштедуваш пари. Еко чистењето на барабанот ги отстранува нечистотиите и 99% од бактериите што предизвикуваат непријатни мириси од барабанот и заптивката на вратата. Овој циклус користи натопување, пулсирање и вртење со голема брзина, без штетни или скапи детергенти. Машината те известува кога е потребно чистење.

За внатрешноста да биде чиста

Издржливи перформанси

Уживај во поголемата енергетска ефикасност, помалата бучава и долготрајните перформанси. Дигиталниот инвертер мотор користи силни магнети за потивко и помоќно работење, но троши помалку енергија од универзалниот мотор. Моторот обезбедува извонреден век на траење* потврдено со 10-годишната гаранција.

* Сертификатот за долготрајност од 20 години е доделен од Здружението за електрични, електронски и информациски технологии во Германија (Verband Deutscher Elektrotechniker – VDE).

Издржливи перформанси

* Сертификатот за долготрајност од 20 години е доделен од Здружението за електрични, електронски и информациски технологии во Германија (Verband Deutscher Elektrotechniker – VDE).

Трајни перформанси

Керамичкиот грејач + има нов вид премачкување против адхезијата што го намалува натрупувањето на талог во споредба со конвенционалните керамички грејачи.* Неговиот патентиран дизајн** обезбедува помалку натрупување на талог што спречува топлотна спроводливост, со што грејачот подолго ги задржува своите перформанси и има подолг век на траење.

Трајни перформанси

* Број на пријава на патентот: 10-2012-0029920 во Кореја, Кина, Европа, САД. ** Тестирано на Керамичкиот грејач + во споредба со конвенционалниот грејач Samsung на моделот WF60F4E0N0W/ET, врз основа на независно тестирање за отстапување во тежината во тврда вода.

  • 9,0 kg Капацитет на перење (kg)
  • 5,0 kg Капацитет на сушење (kg)
  • 600x850x600 mm о димензии (ШxВxД)
  • 81 kg Нето тежина

Прирачник за корисниците и содржина за преземање

Како се совпаѓа едно со друго

Како се совпаѓа едно со друго

Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промена.