WD6000J Комбинирана машина за перење со технологија Eco Bubble, 8kg/5kg

WD80J6A10AW/LE
Капацитет 8 kg

The item is in the cart.

8 kg

Капацитет на перење (kg)

5 kg

Капацитет на сушење (kg)

A

Класа на енергетска ефикасност

1400 rpm

Брзина на центрифуга

Пери во студена вода, заштеди енергија

Заштеди огромно количество енергија* со перење големи количества алишта на ниски температури со помош на технологијата Eco Bubble™. Меурчињата го активираат детергентот и тој брзо навлегува во ткаенината и со леснотија ја отстранува нечистотијата – дури и во студена вода (15°C).

Пери во студена вода, заштеди енергија

*Тестирано во согласност со стандардот IEC 60456-2010 / 4 kg алишта за перење / Super Eco перење во студена вода (WF80F5E5U4W) наспроти перење на памучни алишта на 40° без технологијата Eco Bubble (WF0702WKU). Поединечните резултати може да се разликуваат.

Моќно чистење за помалку од еден час

Новата машина за перење Samsung може да го заврши перењето само за 59 минути. Таа користи брза прскалка за помоќно плакнење на облеката и ја зголемува брзината на центрифугата за да го заврши перењето само за 59 мин.

Моќно чистење за помалку од еден час

*Засновано врз исклучително брзо перење при разбирливи нагодувања за количествo алишта до 5 kg.

Дезинфицирај ја твојата облека со воздух

Технологијата Air Wash ја освежува и ја дезинфицира облеката така што таа секогаш ќе мириса свежо. Непријатните мириси и бактериите се елиминираат само со помош на врел воздух, без користење вода, детергенти и други хемикалии.

Дезинфицирај ја твојата облека со воздух

Интензивно отстранување дамки

Со допир на копчето технологијата Bubble Soak помага при отстранувањето на најразлични тврдокорни дамки. Меурчињата темелно навлегуваат во облеката и ги омекнуваат дамките што тогаш ефикасно се отстрануваат.*

Интензивно отстранување дамки

*Тестирано во согласност со стандардот IEC 60456 5. издание / 8 kg алишта за перење / Bubble Soak перење (WF80F5E5U4) наспроти перење на памучни алишта на 40° / 60°, синтетика на 60° и тексас на 40° без технологијата Bubble Soak (WF0702WKU).

Гарантирана долготрајност

Моторот со дигитален инвертор обезбедува врвна енергетска ефикасност, минимална бучава и долготрајни перформанси и има сертифициран работен век од 20 години* и поддржан е со гаранција од 10 години.

Гарантирана долготрајност

*Сертификатот за долготрајност од 20 години е доделен од Здружението за електрични, електронски и информациски технологии во Германија (Verband Deutscher Elektrotechniker – VDE).

Едноставно решавање на проблемите

Проверката Smart, автоматски систем за надзор на грешки, ги открива и ги утврдува проблемите и дава едноставни решенија за отстранување на грешките со помош на апликацијата за телефони smart *. Значи, ќе заштедиш време и ќе избегнеш трошоци за повикување сервисер! **

*Достапно на уредите iPhone и Android. **Понекогаш ќе биде потребно да повикаш сервис и поправањето може да ти биде дополнително наплатено.

Едноставно решавање на проблемите

*Достапно на уредите iPhone и Android. **Понекогаш ќе биде потребно да повикаш сервис и поправањето може да ти биде дополнително наплатено.

Чистење на барабанот без хемикалии

Исклучително практичната технологија за еколошко чистење на барабанот ја одржува свежината на твојата машина за перење со фронтално полнење без употреба на силни хемикалии. Дури може автоматски да те извести кога е потребно чистење.

Чистење на барабанот без хемикалии

Заштеди време на помали количества алишта

Програмата за брзо перење е совршено решение за твојот забрзан живот – брзо и ефикасно ја чисти облеката со мали нечистотии, па може да одвоиш повеќе време за себе.

Заштеди време на помали количества алишта

Нега на чувствителни ткаенини

Единствениот „благо спирален“ дизајн со дијамантски барабан со мазни издигнувања во форма на дијамант исклучително е погоден за нежно перење на алишта. Неговите мали отвори за одвод на водата, исто така, ја заштитуваат ткаенината и спречуваат заглавување на облеката.

Нега на чувствителни ткаенини
  • 8 kg Капацитет на перење (kg)
  • 5 kg Капацитет на сушење (kg)
  • A Класа на енергетска ефикасност
  • 1400 rpm Брзина на центрифуга
  • 600x850x600 mm Нето димензии (ШxВxД)
  • 71 kg Нето тежина

Прирачник за корисниците и содржина за преземање

Како се совпаѓа едно со друго

Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промена.