Ви го претставуваме неверојатниот дисплеј Infinity

Револуционерниот дизајн на Galaxy S8 и S8+ започнува во внатрешноста на уредот. Го редизајниравме секој дел од телефонот за да ја пробиеме бариерата на екранот на паметниот телефон. Сè што гледате е чиста содржина, без рамка. Тоа е најголем, најимпресивен екран на мобилен уред со оваа големина. И можете лесно да го држите во една рака.

Дизајн

Избришани граници

Екранот Infinity е екран што се прелева преку рабовите на телефонот, давајќи сосема рамна, непрекината површина, без издигнувања или агли. Тоа е чисто, беспрекорно, непрекинато стакло. И ја зафаќа целата предна страна од телефонот мазно слевајќи се во алуминиумската рамка. Резултатот е преубаво заокружен, совршено симетричен, извонреден предмет.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
слика на полиња со лаванда на екранот на Galaxy S8
Видеоснимка на соѕвездие на ноќното небо на екранот AOD на Galaxy S8 and S+ екрани, како и заднина и соѕвездија што се поместуваат со телефонот.

Камера

Камера направена за да го фати секој момент

Снимете го животот додека тече со камерите Galaxy S8 и S8+. Задната камера од 12MP и предната камера од 8MP се толку прецизни и брзи така што нема да го пропуштите вистинскиот момент во текот на денот или на ноќта.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
Слика на луѓе што сликаат фенери со свеќи.
Слика на луѓе што сликаат фенери со свеќи на екранот на Galaxy S8
Контури на проѕирен Galaxy S8 во пејсаж режим
12MP Dual Pixel сензор

Безбедност

Безбедносен систем што е лесен за користење

Љубопитните очи не се проблем кога го имате скенирањето на ирисот на Galaxy S8 i S8+. Во светот нема два исти ириса, па така ни вашите не се исти и затоа е речиси невозможно да се копираат. Тоа значи дека благодарејќи на скенирањето на ирисот, вашиот телефон и вашите содржини се отвораат само за вас. А кога морате многу брзо да го отклучите телефонот, препознавањето на лицето е корисна опција.

*Ирисот е обоениот дел од вашето око во форма на прстен.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
Луѓе прекриени со шарен прав
Рака што држи Galaxy S8 додека очите на корисникот се во рамнина со круговите на екранот заради скенирање на ирисот

Перформанси

Побрзи, дури и на дожд

Вие, всушност, никогаш не престанувате да го користите вашиот телефон. Затоа телефоните Galaxy S8 i S8+ ги придвижува првиот процесор од 10 nm во светот. Тој е брз, моќен и ја зголемува ефикасноста на батеријата. Покрај тоа, постои можност за зголемување на просторот за складирање, а може да работите и на дожд и во прав благодарејќи на перформансите со сертификатот IP68.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
Слика на автомобил што забрзано вози по улица на дожд
Слика на син автомобил во брзо возење на екранот на Galaxy S8
Galaxy S8 во пејсаж режим

Интелигенција

Пристигна Bixby

Bixby целосно го менува начинот на кој остварувате интеракција со вашиот телефон. Тој е ваш личен асистент што ги разбира говорот, текстот и чукањето така што никогаш нема да бидете ограничени на еден начин на комуницирање. Исто така, тој целосно го менува начинот на кој пребарувате. Не мора ни да побарате, само покажете што сакате така што ќе ја отворите апликацијата на камерата, а Bixby ќе го препознае тоа. Неверојатно е едноставно.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
Слика на лице во патики со една подигната нога
Слика на лице во патики со една подигната нога прикажана на екранот на Galaxy S8 со порака од корисникот до Bixby со која се бара да побара слични патики на интернет

Телефон+

Телефон што ги урива бариерите

Galaxy S8 и S8+ се дизајнирани да бидат повеќе од обични паметни телефони. Тие се дизајнирани за да го сменат начинот на кој вие го сфаќате и гледате на вашиот живот, во круг од 360 степени или во виртуелна стварност. Тие се дизајнирани за да го сменат начинот на кој вршите плаќања и работите во движење. Урнете ги бариерите во вашиот свет со Galaxy S8 i S8+.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
Поглед од напред на Gear 360 (2017)
Gear 360
Galaxy S8 и Galaxy S8+ еден покрај друг
Galaxy S8 | S8+
Поглед однапред на Gear VR и на контролерот
Gear VR

Smart Switch

Сменете го телефонот, но лесно зачувајте ги своите спомени

Од вашите фотографии и видеоснимки до контакти и музика, Smart Switch ви овозможува едноставно да ги пренесете спомените од вашиот стар телефон на новиот Galaxy S8 and S8+. Сега кога знаете дека сите спомени одат со вас, може да му се посветите на правењето нови спомени на вашиот Galaxy S8 или S8+.

*Достапноста на услугите може да се разликува во зависност од уредот. Конекторот USB се наоѓа во кутијата.

Стар паметен телефон поставен покрај телефонот Galaxy S8 со апликацијата Smart Switch на двата екрана

Пристапност

Технологија за сите

Galaxy S8 и S8+ се направени за да бидат пристапни за сите. Добро осмислената палета на технички решенија им овозможува на сите да ги користат напредните можности на телефоните Galaxy S8 и S8+.

Поглед однапред на Galaxy S8 и S8+ на кој е прикажана опцијата Пристапност

Дополнителна опрема

Сила и стил

Наполнете го вашиот Galaxy S8 или S8+ и пофалете се со својот стил со оваа внимателно избрана колекција на дополнителна опрема.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
Galaxy S8 се полни безжично на приспособлив безжичен полнач Приспособлив безжичен полнач
Видео во кое е прикажан приспособлив безжичен полнач во исправена положба, Galaxy S8 што слизнува во лежиштето и почнува да се полни безжично