Повеќето камери на паметните телефони работат најдобро во текот на денот. Но вашиот живот е постојано во движење. Затоа направивме револуционерна камера што работи и дење и ноќе и уште повеќе ја унапредивме за Galaxy S8 и S8+. Предната и задната камера на Galaxy S8 и S8+ се толку добро приспособени за да бидат сликите светли и јасни — дури и при слабо осветлување.

Предна камера

Селфи какво што треба да биде

Вклучете ја селфи-камерата и снимајте слики што сите ќе сакаат да ги споделат. Паметниот автофокус ги следи лицата, така што сите во кадарот ќе бидат во фокус, без оглед дали ги користите рацете или селфи-стапот. Подобрената multi-frame обработка на сликите го прави селфито посвежо и појасно.

*Слика на екран снимена со телефонот Galaxy S8 или S8+.

Предна камера
8MP
Леќа
F1,7
Паметен автофокус
AF
Galaxy S8 во рака во положба на пејсаж
  • Слика што прикажува селфи AF
  • Слика што прикажува лепенки

Задна камера

Фатете ја ноќта

Темнината не е никаков проблем за задната камера на Galaxy S8 и S8+. Светлите леќи F1,7 и 1,4 µm пиксели внесуваат повеќе светлина таму каде што ја нема доволно. Затоа тоа што го гледате е тоа што го добивате на сликата.

*Слика на екран снимена со телефонот Galaxy S8 или S8+.

Сензор Dual Pixel
12MP
Леќа
F1,7
Видео
4K
Слика на лице што шета под мост осветлено со светилки во ноќта
Слика на телефонот Galaxy S8 со празен екран
Слика на лице во слабо осветлен простор ноќе на екранот на телефонот Galaxy S8

Подготвени за акција

Кога сте доволно брзи да го фатите моментот, потребна ви е камера што е еднакво брза и фокусирана — како што е камерата на телефоните Galaxy S8 и S8+. Таа фокусира еднакво брзо како и вашите очи благодарејќи на сензорот Dual Pixel, светлите леќи и на широката бленда, и дава слики што се јасни и живописни.

*Слика на екран снимена со телефонот Galaxy S8 или S8+.

Слика на скејтер што брзо се движи во темнина на екранот на телефонот Galaxy S8
Слика на телефонот Galaxy S8 со празен екран
Слика на скејтер што брзо се движи во темнина на екранот на телефонот Galaxy S8

Спомени, кристално јасни

Ѕвездите се наредија за тој совршен момент, а благодарејќи на камерата на телефоните Galaxy S8 и S8+ тој момент сега може да биде ваш засекогаш. Оваа камера користи унапредена обработка на слики, прави повеќе слики и ги комбинира во една слика со висок квалитет. Сè што треба да направите е да го притиснете тастерот за снимање.

*Слика на екран снимена со телефонот Galaxy S8 или S8+.

Контури на проѕирен Galaxy S8
Матна слика на медуза во океан
Помалку јасна слика на медуза во океан
Многу јасна слика на медуза во океан

Задната камера е совршено во рамнина со површината за да се добие сериозно мазен профил.

Видео во кое е прикажана расклопената задна камера што се поставува во телефон така за да биде совршено во рамнина со задната страна на телефонот Galaxy S8
Слика на расклопен модул на камерата на телефонот Galaxy S8

Про-режим

Станете профи

Искористете го целиот потенцијал на врвните камери на телефоните Galaxy S8 и S8+ така што ќе го вклучите Про-режимот. Тој ви нуди можност да активирате кое било од шесте нагодувања: ISO, брзина на блендата, експозиција, нијанса на боите, мануелен фокус и WB (баланс на белата боја).

*Слика на екран снимена со телефонот Galaxy S8 или S8+.

Селективен фокус

Фокусирајте се на тоа што е важно

Со режимот на селективен фокус вие сте во можност да ја изберете длабочината на полето откако сте ја направиле сликата за да изберете кој фокус повеќе ви се допаѓа: во прв план, во заден план, или во двата.

*Слика на екран снимена со телефонот Galaxy S8 или S8+.

Филтрирани моменти

Соодветен филтер може да ја претвори фотографијата во ремек-дело. Користете ја опцијата Преглед и изберете некој од филтрите за да ја подобрите вашата фотографија пред да ја снимите.

*Слика на екран снимена со телефонот Galaxy S8 или S8+.

Food Mode

„Вкусни“ снимки

Направете вашите фотографии на храна да се истакнуваат во толпата. Food Mode ја прикажува најдобрата страна на вашиот ручек или десерт за да направите фотографии од кои оди вода на устата.

*Слика на екран снимена со телефонот Galaxy S8 или S8+.

Лесно е

На располагање имате толку многу опции и режими; сè што ви е потребно за да направите преубава фотографија ви е под прстите.

Слика на телефонот Galaxy S8 со празен екран
  • Play Повлечете горе / долу

    Префрлете на предната или на задната камера

  • Play Повлечете го затворачот

    Зголемување или намалување

  • Play Повлечете од левата страна

    Различни режими на фотографирање

  • Play Повлечете од десната страна

    Филтри, лепенки и печати

Фотографии со Samsung Galaxy S8 и S8+

Бидете инспирирани или импресионирани од вчудовидувачките фотографии снимени со телефонот Galaxy S8 и S8+.