Ова е Bixby. Сосема нов начин за користење на вашиот Galaxy S8 или S8+. Можете да користите говор, текст или допир за да му кажете што ви е потребно бидејќи тој ги разбира сите три начини. Кога ќе останете без зборови, отворете ја камерата и Bixby ќе бара за вас. Тој е интегриран во секој аспект на телефоните Galaxy S8 и S8+, така што може да работи задачи што вие обично ги работите на вашиот телефон, а истовремено и да го учи вашиот начин на работа за да станува сè подобар со текот на времето.

Лого на Bixby

Bixby ве поздравува

Дознајте повеќе за Bixby
  • Икона за функцијата Зборувај во Bixby
    Зборувај
  • Икона за функцијата Погледни во Bixby
    Погледнете
  • Икона за функцијата Препорачај во Bixby
    Препорачај
  • Икона за функцијата Потсети во Bixby
    Потсети

Притиснете за да го повикате Bixby

Притиснете за да преминете директно на почетната страна на Bixby, притиснете и држете за да разговарате со Bixby.

Слика на рака што држи Galaxy S8 каде што се гледаат три четвртини од уредот и каде што е прикажано наменското копче за Bixby од левата страна

Три начини за комуницирање, не само еден

Со оглед дека Bixby разбира говор, текст и потчукнување, може да го користите на оној начин што најмногу ви одговара во моментот. Исто така, може да го менувате начинот на комуникација секогаш кога ќе посакате.

*При покренување, гласовните контроли на Bixby ќе бидат интегрирани во некоја од вашите омилени основни апликации, a Bixby разбира инструкции на англиски, шпански, корејски и на кинески јазик.

Слика на корисник што користи Bixby со чукање по екранот на Galaxy S8
Рака што чука по екранот на Galaxy S8 за да му каже на Bixby што да прави

Приспособена е на начинот на кој го користите вашиот телефон

Притиснете го копчето за Bixby или повлечете надесно на заклучениот екран или од почетниот екран за да добиете зачувани, приспособени информации, како и директен пристап до апликациите што ви се потребни во дадениот момент, на даденото место и за дадената пригода. Колку што повеќе го користите вашиот телефон, толку подобри резултати добивате.

Повлечете надесно за да го проверите вашиот дневен распоред и за да го започнете денот како што треба.

Икона за утро Утро

Сите ваши потсетници се на дофат на рацете, само повлечете со прстот и никогаш повеќе нема да заборавите нешто важно.

Икона за вечер Вечер

Проверете колку чекори сте направиле и што работат вашите пријатели на интернет.

Икона за ноќ Ноќ
Снимка на почетниот екран на Galaxy S8
  • На страницата Здраво Bixby се прикажува календарот со дневниот распоред
  • На страницата Здраво Bixby се прикажува потсетникот со дневните потсетници
  • Страницата Здраво Bixby ја покажува здравствената картичка S со здравствената состојба на корисникот

Бидете потсетени во вистинско време и на вистинско место

Bixby нека ве потсети да ги навадите цвеќињата кога ќе се вратите дома или да возвратите повик кога ќе се вратите во канцеларија. Потсетниците, исто така, може да ви се прикажат на екранот AOD, на екранот на Bixby или на екранот на работ.

Потсетник на екранот на Galaxy S8 да се навадат цвеќињата кога корисникот ќе се врати дома