Samsung промоција: 5 години гаранција на вградени уреди за во кујна

Mногу нешта можат да се случат за пет години, затоа Ви даваме 5 години гаранција на Samsung вградените уреди за во кујна.

Важи од 01.04. дo 30.06.2019.

Samsung промоција: 5 години гаранција на вградени уреди за во кујна

Пет години е долг временски период и многу нешта можат да се случат во тој временски период. За да бидете безгрижни, ви подготвиваме промоција – 5 години гаранција на Samsung вградените уреди за во кујна кои ќе ги купите помеѓу 01.04. и 30.06.2019 година. 

 

Aко за време на подготовката на специјалитетот ви недостасува уште една рерна, за вас е NV75N5671RS Dual Cook Flex™! Oва е нашата најфлексибилна рерна, со флексибилна врата која овозможува подготовка на две јадења на две температури, со можност за пристап само на горната половина, а без прекинување на печењето во долниот дел од рерната. Искористете ја целосната флексибилност што доаѓа со горната и долната зона за печење, а со различни температури и временски подесувања, или користете ја целата рерна за подготовка на поголемо количество на храна. 

 

Револуцијата на миење садови започна со DW60M9550BB вградена машина за садови со WaterWall™ технологија! WaterWall™ технологијата ги чисти секој сад и агол, без губење на време или вода на претперење. Револуционерните перформанси за чистење се добиваат со создавање на ѕид од вода под висок притисок кој ги покрива тешко достапните места  на долниот дел на машината за садови, каде што често ги ставате највалканите садови. Со Zone Booster™ кој ефикасно ги отстранува тврдокорните остатоци од храна и Daily 55™ циклус на експресно миење и сушење само за 55 минути, ќе уживате во повеќе слободно време. 

 

Новиот вид на уживање во готвењето се вика NZ64N9777BK со Virtual Flame™ технологија! Единствената Virtual Flame™ технологија ви овозможува да уживате во интуитивно визуелната контрола и јасно и безбедно да го видите интензитетот на температурата на  индукциската плоча, покажувајќи ги со боја и осветлување виртуелниот LED пламен прецизното ниво на топлина за секоја зона на готвење. Со Flex Zone Plus добивате флексибилност за можете да готвите повеќе јадења заедно! Оваа исклучително широка, отворена површина ви нуди многу поголема флексибилност и ефикасност, а осмислена е за истовремено подготвување на повеќе јадења. Покрај тоа, ќе бидете сосема мирни со функцијата „безбедно исклучување“ која автоматски ги исклучува ринглите ако вие го заборавите тоа, и со „бравата за безбедност на децата“ каде со еден допир го заклучувате контролниот панел, оневозможувајќи децата случајно или намерно да ги вклучат ринглите.

 

Уживајте во врвната удобност на готвењето со NK24N9804VB Aспиратор со авто вклучување*. Aспираторот автоматски се вклучува веднаш штом ќе почнете со готвењето, обезбедувајќи ви пријатна и здрава средина во текот на готвењето. Преку автоматскиот сензор се оптимизира брзината на вентилацијата, а по завршување на готвењето, системот го одржува вклучен вашиот аспиратор уште 10 минути поради отстранување на заостанатата пареа. Речиси нечујниот моќен систем за вентилација со капацитет на вшмукување од 729 кубни метри на час овозможува многу брзо и тивко отстранување на испарувања, чад и мириси од кујната. Со контролата со допир можете брзо да ги прилагодите подесувањата, а неговиот премиум дизајн ќе ви ја разубави кујната.

 

* Aспираторот може да се поврзе со NZ64N7757GK индукциската плоча 

 

Подготвувајте повеќе јадења одеднаш со NZ64N7757GK индукциската плоча со Flex Plus зона и WiFi поврзување! Во Flex Plus зоната лесно гответе повеќе јадења, користејќи повеќе садови. Оваа исклучително широка, отворена површина ви нуди многу поголема флексибилност и ефикасност, а осмислена е за истовремено подготвување на повеќе јадења. Moже да прими голем број на садови, и дури и ги препознава нивниот број, големина и форма. На овој начин, јадењата се готват рамномерно со минимално користење на енергијата. Aко сакате, со WiFi поврзување можете далечински да ја надгледувате плочата во било кое време и било каде. Загрејте ја ринглата, проверете ја температурата или исклучете ја, затоа што со WiFi поврзувањето и апликацијата не само што го штедите скапоценото време, туку можете да ги контролирате и ринглите во било кое време и било каде.

 

Комплетната листа со производи побарајте ја на страницата samsung5godinigarancija.mk и изберете ги оние коишто најмногу недостасуваат во Вашиот дом. 

 

За да остварите право на 5 години гаранција, уредот мора да биде регистриран на веб страницата samsung5godinigarancija.mk најдоцна 60 дена од денот на купувањето.