Промоција на бела техника: ПАМЕТНА ПРЕСМЕТКА

Заштедете од 4.000 до 17.000 денари со купување на одредени уреди бела техника од понудата на Samsung
Važi od 18/05/2018 do 17/06/2018 Isteklo
Промоција на бела техника: ПАМЕТНА ПРЕСМЕТКА

Заштедете од 4.000 до 17.000 денари со купување на одредени уреди бела техника од понудата на Samsung. Ако сакате да внесете новитет во домот, а притоа да заштедите, Samsung ја има вистинската понуда за вас!

 

Со купување на одбрани модели Samsung машини за перење со енергетска ефикасност А+++,  машини за перење и сушење на алишта или ладилници со “NO FROST“ технологија, добивате уреди кои ги задоволуваат највисоките стандарди на енергетска ефикасност, а воедно и значително ја намалувате потрошувачката на електрична енергија.

Со понудата на Samsung и со купување на некој од овие одбрани уреди во рамки на времетраењето на промоцијата, можете да заштедите фантастичен износ од 4.000 до 17.000 денари!

 

Toа не е сè! Со купениот уред добивате и гаранција на пет години.

 

Со „No frost“ технологијата на Samsung ладилниците, заборавете на непријатностите при собирањето на ледот и на здодевното одмрзнување. „No Frost“ технологијата го подобрува протокот на воздух и одржува постојана температура во сите делови на ладилникот, со што се спречува создавањето на лед. Samsung ладилниците со нивниот совршен дизајн одлично ќе се вклопат во вашата модерна кујна, а организацијата на просторот во самиот ладилник со продолжената свежина на намирниците, ќе ви донесе повеќе место и полесна достапност на храната и пијалоците.


Со големиот број иновации кои перењето го прават попаметно и побрзо, Samsung машината за перење на алишта e eлегантна и одлично се вклопува во вашиот дом. Благодарение на примената на најсовремените постигнувања, машината за перење на алишта со “QuickDrive™“ технологија го намалува времето потребно за перење и до 50%, а потрошувачката на енергија до 20%, без притоа да ја загрози ефикасноста на перењето. “Q-Drum™“ е составен од главен барабан и позадинска плоча кои се вртат независно, со чија помош облеката се врти подинамично, придвижена од двојни сили. Резултатот на ова е брзо и моќно, но сепак нежно перење.
Teхнологијата на “AddWash™“ вратата ви овозможува едноставно и брзо да ја додавате заборавената облека по почетокот на циклусот на перење.
“EcoBubble™“ технологијата ви овозможува моќно чистење на секаков вид дамки, дури и при перење на ниски температури. Детергентот се претвора во меурчиња, брзо поминува низ ткаенината и нечистотиите едноставно се отстрануваат. Истовремено, бојата и материјалот на вашата облека е заштитен, а со користење на оваа технологија штедите и електрична енергија!
Во оваа промоција вклучени се и модели на комбинирани (2 во 1) машини, како и машини за перење и сушење на алишта.

 

За сите уреди опфатени со оваа промоција, Samsung ви овозможува гаранција од 5 години, како и 10 години гаранција на моторот со дигитален инвертер.

 

Понудата важи кај званичните партнери:

View table of Модели вклучени во оваа промоција