Мобилни телефони Samsung Galaxy S9 и S9+
Galaxy S9 | S9+
Претставуваме
Galaxy S9 | S9+
Камера Сосема нова.


Револуционерна камера што се приспособува како човечкото око.

*Слика Galaxy S9+.
Двојна бленда
Направи фотографии што оставаат без здив еднакво на дневна светлина и на исклучително слабо осветлување.
Нашата двојна бленда има леќа што се приспособува како човечкото око. Таа е способна со леснотија автоматски да се менува во согласност со различните услови на осветлување – благодарение на тоа фотографиите изгледаат одлично и на светлина и во темница, и дење и ноќе.
*Двојна бленда ги поддржува режимите F1.5 и F2.4. Инсталирана на задната камера (S9)/на задната широка камера (S9+).
-
Режим на бленда F1.5
Кога е темно, леќата се отвора до F1.5 за да пропушти светлина за светла и јасна фотографија.
-
Режим на бленда F2.4
При дневна светлина леќата се префрла во режимот F2.4 за да помогне фотографијата да изгледа остро.
Фотографии при слабо осветлување
Камера што генијално функционира во темница.
Режимот на блендата од F1.5 пронаоѓа светлина дури и во темница. Благодарение на тоа оваа камера за сликање при слабо осветлување дава живописни фотографии до доцна во ноќта. Тоа значи дека камерата може слободно да остане во градот и откако ќе се стемни.

Но тоа не е сè
Супер забавена снимка
Камера што го забавува времето правејќи ги епски секојдневните моменти.

*Супер забавената снимка ја поддржува само HD-резолуцијата. Оваа опција е ограничена на 20 кадри по снимка со околу 0,2 секунди снимка и 6 секунди репродукција за секоја снимка.
Додади музика Направи GIF. Заработи лајкови.
Супер забавената снимка ти овозможува да видиш работи што инаку би ги пропуштил додека трепнеш. Додади видео за музика или претвори го во GIF што се повторува и шерувај го со едноставен клик. Потоа релаксирај се и гледај како пристигнуваат реакциите.

AR Emoji
Камерата те претвора во emoji така што стануваш сосема нов „ти“.
Направи своја виртуелна верзија со едноставно селфи. Потоа сподели ја својата реакција во реалниот живот како лепенка emoji или видеоснимка.


Искажи ги своите чувства со лепенките AR emoji.
Оживеј ги своите допишувања со лепенки AR emoji и со видеоснимки.
*Апликации што не поддржуваат анимирани GIF, сепак, може да пратат лепенки AR emoji како слика.

Преведување во живо
Камера што може да прочита сè додека трепнеш.
Преводите ги добиваш во реално време кога ти се потребни. Преведувањето во живо ти овозможува да го видиш светот на нов начин.
*Достапноста на оваа функција може да се разликува во зависност од државата.
*Неопходно е пријавување на Samsung налогот и на мрежата (Wi-Fi или интернет-конекција). Брзината на преведување може да се разликува во зависност од интернет-врската и бројот на зборови. Оваа функција е ограничена на избраните јазици. Детален список на јазиците може да се види на:
http://www.samsung.com/global/galaxy/apps/bixby/vision/.





Паметно скенирање
Камера што веднаш те препознава.
Паметното скенирање е нова технологија што го комбинира препознавањето на лицето и скенирањето на очите за да биде поедноставно отклучувањето на телефонот, дури и при слабо осветлување.
*Сликата служи само како илустрација.
*Прецизноста на паметното скенирање може да се разликува во зависност од условите на опкружувањето.



Искуство за работа на повеќе уреди
Подели го својот екран на твои други екрани Samsung без никаква мака.
Сликите и видеоснимките може да ги поделиш лесно синхронизирајќи го уредот преку својот Samsung налог. Така може да бидеш дома дури и кога си на некое друго место.
*Сликата служи само како илустрација.
*Достапноста на оваа функција може да се разликува во зависност од државата, операторот, мрежното опкружување или производот.



Безконечен екран
Телефон со неограничен дисплеј.
Види ги фотографиите и видеозаписите
така како што сакаш да ги видиш: на преубавиот екран од работ до работ.
*Сликата служи само како илустрација.
*Безконечен екран: целосно фронтално стакло од работ до работ без рамка.



Звучници со технологија Oпкружувачки звук
Телефон чиј звук го дополнува просторот со помош на ефектот AKG Dolby Atmos.
Може јасно да ја слушнеш акцијата благодарение на јасниот звук од стереозвучниците AKG. Дополнителниот ефект Dolby Atmos испорачува богат и живописен звук, давајќи ти доживување на гледање на видеото како во кино.

Дополнителна опрема
Многу начини да ставиш личен печат на телефонот.
Заштити го својот телефон со богатата понуда на модерни футроли.
*Додатоците се продаваат посебно. Достапноста на дополнителната опрема може да се разликува во зависност од државата.





Новостите што ги воведовме ќе го сменат начинот на кој го доживуваш светот околу себе.
