Дополнителна опрема | Samsung Galaxy S9 и S9+ |

Дополнителна опрема

* Дополнителната опрема се продава одвоено.  Достапноста може да варира во зависност од државата или од операторот.

Postolje za bežično punjenje u crnoj boji sa Galaxy S9+ koji se puni na njemu

Футроли

Стоечка футрола Clear view

Заштити го целиот телефон со можност да им пристапиш на функциите. Можеш да одговориш на нотификациите и лесно да го провериш својот AOD низ проѕирната футрола што секогаш останува провидна благодарение на посебната изработка што спречува оставање отпечатоци.  Додека гледаш филм, свиткај ја футролата за поудобен поглед.

Види ја стоечката футрола Clear view за Galaxy S9      
Види ја стоечката футрола Clear view за Galaxy S9+      

Футрола LED View

Благодарение на футролата LED View не мора да гледаш директно во екранот за последните нотификации.  Таа ти дава можност да ги прочиташ известувањата низ футролата и ти овозможува да избереш персонализирани икони што ги пополнуваат твоите известувања.

Виолетова: Футрола LED View во виолетова боја
Црна: Футрола LED View во црна боја
Виолетова: Футрола LED View во виолетова боја
Црна: Футрола LED View во црна боја

Футрола Alcantara

Додади слој на врвна заштита за твојот нов Galaxy S9 или S9+ со футрола Alcantara. Ткаенина што често се среќава во внатрешноста на луксузните автомобили, со мека текстура што потсетува на еленска кожа што на твојот телефон му дава заштита и пријатност при допир.

Црна: Футрола Alcantara во црна боја  
Сина: Футрола Alkantara во сина боја  
Црвена: Футрола Alcantara во црвена боја  
Мента: Футрола Alcantara во боја на мента  
Црна: Футрола Alcantara во црна боја  
Сина: Футрола Alkantara во сина боја  
Црвена: Футрола Alcantara во црвена боја  
Мента: Футрола Alcantara во боја на мента  

Заштитна стоечка футрола

Кога е потребна издржлива заштита што, сепак, е модерна, ова е футрола за тебе.  Тестирана е на паѓање и доби оцена што е достојна за воена опрема.* Освен тоа, може да ја опремиш со база што се одвојува за гледање содржини под удобен агол во положена положба.

*Во согласност со MIL-STD-810G-516.7.

Црна: Заштитна стоечка футрола во црна боја
Сребрена: Заштитна стоечка футрола во сребрена боја
Црна: Заштитна стоечка футрола во црна боја
Сребрена: Заштитна стоечка футрола во сребрена боја

Футрола Hyperknit

Додади му спортски дух на својот телефон Galaxy S9 или S9+ со футролата Hyperknit. Изработена е од ист материјал како твоите омилени патики.  Оваа лесна ткаенина обезбедува удобно и лесно држење без дополнителна тежина на телефонот.

Сива: Футрола Hyperknit во сива боја
Црвена: Футрола Hyperknit во црвена боја
Сива: Футрола Hyperknit во сива боја
Црвена: Футрола Hyperknit во црвена боја

Силиконска футрола

Силиконската футрола, мека и супер мазна на допир, го подобрува држењето и заштитата на твојот телефон Galaxy S9 и S9+. Достапна е во неколку бои што го дополнуваат дизајнот.

Четири телефони Galaxy S9 по еден во секоја боја на силиконската футрола: црна, сива, сина, розова
Четири телефони Galaxy S9+ по еден во секоја боја на силиконската футрола: црна, сива, сина, розова

Можност за поврзување

DeX-станица

Сè што ти е потребно за замена на работењето на десктоп-компјутер се твојот Galaxy S9 или S9+, DeX-станица и монитор.  Ова е подобро од самото прикажување на содржината на телефонот на телевизорот бидејќи DeX ти овозможува да го користиш својот телефон како таблет што е чувствителен на допир.  Така може брзо да нагодиш и да ги прегледаш е-пораките, да сурфаш на интернет и уште многу други работи на голем екран.

*Се препорачува користење на оригинален HDMI-кабел и полнач со DeX-станица.

*Достапно на избраните мобилни телефони Samsung со Android 8.0+.

Animacija Galaxy S9+ telefona kako se povezuje na DeX stanicu i monitor koji se uključuje i pokazuje Samsung DeX GUI
Galaxy S9+ telefona se povezuje na DeX stanicu i monitor koji se uključuje i prikazuje Samsung DeX GUI
Galaxy S9+ telefona se povezuje na DeX stanicu i monitor koji se uključuje i prikazuje Samsung DeX GUI

Напојување

Безжична база за полнење

Кога батеријата ти е на резерва, последно што би посакал е потрага за кабел за напојување.  Едноставно постави го својот Galaxy S9 или S9+ на безжичната база за полнење за да се наполни.  Не мора дури ни да престанеш со гледање или со праќање пораки, оваа база го држи телефонот под удобен агол додека се полни.

*Безжичниот полнач, кабелот за напојување и адаптерот се продаваат посебно.

*За безжичниот полнач е потребен приклучок за напојување.

Црна: Види ја безжичната база за полнење во црна боја
Црна: Galaxy S9+ на безжичната база за полнење во црна боја
Бела: Galaxy S9+ на безжичната база за полнење во бела боја

Приспособлив безжичен полнач

Убав и функционален, приспособлив безжичен полнач. Користи го како база и постави го својот телефон на него или како потпирач за да стои твојот телефон под оптимален агол за гледање содржини.  Плус, тој е пренослив така што може лесно да го понесеш со себе.

*Безжичниот полнач, кабелот за напојување и адаптерот се продаваат посебно.

*За безжичниот полнач е потребен приклучок за напојување.

Црна: Види го приспособливиот безжичен полнач во црна боја
Црна: Galaxy S9+ на приспособливиот безжичен полнач во црна боја
Кафеава: Galaxy S9+ на приспособливиот безжичен полнач во кафеава боја

Екстерна батерија

Кога си во движење, а на видик никаде нема штекер, приклучи го својот Galaxy S9 или S9+ на оваа екстерна батерија за да му дадеш дополнителна енергија. Доволно е компактна за да ти собере во џебот или во торба, а дава силен поттик со капацитет од 5100 mAh.

5100 mAh
Сина: Battery Pack во сина боја / Бела: Battery Pack во бела боја  

Аудио

Слушалки AKG

Што и да слушаш, сакаш јасно да го слушнеш тоа, како да си среде студио.  Слушалките што ги потпишува AKG имаат високотонец со 11Φ и нискотонец со 8Φ за да дадат појасен, поживописен звук.  А со ергономскиот дизајн што подобро ти стои во увото може лесно да потонеш во светот на својата омилена музика. 

Поглед одблиску на слушалките што ги потпишува AKG каде што се гледаат бубачките и регулаторот на јачината на звукот.