Дизајн и дисплеј | Samsung Galaxy S9 i S9+
Galaxy S9 | S9+
ДИЗАЈН


Безконечен екран
Види повеќе. Држи помалку.
Прошири го погледот со овој грандиозен дисплеј од работ до работ што удобно ти лежи во раката. Рабовите се благо закривени овозможувајќи поглед што изгледа неограничено со минимални визуелни пречки.
*Безконечен екран: целосно фронтално стакло од работ до работ без рамка.
*Екранот измерен дијагонално како полн правоаголник не земајќи ги предвид заоблените агли.
*Мерено дијагонално, димензиите на екранот на Galaxy S9 изнесуваат 5,8 инчи кога се мери како полн правоаголник и 5,6 инчи кога ќе се земат предвид заоблените агли, димензиите на екранот на Galaxy S9+ изнесуваат 6,2 инчи кога се мери како полн правоаголник и 6,1 инчи кога ќе се земат предвид заоблените агли.
*Мерено дијагонално, димензиите на екранот на Galaxy S9 изнесуваат 146,5 mm (5,8 инчи) кога се мери како полн правоаголник и 143,3 mm (5,6 инчи) кога ќе се земат предвид заоблените агли, димензиите на екранот на Galaxy S9+ изнесуваат 158,1 mm (6,2 инчи) кога се мери како полн правоаголник и 154,5 mm (6,1 инчи) кога ќе се земат предвид заоблените агли.



0.0 ”
Galaxy S9 570ppi



0.0 ”
Galaxy S9+ 529ppi

Поглед што остава без здив
Прифати го искуството на гледање на голем екран.
Односот на димензиите 18,5:9 ти носи вистински кинематографски поглед. А стереозвучниците од AKG и унапредениот Dolby Atmos нудат чист звук што рамномерно го исполнува просторот.

Напредно подобрување на контрастот
Види ги своите фотографии така како што е предвидено да бидат видени.
Гледај ги своите фотографии и видеоснимки полни со живот на овој светол дисплеј. Екранот го зголемува контрастот кога си надвор – така што твоите пријатели и ти можете да ги видите сите неверојатни детали на екранот сред бел ден.
*Опцијата Автоматска осветленост мора да биде вклучена во менито Нагодувања.


Целосно единство
Невидливите детали прават голема разлика.
Елегантно и неверојатно. Екранот и работ се стопуваат во едно за да дадат елегантен дизајн. Истовремено, скенерот на окото е скриен во горниот раб за да се стави акцент на безконечен екран.


Дизајн од задната страна
Дизајниран да се држи во рака.
Galaxy S9 и S9+ имаат преубав дизајн што е замислен удобно да ти лежи во раката. Камерата е совршено во рамнина со задната страна за да се добие измазнета површина. Сензорот за отпечатоците на прстите е ергономски поставен така што овозможува да го отклучиш телефонот со еден едноставен допир.

Што има во кутијата.
*Содржината на кутијата може да се разликува во зависност од државата или од операторот.
