Перформанси | Samsung Galaxy S9 и S9+

Перформанси

Slika prikazuje hardver koji se krije unutar Galaxy S9+ izbliza

Стереозвучниците се професионално нагодени од компанијата AKG

Доживеј генијален звук.

Слушни ја акцијата појасно и погласно на стереозвучниците AKG.  Тие ти носат чист звук што е 1,4 х помоќен во споредба со претходните телефони Galaxy.

AKG logotip

Dolby Atmos

Нурни се во звукот.

Пристигна нова димензија на звукот.  Dolby Atmos те опкружува со тридимензионалниот звук, ставајќи те во центарот на доживувањето како во кино.

Slika čoveka koji gleda sadržaj na Galaxy S9+

Samsung Knox

Блокирај ги лошите ликови на секое ниво.

Заштити ги своите чувствителни податоци од љубопитните очи со безбедноста што ја нуди Samsung Knox. Оваа заштита е вградена во телефонот од нивото на чип за Galaxy S9 и S9+ да бидат заштитени до јадрото.

Хардверска основа за доверба

Безбедно стартување и сигурно стартување

TIMA

SE за Android

Ilustracija koja prikazuje pet slojeva zaštite sa Samsung Knox: Hardverska osnova poverenja, Bezbedno pokretanje i Pouzdano pokretanje, TIMA, SE za Android, Knox Container.

Knox Container

Паметно скенирање

Инстант-отклучување кога и каде што сакаш.

Пристапи му на својот телефон со леснотија благодарение на технологијата што го комбинира препознавањето на лицето и скенирањето на окото. Кога за препознавањето на лицето е потребна помош, скенирањето на окото доаѓа на помош за да потврди дека навистина тоа си ти.   Со тоа твојот телефон може да те препознае и при слабо осветлување.

*Прецизноста на паметното скенирање може да се разликува во зависност од условите на опкружувањето.

Person’s face with illustrated overlays depicting face recognition and iris scan
Person’s face with illustrated overlays depicting face recognition and iris scan
Person’s face with illustrated overlays depicting face recognition and iris scan

Face

Iris

Отклучи го телефонот со поглед, клик, шаблон или со PIN. На располагање ти е богата понуда на опции што ќе го држат твојот телефон заклучен додека го сакаш тоа.

 

Ирисот на окото

 

Лице

 

Отпечаток од прст

 

Образец

 

Лозинка

 

PIN

Техника каква што очекуваш од уредите Galaxy.

Тоа што за другите е иновативно, за Galaxy е веќе дел од основната понуда. Корисните опции, како што се водоотпорноста и безжичното полнење, се мали работи што може да донесат голема промена во твојот секојдневен живот.

Отпорност на вода и на прав

Направи разлика со својот водоотпорен телефон.

Немој да се плашиш да излезеш надвор и да се намокриш.  Galaxy S9 и S9+ имаат степен на заштита IP68, што значи дека не мора да престанеш со праќање пораки или фотографирање поради дожд.

*Степен на заштита IP68. Засновано врз пробни услови на потопување до длабочина од 1,5 m слатка вода во текот на 30 минути. Измиј ги остатоците/исуши ако е влажен.

Galaxy S9+ okružen prskanjem vode
water and dust resistance on samsung galaxy s9 or s9+

Безжично полнење

Полнењето нема да те врзе за едно место.

Немој да се плеткаш со кабли за полнење.  Постави го својот телефон на безжичниот полнач и наполни го лесно. Со оглед на тоа дека полначот го држи твојот телефон под пријатен агол, може да продолжиш со гледање видеа и праќање пораки.

*Безжичниот полнач, кабелот за напојување и адаптерот се продаваат посебно.

*За безжичниот полнач е потребен приклучок за напојување.

Galaxy S9+ se puni na bežičnom postolju za punjenje u crnoj boji

AP and RAM

Префрли од една во друга апликација за момент.

Вклучи игричка, види туторијал или праќај пораки додека гледаш натпревар. Што и да работиш, тоа ќе биде сработено без прекинување и лесно благодарение на моќната комбинација на мобилниот процесор и на RAM-меморијата.

Slika Galaxy S9+ hardvera iz velike blizine

Меморија што може да се прошири

Ќе заборавиш како изгледа кога ќе ти снема простор.

Кога ти е потребен поголем капацитет на меморија за сите твои фотографии и документи, едноставно стави ја картичката microSD за и до дополнителен простор од 400 GB.

* Картичката MicroSD се продава посебно.

* External Memory may be used to store media (photos, video, and music files) but not applications.

Close-up of Galaxy S9+ with SIM tray ejected and Samsung 256GB microSD card inserted
 

Тоа е како да имаш два телефона во еден.

Стави ја локалната SIM-картичка кога одиш на одмор и задржи го својот домашен број поврзан со опцијата Dual SIM. Или на ист телефон користи одвоени броеви за работа и за приватниот живот.

*SIM-картичката се продава посебно.

*Достапноста на услугата Dual SIM може да се разликува во зависност од државата или од операторот.

Izbačeno SIM ležište u kojem su dve SIM kartice

Wi-Fi и LTE

Кога е важна брзината.

Поздравете се со долготрајно вчитување.  Благодарение на LTE-брзините до 1,2 Gbps може да преземате и да гледате содржини во живо без прекинување.

*Вистинската брзина може да се разликува во зависност од државата или од операторот.

Slika prikazuje brzinu Wi-Fi i LTE

Samsung DeX

Целиот свет направи го своја канцеларија.

Ако сакаш доживување на работење како на десктоп-компјутер, претвори го својот Galaxy S9 или S9+ во табла што е чувствителна на допир така што ќе го поврзеш со DeX-станица и со монитор. Пристапи им на фотографиите и на документите на телефонот и прегледај ја е-поштата, сурфај на интернет и многу повеќе од тоа, на голем екран.

*Се препорачува користење оригинален кабел HDMI и полнач со DeX-станица.

*DeX-станицата, дополнителната опрема и мониторот се продаваат посебно.

*Достапно на избраните мобилни телефони Samsung со Android 8.0+.

 
Pogled odozgo na sto sa Galaxy S9+ povezanim na DeX postolje i Samsung monitor