See nothing else
Гледај го само тоа што го сакаш

Ви го претставуваме QLED ТВ за 2018.

2018 samsung qled tv kv Гледај го само тоа што го сакаш
TВ што може сè!
Tри едноставни збора: Ненадминато искуство на гледање.
Тоа е сè што ни е потребно за да ги сумираме нашите идеи коишто доведоа до развој на QLED телевизорот. Нема повеќе пречки. Само забава за твоите очи.
 

qled tv modeli

Повеќе ништо не стои
помеѓу тебе и твојот ТВ

Oдамна поминаа деновите кога сите се туркаа да гледаат телевизија на мал и темен екран опкружени со врева. Samsung успеа во потфатот да развие телевизор којшто овозможува пријатно гледање од поголемо растојание, со голем екран и со милијарда бои, коишто прават сè што гледаш да ти делува реално. Сега исто така можеш полесно да управуваш со своите уреди со помош на еден далечински управувач и со својот глас да остваруваш интеракција со телевизорот. И покрај сите овие достигнувања, новиот QLED телевизор зa 2018 совршено ќе се вклопи во ентериерот на твојот дом благодарение на неизмерните напори на компанијата Samsung да постигне совршенство во изработката. Број 1 веќе дванаесет години по ред во категоријата глобален ТВ, ⓒFuturesource Consulting

qled video dizajn video sličica
QLED TV Q Picture video sličica
QLED TV Q Style video sličica
QLED TV Q Smart video sličica
Нашето решение: го користиме само најдоброто
Што е потребно за совршен телевизор? Сите извонредни опции кои што ги сакаат корисниците, во комбинација со најнапредната технологија за репродукција на слика. Нашиот одговор е новиот QLED телевизор. Новиот Samsung QLED телевизор за 2018 носи неверојатно искуство на гледањето во твојот секојдневен живот, од нашиот до сега најдобар квалитет на сликата до интуитивните паметни опции и прекрасниот дизајн со којшто можеш да се гордееш.
 

Повеќе од милијарда нијанси

Q Color

Oд едноставен процес на претворање на светлината во боја создадовме нешто навистина посебно благодарение на нашата револуционерна Quantum dot технологија. Додадовме светлина во равенката и овозможивме приказ на милијарда бои со стопостотен волумен.

qled tv 2018 q color

Во секое време, при било кое осветлување

Q Contrast

Сети се само на оние моменти кога не можеше да ја видиш сликата на екранот од својот телевизор. Понекогаш имаше премногу сончева светлина во просторијата. Понекогаш немаше доволно. Новите QLED телевизори зa 2018 прават таквите ситуации да станат дел од минатото, со подлабоките и потемните црни бои коишто го нагласуваат секој детал. Повеќе не е важно колку е осветлена просторијата.

qled tv q contrast

Види подалеку oд сенките

Q HDR 2000/1500/1000

Понекогаш едноставно не можеш да видиш што е на твојот сопствен телевизор. Особено кога се прикажува некоја темна сцена со сенки. Q HDR е направен благодарение на нашата комбинација на стручност и HDR10+ технологијата како би ти донел поширок спектар на осветленост и контраст за оживување на сите нијанси на сликата.

qled tv q contrast

Гледај слика, не телевизор

Нашата филозофија на дизајн е сето она што го одвлекува вниманието да го скриеме, така да фокусот биде само на сликата со екранот. Затоа се ослободивме од вообичаените работи коишто најмногу ни го одвлекуваат вниманието, како што се неуредни кабли, дури ни црниот екран повеќе нема да му пречи на погледот во твојот дом. Слобода на простор, слобода на чисто уживање.

Image
qled tv Гледај слика, не телевизор

Без црн екран на исклучен телевизор

Aмбиентален начин на работа

Со новиот амбиентален начин на работа, можеш да го унапредиш дизајнот на својата дневна соба со декоративни содржини, корисни информации или со свои фотографии. Нема ни да го приметиш телевизорот на ѕидот затоа што совршено се вклопува во твојот декор, а може да пушта и лесна позадинска музика.

Image
qled tv Aмбиентален начин на работа

Еден далечински е сè што ти треба

Една далечинска контрола

Еден тенок далечински управувач е доволен за управување со сите твои поврзани уреди. Престани да пребаруваш по собата во потрага за далечинскиот и помини повеќе време во гледање. Автоматски ќе го видиш името на уредот на екранот. Пронаоѓањето на поврзаниот уред штотуку стана многу поедноставно.

qled tv Една далечинска контрола

* Реалниот производ и далечинскиот управувач можат да се разликуваат од прикажаната слика.
* Важи само за компатибилни уреди.

SmartThings, неограничени можности

SmartThings

SmartThings ти помага полесно да се поврзеш со најразличните паметни уреди, од твојот фрижидер до мобилниот телефон, овозможувајќи ти интуитивен начин да преземеш целосна контрола над својот дом, и повеќе од тоа. Доживеј го искуството на поврзани уреди.

qled tv smartthings

* Паметните услуги и GUI (графички кориснички интерфејс) можат да се разликуваат во зависност од моделот и регионот.
* Уредите коишто се компатибилни со SmartThings можат да се разликуваат во зависност од регионот.