Создадени за начинот на кој го водите Вашиот бизнис

Мобилност во претпријатијата. Мрежи. Дисплеи. Полуспроводници. Информациски технологии. Ние сме глобални лидери во сите овие полиња. И ја споделуваме оваа широка експертиза со Вас. Нашите иновации. Нашите партнерства. Нашите сеопфатни решенија. Сè за да го зголемите потенцијалот на иднината на работата.

Бескрајно иновираме

Се стремиме кон извонредност секој ден. Не затоа што можеме, Туку затоа што мораме. Подобрувањето се потпира на моќни, значајни иновации. Токму затоа придвижуваме 5G. Токму затоа неуморно инвестираме во истражувањето и развојот. Токму затоа нашите технологии се оние кои ја создаваат иднината.

Посветени сме на безбедноста

Нула толеранција. Тоа е нашиот пристап кон безбедноста. Само врвниот степен на безбедност ги исполнува нашите стандарди. Нашата супериорна Samsung Knox заштита ја вградуваме во секој Galaxy мобилен уред, од чипсет до јадро и од софтвер до хардвер, пружајќи целосен спокој на умот*. Затоа што не постои такво нешто како преголема претпазливост.

Остануваме со отворен ум

Некои се затвораат, а нам ни е подобро со отворен ум. Така доаѓаме до нови идеи. Така остануваме агилни. Создаваме посилни соработки. Градиме глобални алијанси со водечки технолошки партнери. А ова претставува многу повеќе од само начин на размислување. Нашата отворена архитектура значи дека Samsung производите работат и со Вашите други уреди и системи.

Неуморно придвижуваме 5G

Страст за извонредност. Разгорува сè што правиме. Токму затоа нам не ни е доволно само да бидеме подготвени за 5G; наместо тоа, ја поттикнуваме целата 5G револуција. Го водиме напредокот кон облачни системи, беспрекорни мрежи кои оживуваат со AI, виртуелни машини и сè повеќе поврзани уреди.

Со нас следната дигитална револуција ќе стане реалност.

Создаваме партнерства со најдобрите

Преку соработка со глобални бизниси и независни продавачи на софтвер, произведуваме иновативни сеопфатни решенија за деловна употреба и многу повеќе.

ИБМ

ИБМ технологијата овозможува комуникација преку витална носечка технологија за итните служби.

работник за итни случаи користи Samsung деловен телефон во амбуланта работник за итни случаи користи Samsung деловен телефон во амбуланта

Microsoft

Како Samsung XCover Pro може да им помогне на работниците во првите редови? Едноставно, со Walkie Talkie карактеристиката во Microsoft Teams; опцијата да „притиснете и говорите“ Ви овозможува гласовна комуникација преку облакот.

Samsung Galaxy телефон поврзан со компјутер преку Samsung DeX за бизниси Samsung Galaxy телефон поврзан со компјутер преку Samsung DeX за бизниси

Програма Knox Partner

Подготвени сте да се обидете со нешто ново во областа на решенијата за претпријатија? Амбициозните независни продавачи на софтвер им даваат моќ на нашите алатки, ресурси и иновативниот развој на производите.

две лица се ракуваат за време на деловна средба две лица се ракуваат за време на деловна средба

Го трансформираме начинот на кој функционира работата

Harley-Davidson Praha

„Samsung го поедностави целиот процес на приспособување телефони. Кога вработените ги отпакуваа телефоните, сѐ беше веќе поставено. Откако телефоните беа регистрирани на облакот, Knox Configure ни овозможи да се погрижиме за останатото.“
- Микал Шестак, извршен продуцент и проект менаџер

Вработени во фирмата „Harley-Davidson“ разговараат надвор Вработени во фирмата „Harley-Davidson“ разговараат надвор

ФМС

„Samsung е единствениот врвен партнер на пазарот којшто може да ги понуди робусните уреди кои ни требаат да ги користиме додека сме во возилата, како и контролата на користењето со Samsung Knox технологијата.“
- ФМС, диспечерски решенија за такси возила и изнајмени автомобили

жена користи Samsung телефон за да повика такси возило жена користи Samsung телефон за да повика такси возило

Abellio ScotRail

„Она што го донесе Samsung е едно ниво на флексибилност коешто ни овозможи соодветно да правиме планови и ангажмани со вработените.“
- Алан Менкларк, раководител на ИТ

вработени во железницата користат Samsung бизнис мобилни телефони на работа вработени во железницата користат Samsung бизнис мобилни телефони на работа