Водич за купување телевизор

Што е
Паметен ТВ?

Дали некогаш си посакал телевизор кој
не само што ја има содржината што ја сакаш
туку може и да ја најде наместо тебе? Ајде да видиме што може да прави
еден паметен телевизор.

Што значи паметен телевизор?

Многу луѓе ја бараат дефиницијата за паметен телевизор на интернет. И додека различни сајтови имаат различни мислења, сепак заедничко за сите е тоа што паметните телевизори може да се поврзуваат на интернет, работат со оперативен систем и доаѓаат со сопствени апликации.

Накратко, телевизија + интернет + апликации = паметен телевизор.

Паметниот телевизор е во средината, иконата за интернет е на левата страна, а иконата за апликации на десната, и тие ги означуваат карактеристиките на паметниот телевизор. Паметниот телевизор е во средината, иконата за интернет е на левата страна, а иконата за апликации на десната, и тие ги означуваат карактеристиките на паметниот телевизор.

Пет совети за купување паметен телевизор

Разновидна содржина

Најголемата вредност на паметниот телевизор е можноста да се ужива во содржина покрај онаа на ТВ каналите. Со паметен телевизор ги добиваш твоите омилени VOD услуги, како Netflix, Amazon, YouTube плус услуги за стриминг на музика како Spotify, па дури и разни игри и спортска содржина, за да уживаш како што сакаш. На паметниот телевизор се достапни дури и платени кабловски и сателитски програми - само треба да ја инсталираш апликацијата која ја обезбедува кабловската или сателитската компанија.

* Потребно е интернет конекција и претплата за содржина.

Брзо пребарување

Без оглед на тоа колку многу содржина има, важно е дека може веднаш да се најде. Со неограничено многу содржина која е достапна онлајн, не е лесно да избереш што да гледаш. Затоа е важно да имаш практична функција за пребарување.

На паметен телевизор се прикажани видеа во кои може да уживаат корисниците преку разните услуги за стриминг на видеа. На паметен телевизор се прикажани видеа во кои може да уживаат корисниците преку разните услуги за стриминг на видеа.

Препорачана содржина

Друг важен момент е дали паметниот телевизор ја предлага содржината што ја сакаш, дури и пред да почнеш да пребаруваш. Нели би било одлично кога телевизорот би ги користел твоите навики за гледање и пребарување за да ја најде вистинската содржина или да те известува кога започнува новата сезона на серијата што ја сакаш? Идеален паметен телевизор е оној кој те познава подобро од тебе самиот/та и кој може да ти обезбеди услуги кои ти одговараат врз основа на податоците од твоето гледање.

Практичен за употреба

Еден одличен паметен телевизор автоматски треба да го детектира секој уред кој го поврзуваш преку HDMI и да ја елиминира потребата од користење повеќе далечински управувачи. Деновите кога панично ги баравме далечинските управувачи одамна поминаа. Само со далечинскиот управувач за телевизорот, треба да можеш да пушташ/паузираш содржина која се емитува од твојот сет-топ бокс.

Друга карактеристика која станува сѐ попопуларна е препознавањето на глас. Тоа е многу попрактично од пишување или користење на сензори за движење за управување со паметниот телевизор. Многу е корисно кога пребарувате содржина или информации.

Лесно поврзување

Уште една важна работа кога бираш паметен телевизор е да провериш дали телевизорот може лесно да се поврзе со други уреди. Поврзување на твојот паметен телефон со твојот телевизор за да гледаш содржина на поголем екран дефинитивно е нешто што сакаш да го доживееш. Сликите и видеата од твојот телефон изгледаат сосема поразлично кога ги гледаш на голем екран.

IoT (интернет на нештата) стекнува сѐ поголема популарност, затоа, лесното поврзување со разни уреди кои поддржуваат интернет во домот станува задолжително. Можеш да гледаш филм на твојот телефон додека се враќаш од работа и да продолжиш да го гледаш на твојот телевизор веднаш штом се вратиш дома.

Многу повеќе од само ТВ канали.
Те очекува свет
на богата содржина.

* Содржината на екраните се симулирани слики и служат исклучиво како пример.

* Достапните услуги и функции на паметниот ТВ и графичкиот кориснички интерфејс (GUI) може да се разликуваат во зависност од регионот и/или моделот.

* Пред употреба, корисникот мора да се согласи со Условите за користење и Политиката за приватност на Smart Hub.

* Потребен е компатибилен оперативен систем (ОС) или апликација.

* Обликот на ТВ и далечинскиот управувач може да се разликуваат во зависност од моделот и/или регионот.

* Графичкиот кориснички интерфејс (GUI), дизајнот, функциите и спецификациите подлежат на промена без известување.