P2.9 Надворешна LED Сигнализација XRB

LH029XRBCSC/EN

  • Систем за самозаклучување
  • Флексибилни дизајни
  • Висока осветленост

Одбери Висина на пиксели

Решение што може да се изнајми за да се подобри секој настан

Запознај ја XRB серијата, совршен екран за надворешна средина што го подобрува секој вид настан. Благодарение на јасната видливост овозможена од неверојатниот квалитет на слика, екранот привлекува огромна публика, а лесното поставување и одржување ја подобруваат ефикасноста при работењето.

Чисти слики, совршени за настани со пренос во живо

Уживај во беспрекорна јасност при пренесување содржини во живо. Осветлувањето од 5.000 нити и стапката на освежување од 3.840 Hz овозможуваат XRB серијата да биде видлива дури и на директна сончева светлина. Екранот испорачува беспрекорни содржини без изместување и бранување на сликата, така што е совршено решение за пренос во живо и рекламирање.

Тенок и компактен дизајн

Најкомпактен што може да биде. XRB серијата на Samsung има тенок, лесен дизајн којшто бизнисите може да го изнајмат. Двете конструкции, со тежина од само 8 kg или 14,2 kg се супертенки и имаат дебелина од само 64 mm, така што може самостојно да ги монтира едно лице, брзо и лесно.

* Дебелината се базира врз конструкцијата P2.9. Конструкцијата P3.9 има дебелина од 64,5 mm.

Брза монтажа што може самостојно да ја изврши едно лице

XRB серијата на Samsung овозможува едноставна монтажа што може самостојно да ја изврши едно лице: има опција за самозаклучување, што значи може брзо да се постави. Покрај тоа, секој агол на конструкцијата е опремен со штитници на рабовите коишто помагаат да се заштити од оштетување предизвикано од удари.

Флексибилно монтирање на каква било локација

XRB серијата е оптимално решение за секој настан во надворешна средина благодарение на мноштвото опции за монтирање. Се испорачуваат разни додатоци за да се овозможи лесно монтирање на екраните во разни средини. Тие може да се закачат, постават еден врз друг, а може и да бидат заоблени.

Едноставно и практично одржување

Поради тоа што сите компоненти се отстранливи – од кутијата за напојување до модулите – XRB серијата поддржува целосни предни и задни услуги, така што одржувањето е поедноставно и попрактично, дури и во ограничени простори, гарантирајќи минимален застој при деловното работење.

Оптимални перформанси во секакви средини

Осмислен за да издржи секакви временски услови. XRB серијата има дизајн со ознака IP65/65, што значи дека испорачува постојани перформанси, без разлика на опкружувањето. Екранот е опремен со материјали отпорни на УВ зрачење, спречувајќи понатамошна пенетрација на УВ зраците за да се заштити изгледот.

Спецификации

{{family.currentModel.displayName}}

{{family.currentModel.modelCode}}

Боја : {{chip.displayName}}
{{model.prices.currentPriceDisplay}}
Од {{model.prices.monthlyPrice}} / месечно за {{model.prices.months}} мин
или {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price without VAT: {{model.prices.vatFreePriceFormatted}}

Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}

Price before: {{model.prices.priceDisplay}}

{{model.prices.priceDisplay}} {{model.prices.savePrice}}
  • {{summary.title}}

    {{summary.value}}{{summary.unit}}

  • {{summary.title}}

Спореди ги моделите

Спореди со слични предмети

НЕОДАМНА ПРЕГЛЕДАНО