Создадена за работа.
Ѝ веруваат и владите.

Безбедносната платформа Knox е вградена во мобилните уреди на Samsung, а започнува од самиот чип и има паметен пакет решенија кои ѝ даваат моќ на оваа платформа. Лесно се конфигурира. Лесно се управува. Врвна безбедносна платформа на која ѝ веруваат владите ширум светот.*

*Samsung Knox успешно ги исполни строгите барања за безбедност коишто ги поставија владите и големите претпријатија ширум светот, пружајќи им на деловните корисници робусно решение за мобилна безбедност.
https://www.samsungknox.com/knox-platform/knox-certifications

Ова е заштита. Samsung Knox.

Штитејќи го телефонот почнувајќи од чипот, Knox се грижи дека сите доверливи и чувствителни податоци ќе останат безбедни, без разлика каде ќе Ве однесе работата.
Вашиот уред е безбеден на секое ниво и во реално време. Ова е заштита на која може да се потпрете.

Knox решенија за мобилност во претпријатијата

Knox Suite му овозможува на IT администраторот во претпријатието да се фокусира на исполнување на деловните потреби низ целиот животен циклус на уредот. Обезбедете, распоредете и управувајте со мобилните уреди на Вашата организација за да имате максимална контрола и продуктивност.

Уреди приспособени
за Вашите потреби

Уредете, ребрендирајте и развивајте мобилни уреди соодветни за својата намена, а сето тоа правете го со помош на Knox. Од интерактивни киосци до дигитални алатки за брендирање, Knox лесно ги трансформира Samsung уредите за да одговараат на Вашите потреби.

Зошто да имате доверба во Knox?

Над 20.000 бизниси ширум светот се потпираат на Knox за да ги обезбедат и управуваат со своите уреди на Samsung. И благодарение на неспоредливите безбедносни стандарди на Knox, таа е платформа на избор за владите и војската низ целиот свет. Не е ни чудо што Гартнер му додели „силен“ рејтинг на Knox 27 во 30-те оценети. *

*Во извештајот на Gartner, Knox платформата 3.2 доби 27 од 30 ознаки за „силна“ заштита. Gartner, Inc. Mobile OSs and Device Security: Споредба на платформи, Патрик Хевеси, 6 мај 2019 година
https://www.samsungknox.com/en/blog/samsung-knox-platform-3-2-receives-strong-ratings-by-gartner

Студија на случај

Трансформирање на малопродажното работно место со Knox

Компанијата Колрујт сакаше да го ажурира својот стар PDA систем со единствено решение каде што беше потребен уред што може да ги скенира податоците на производот и да овозможи комуникација на над 12.000+ уреди. Погледнете како Нокс ја направи можна таа трансформација.

Истражете го потенцијалот

Бидете оној бизнис кој работи и отворено и безбедно. Дознајте повеќе за Knox уште денес и испробајте го бесплатно.