Запознај го Samsung Knox

Knox е гаранцијата за безбедност на Samsung, а безбеден уред ти дава слобода да работиш и играш каде, кога и како сакаш. Samsung Knox се состои од безбедносни платформи за заштита на највисоко ниво која е вградена во Samsung уредите и од низа решенија што ја користат таа платформа.

Без разлика дали сакаш да ги сокриеш твоите лични фотографии од туѓи очи или далечински да управуваш со повеќе деловни мобилни телефони, секогаш можеш да се потпреш на Knox.

Knox Платформа

Безбеден уред е сигурен уред.

Платформата Samsung Knox се вградува во фаза на производство во Samsung мобилните телефони, таблети и преносливите уреди. Штити од моментот кога ќе го отвориш уредот. Платформата Knox се состои од повеќеслојни одбранбени и безбедносни механизми кои те штитат од напади, малициозен софтвер и други закани.

За уште поголема заштита од највисоко ниво, Samsung разви Knox решенија кои се лесни за користење и се отпорни на напади.

Knox решенија
Knox решенија
Knox решенија
Knox решенија
Knox решенија

Решенија за секоја ситуација

Без разлика дали имаш мал бизнис или голема владина организација, Samsung Knox може да ти заштеди време и да те заштити од главоболки.

  • ᠎ Конфигурирај

    Далечински конфигурирај голем број на Samsung уреди кои може да ги прилагодиш по сопствените потреби.

  • ᠎ Запишување

    Додади илјадници уреди во твојот EMM истовремено, без да мора рачно да ги внесуваш секој поединечно.

  • ᠎ Управување

    Лесно управувај со голем број на уреди преку решението ЕММ базирано на компјутерски облак.

  • ᠎ Безбедност

    Примени широк спектар на безбедносни и управувачки функции на деловните уреди

  • ᠎ Одржување

    Контролирај ги верзиите на оперативниот систем на Samsung мобилните уреди за максимална економичност.

Студија на случај

Погледни зошто другите корисници имаат доверба во Samsung Knox и редифинирај го своето работење.

Публика

Што вам ви значи Samsung Knox?

Остани поврзан со платформата Samsung Knox
Samsung Knox SNS