Samsung Kiosk со Windows OS

LH24KMC3BGCXEN

  • Модуларна функционалност за поддршка на секаков вид плаќање
  • Се-во-едно решение со надградена компатибилност
  • Компактен и модерен дизајн

Самопослужување веднаш откако ќе го отпакувате, со Windows OS

Ви го претставуваме Samsung Kiosk со Windows OS: компактен, привлечен киоск којшто овозможува веродостојни перформанси во секакви деловни локации. Благодарение на Windows 10 IoT Enterprise OS, поддржува подобрена компатибилност со разни уреди и услуги на трети страни за да интегрира деловни операции.

Модуларна функционалност за поддршка на секаков вид плаќање

Подобрете го искуството на секој корисник со помош на интуитивниот сеопфатен систем за плаќање и нарачување, без потреба од дополнителни периферни уреди. Усвојувајќи модуларен дизајн, Samsung Kiosk на корисниците им нуди разновидни опции за плаќање, како со кредитна картичка, баркод, QR-код и NFC, а има и вграден печатач.

* Samsung Kiosk поддржува целосно интегрирана EMV преграда за Verifone терминал (P400) којашто се разликува во зависност од регионот и земјата.

Сеопфатно решение со подобрена компатибилност

Samsung Kiosk што работи со Windows е сеопфатно решение коешто нема потреба од надворешен компјутер. Со Windows 10 IoT Enterprise OS, овозможува флексибилна поврзаност со разни уреди и услуги, правејќи го соодветно за широк спектар деловни намени.

Робусни, но стабилни перформанси

Овозможен со Intel® Core™ процесор од 11та генерација, вградениот Windows OS на Samsung Kiosk се карактеризира со процесирачка моќ со високи перформанси за флексибилни, стабилни и подобрени способности коишто испорачуваат неверојатни и робусни искуства за корисниците во секакво деловно опкружување.

* Вградениот процесор се разликува во зависност од моделот.

Компактен и модерен дизајн

Samsung Kiosk е составен од еден дел со екран и дел за поврзување, како и со опционален држач. Дизајнот овозможува уредно и практично средување на каблите, додека сиво-белата боја и едноставниот држач прават киоскот совршено да одговара на секаков ентериер со модерен изглед.

Разновидно решение за секакво сценарио

За подобрена флексибилност во секакво деловно опкружување, новиот киоск на Samsung нуди три вида монтирање – на работна површина, поставен на држач на под и закачен на ѕид – а доаѓа со можност за сокривање на каблите, така што нема потреба од надворешен компјутер за оптимално штедење на просторот.

Нека екранот остане чист

Благодарение на антимикробното обложување, Samsung Kiosk спречува ширење на микроби и штити од одредени бактерии. Ова им овозможува на корисниците да останат сконцентрирани на она што се наоѓа на екранот, без да се грижат.

* За да ја врши својата антибактериска функција, овој производ е третиран со биоцидната супстанција цинк пиритион.** Антибактериското својство не нуди целосна заштита од бактерии и не обезбедува заштита од вируси, вклучувајќи го и вирусот на Ковид-19.*** Само површината на екранот има антимикробно обложување и ефектот може да се разликува во зависност од условите на употреба.**** Антибактериска сертификација: UL2282, којашто се доделува кога антибактериската ефикасност е над 99 %. (Метод на тестирање (JIS Z 2801): по инокулација на 0,4 cc течност со бактерии (Escherichia coli и Staphylococcus aureus) на примерок (5cm x 5cm), стерилизиран филм (4cm x 4cm) се лепи и се остава во термо-хигростат со релативна влажност од 90 % или поголема, на 35 °C во период од 24 часа, а потоа се мери ефикасноста на убивање на бактериите / Агенција за тестирање: FITI Test Research Institute)***** За повеќе детали

Минимизирајте ги несреќите и ризиците

Заштита од кршење

Samsung разбира дека понекогаш доаѓа до несреќи. За да ги заштити учениците и едукаторите, екранот на Samsung Kiosk е обвиткан во сопственичка облога со заштита од кршење, гарантирајќи дека екранот останува заштитен, дури и во случај на кршење.

Спецификации

{{family.currentModel.displayName}}

{{family.currentModel.modelCode}}

Боја : {{chip.displayName}}
{{model.prices.currentPriceDisplay}}
Од {{model.prices.monthlyPrice}} / месечно за {{model.prices.months}} мин
или {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price without VAT: {{model.prices.vatFreePriceFormatted}}

Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}

Price before: {{model.prices.priceDisplay}}

{{model.prices.priceDisplay}} {{model.prices.savePrice}}
  • {{summary.title}}

    {{summary.value}}{{summary.unit}}

  • {{summary.title}}

Спореди ги моделите

Спореди со слични предмети

НЕОДАМНА ПРЕГЛЕДАНО