VMB-R Видеоѕид со ултра тенки рамки

LH55VMBRBGBXEN

  • Речиси невидлива рамка од 0,44 мм
  • Погледнете ја содржината од кој било агол
  • Технологија за подобрување на сликата

Одбери Големина

Беспрекорни видеоѕидови со мошне тесни рамки

Со исклучително тенката рамка од 0,44 mm и опремен со напредната технологија за подобрување на слика на Samsung и широките агли на гледање, VMB-R овозможува беспрекорно искуство. Модерниот и тенок дизајн на екранот му овозможува да се вклопи во секаква деловна средина.

Речиси невидлива рамка од 0,44 mm

Исклучително тенка рамка од 0,44 mm — длабочина од 0,88 mm од рамка до рамка — сето тоа овозможува сликата да биде беспрекорна. Покрај тоа, екранот помага да се елиминира секое можно искривување на сликата и обезбедува уште поживописно доживување.

Гледајте содржини од секој агол

Широките агли на гледање на екранот овозможуваат содржината да биде лесно видлива дури и кога гледачите не стојат директно пред екранот. Потрошувачите може да добијат јасни и прецизни информации без оглед на распоредот или локацијата на видеоѕидот.

Технологија за подобрување на сликата

Моќната технологија за подобрување на слика на Samsung овозможува сите содржини да бидат живописни и јасни. Со режимот за подобрување на сликата, Picture Enhancer, заситеноста и контрастот на боите се подобрени со приспособување на гама кривата. Со помош на режимот за стабилизација на црните бои, Black Equalizer, темните слики се осветлени, со што деталите уште полесно се забележуваат.

Модерен, тенок дизајн

Екраните VMB-R имаат подобрен естетски дизајн со ултратенка длабочина од помалку од 70 mm. Ова овозможува екранот да заштеди простор и да создаде чист, модерен изглед за малопродажни објекти или друг јавен простор.

Живописни слики 24/7

Гледајте брилијантна презентација на сликите со впечатлива осветленост од 500 нити, што им овозможува на бизнисите да пренесуваат јасни информации 24/7. Панелите без отсјај на екранот овозможуваат подобра видливост без оглед на амбиенталната осветленост, за најважните информации секогаш да бидат видливи.

Практична калибрација од мобилен телефон

Решението Color Expert Pro Mobile на Samsung овозможува брза и лесна калибрација на видеоѕидот преку мобилна камера. Со интутитивниот кориснички интерфејс, дури и корисниците што не се експерти во областа можат да го приспособуваат балансот на бели нијанси на видеоѕидот 3х3, истовремено, без потреба од дополнителна опрема.

*Samsung Color Export Pro Mobile е достапно само на одредени модели на паметни телефони.

Сеопфатна калибрација

Фабричкиот процес на калибрација во повеќе чекори на Samsung ги приспособува видеоѕидовите за да ја усогласи осветленоста и бојата на повеќе екрани. Покрај ригорозната фабричка калибрација, корисниците можат да управуваат со усогласеноста на осветленоста и боите со Samsung Color Expert Pro, моќна бесплатна софтверска програма.

Напредно UHD прикажување

Видеоѕидовите Samsung овозможуваат впечатливо UHD доживување со минимален напор. Со дизајнот за верижно поврзување со помош на DisplayPort 1.2 и HDMI приклучоци, екранот VMB-R може да проектира UHD содржини на повеќе екрани најмногу — до 5 x 5 — без да има потреба од надворешна графичка картичка или UHD разделувачи.

Сертифициран според стандардите на индустријата

Серијата VMB-R е во согласност со EMK класа А, исполнувајќи ги строгите стандарди за емисија на електромагнетни бранови, додека сертификатот IP5x го штити екранот од прашина и други услови. Пакувањето на екранот го помина и ригорозниот тест на ISTA во четири чекори за да се намали потенцијално оштетување за време на достава.

*ЕМК: Електромагнетна компатибилност*IP5x валидацијата обезбедува задоволителна работа дури и со одредено ниво на прашина во внатрешноста на производот. Меѓутоа, функционирањето на производот не е загарантирано кога е изложен на одредени видови прашина, каква што е онаа од метал*ISTA: International Safe Transit Association (Меѓународна асоцијација за безбеден транспорт)

Интуитивно работење сè-во-едно

Player Box на UHD-сигнализацијата комбинира алатки за обработка на информации и за управување со содржини во една платформа, за дополнителна едноставност во работењето. Со тежина од само 0,6 kg, дури и со вградените MagicINFO S Player 6 и SSSP 6, компактниот дизајн на кутијата ја прави идеално решение.

* Player Box на сигнализацијата се продава одделно.

Спецификации

Поддршка

Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот

Прирачник за корисниците и содржина за преземање
  • Quick Guide
    АНГЛИСКИ, БУГАРСКИ, ХРВАТСКИ, ЧЕШКИ, ДАНСКИ, ХОЛАНДСКИ, ЕСТОНСКИ, ФИНСКИ, ФРАНЦУСКИ, ГЕРМАНСКИ, ГРЧКИ, УНГАРСКИ, ИТАЛИЈАНСКИ, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, НОРВЕШКИ, ПОЛСКИ, ПОРТУГАЛСКИ (европски), РОМАНСКИ, СРПСКИ, СЛОВАЧКИ, СЛОВЕНЕЧКИ, ШПАНСКИ, ШВЕДСКИ, ТУРСКИ
  • User Manual
    АНГЛИСКИ, БУГАРСКИ, ХРВАТСКИ, ЧЕШКИ, ДАНСКИ, ХОЛАНДСКИ, ЕСТОНСКИ, ФИНСКИ, ФРАНЦУСКИ, ГЕРМАНСКИ, ГРЧКИ, УНГАРСКИ, ИТАЛИЈАНСКИ, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, НОРВЕШКИ, ПОЛСКИ, ПОРТУГАЛСКИ (европски), РОМАНСКИ, СРПСКИ, СЛОВАЧКИ, СЛОВЕНЕЧКИ, ШПАНСКИ, ШВЕДСКИ, ТУРСКИ
Погледни ги дополнителните содржини

{{family.currentModel.displayName}}

{{family.currentModel.modelCode}}

Боја : {{chip.displayName}}
{{model.prices.currentPriceDisplay}}
Од {{model.prices.monthlyPrice}} / месечно за {{model.prices.months}} мин
или {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price without VAT: {{model.prices.vatFreePriceFormatted}}

Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}

Price before: {{model.prices.priceDisplay}}

{{model.prices.priceDisplay}} {{model.prices.savePrice}}
  • {{summary.title}}

    {{summary.value}}{{summary.unit}}

  • {{summary.title}}

Спореди ги моделите

Спореди со слични предмети

НЕОДАМНА ПРЕГЛЕДАНО