Galaxy Tab A7 (Wi-Fi,2020)

SM-T500NZDAEUF

Одбери Боја

Одбери Поврзување

  • Не ти требаат билети за кино
    Екран
  • Сета моќ што ти е потребна за неверојатна игра
    Батерија
  • Зачувај повеќе од она што го сакаш
    Меморија
  • Безбедноста на секое ниво го заштитува она што е твое
    Samsung Knox

Твојот нов прозорец кон светот

Со тенок дизајн, динамичен систем за забава и неверојатни перформанси, новиот A7 е твојот нов модерен сопатник. Впушти се без размислување во нештата што ги сакаш и со леснотија споделувај ги твоите омилени моменти. Учи, истражувај, поврзи се и инспирирај се.

Тенок. Модерен. Софистициран.

Galaxy Tab A7 е направен да воодушевува—со вистинска привлечност која нуди одлични доживувања. Со прекрасна симетрија и дебелина од само 7 mm, овој таблет доаѓа со софистициран метален дизајн во три брои: темно сива, сребрена и златна, и со целосна симетрична рамка.

За љубителите на забава

Не ти требаат билети за кино

Кога имаш на дофат изобилство од содржина, сè што ти треба е таблет со одличен екран и преубав богат звук. Сега може да ја имаш, на широк и динамичен 10,4" дисплеј и Dolby Atmos surround-звук кој продира од quad-звучници. Ја оживува твојата содржина исто како во кино.

*Мерено дијагонално како цел правоаголник без да се сметаат заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и дупката за камера.

Сета моќ што ти е потребна за неверојатна игра

Повеќе играње, помалку чекање. Благодарение на брзиот процесор и моќната RAM, твојата игра се вчитува брзо и се одвива непречено. Големата батерија од 7040 mAh (типична) може да трае цел ден, а кога ќе почне да се празни, брзото полнење од 15 W брзо ќе те врати до 100 %.

*Комбинацијата од меморија и капацитет за складирање може да се разликува во зависност од земјата или регионот.**Типичната вредност е заснована врз тестирање извршено во лабораториски услови на трета страна. Номиналниот капацитет е 6820 mAh.***Полначот од 15 W за AFC (адаптивно брзо полнење) се продава одделно.

Зачувај повеќе од она што го сакаш

Galaxy Tab A7 доаѓа со вградена меморија од 32 GB/64 GB за сите твои датотеки, фотографии и видеа со висока резолуција. Можеш и да ја прошириш меморијата со microSD картичка за многу поголем простор — до 1 TB. Зачувај повеќе од она што го сакаш, а бриши помалку.

*Реалниот капацитет на складирање може да се разликува во зависност од земјата или регионот.**Micro SD картичката се продава одделно.

Подари им љубов на очите

Ако времето пред екран те заморува, пробај го темниот режим со кој се намалува напрегањето на очите. Без разлика дали е постојано вклучен или го користиш само пред спиење, очите ќе ти бидат благодарни. Темниот режим дури помага и да се заштеди батерија. Едноставно допри на копчето за вклучување/исклучување во Quick Panel.

Уживај во моментот. Сподели го моментот

Камера за да ги доловиш моментите во живо

Камерата на Galaxy Tab A7 е спремна да ги сними и сподели твоите моменти. Без разлика дали сакаш да сликаш прекрасни портрети или восхитувачки пејзажи, може да се потпреш на овој уред. Со главната камера од 8 MP, твоите спомени ќе останат живописни, светли и јасни.

Твоите моменти, споделени за миг

Споделувањето содржина треба да биде брзо и едноставно. Galaxy Tab A7 ти овозможува лесно да се поврзеш и да споделуваш фотографии, потсетници, белешки и настани од календарот на секој член од семејството. Сега си еден чекор поблиску да ги споиш сите заедно.

*За споделување, потребно е поврзување на мобилен интернет.**Корисникот треба секогаш да биде поврзан на корисничка сметка на Samsung.***Апликацијата Reminder не е претходно инсталирана и мора да се преземе од Galaxy Store.

Не дозволувај локацијата да ти го уништи моментот

Galaxy Tab A7 се синхронизира со твојот Galaxy паметен телефон, така што никогаш нема да пропуштиш ниту еден повик или порака. Секогаш ќе бидеш во тек. Кога си надвор од Wi-Fi мрежа, тука е опцијата Auto Hotspot. Безбедно поврзи ги твоите Galaxy паметен телефон и таблет за лесно да споделуваш податоци.

*Book Cover се продава одделно.

Auto Hotspot Auto Hotspot

Auto Hotspot

*Функцијата Auto Hotspot е достапна само помеѓу паметни телефони и таблети на Samsung кои работат на Android 10 или повисока верзија.**
Повици и пораки на други уреди Повици и пораки на други уреди

Повици и пораки на други уреди

*Функцијата за телефонирање и праќање пораки на други уреди, Call & text on other devices, е поддржана само помеѓу уреди на Samsung кои имаат Android P и RAM меморија од 3 GB или повеќе.

Останете заедно, дури и кога сте разделени

Galaxy Tab A7, заедно со Google Duo, те носи поблиску до луѓето со коишто сакаш да бидеш, а не можеш. Без разлика дали се слушаш со саканите, споделуваш момент со друштвото или се слушаш со семејството, Galaxy Tab A7 и Google Duo ви овозможуваат да бидете заедно, дури и кога сте разделени.

*Google Duo е трговска марка на Google LLC.**Book Cover се продава одделно.

Безбедноста на секое ниво го заштитува она што е твое

Samsung Knox пружа врвна безбедност. Твоите лични податоци се заштитени од злонамерни софтвери и напади со максимално искористување на повеќеслојната безбедносна платформа Knox, поддржана од хардверот.

*Сликите се симулирани за илустрација.

Безбедно дигитално игралиште за деца

Овозможи им на децата дигитална училница и игралиште

Samsung Kids е безбеден и забавен простор во кој децата може да учат и играат. Богат е со активности за целото семејство, како за забава, така и за учење, развој и напредување. Едноставно допри на Samsung Kids во Quick Panel и почни.

За безбедни први чекори во дигиталниот свет

Samsung Kids им помага на родителите да ги воведат децата во дигиталниот свет на безбеден начин, со можност за поставување ограничувања на времето на играње, апликациите и контактите. Дури нуди и извештаи за употребата, така што може да ја прегледаш нивната активност.

Моќно доживување збогатено со фаворитите од Galaxy

Спецификации

  • Големина (Главен Дисплеј) 10.4" (263.1mm)
  • Задна камера - Резолуција 8.0 MP
  • Тежина (g) 476
  • CPU-брзина 2GHz, 1.8GHz

{{family.currentModel.displayName}}

{{family.currentModel.modelCode}}

Боја : {{chip.displayName}}
{{model.prices.currentPriceDisplay}}
Од {{model.prices.monthlyPrice}} / месечно за {{model.prices.months}} мин
или {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price without VAT: {{model.prices.vatFreePriceFormatted}}

Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}

Price before: {{model.prices.priceDisplay}}

{{model.prices.priceDisplay}} {{model.prices.savePrice}}
  • {{summary.title}}

    {{summary.value}}{{summary.unit}}

  • {{summary.title}}

Спореди ги моделите

Спореди со слични предмети

НЕОДАМНА ПРЕГЛЕДАНО