Congratulations, your trade-in discount has been applied. smb
<%= title %> <% if (!!discountAmount) { %> <%= discountAmount %> <% } %> <% if (!!tradeInAmount && !!additionalDiscount) { %> <%= tradeInAmount %> <%= additionalDiscount %> <% } %>
<%= deviceSummary %>
<% if (quantityChangeable) { %>
Add Samsung Care+ for Business
Дознај повеќеYou love it, we cover it. Protection for your new Galaxy device from the people who know it best
Please select Samsung Care + for Business or "No Coverage"
-
<% options.forEach((option) => { %>
-
<% if(hasChildren) { %>
<% } else { %> <% } %>
<% }) %>
*All prices include insurance premium tax
key features
-
Цврст одвнатре и однадвор
-
IP68
-
S-Pen
Изграден да биде цврст одвнатре и однадвор
Galaxy Tab Active3. Цврста внатрешност и надворешност за да можеш да го зграпчиш денот. Грубиот дизајн има отпорност на вода, прашина и пад од 1,5m, како и заменлива батерија, а ја зголемува продуктивноста со Samsung DeX и подобрен NFC. Благодарение на поставките за чувствителност, Active key и S Pen пенкалото, можеш да го користиш и со ракавици.
Доволно цврст за сурови опкружувања
Дизајниран да биде силен и сигурен
Galaxy Tab Active3 е робустен и сигурен во сурови услови. Имајќи IP68 проценка и најнова MIL-STD-810H сертификација, издржливиот 8-инчен таблет е отпорен на вода и прашина и може да издржи пад од 1,5m со заштитна футрола. Пренослив и компактен, изграден е да ти го зајакне денот.
*Усогласено со Воениот стандард на САД MIL-STD-810H. MIL-STD 810H е стандардизиран начин на тестирање создаден од Војската на САД за соодветна проценка на ограничувањата на уредот.**Доколку падне само уредот, тогаш заштитата од удар и отпорноста на падот е до височина од 1,2 m, а доколку е со заштитна футрола, тогаш е до 1,5m. Резултатите од тестовите со фрлање се засновани врз резултати од тестови извршени во внатрешна лабораторија на Samsung. Методите на тестирање вклучуваат тест со фрлање од висина од 1,2 метри на ударна површина од иверица којашто се наоѓа врз бетон.
Со S Pen пенкалото може добро да се ракува дури и со ракавици
Galaxy Tab Active3 доаѓа со S Pen пенкало отпорно на вода и прашина кое е во кутија, за полесен начин на извршување на нештата во движење — а и нема потреба да се полни. Реактивно и прецизно дури и кога се ракува со ракавици, може да фаќаш белешки, доловуваш идеи, и да го нацрташ она што те инспирира, и сè тоа го правиш надвор.
*IP68 проценката смета дека уредите се доволно соодветни да издржат прашина, нечистотија и вода. Проценката за водоотпорност се заснова врз условите за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1,5 метар, во временски период до 30 минути. Не се препорачува употреба на плажа или во базен.
Моќен перформанс и поврзаност
Работејќи на Exynos 9810 процесор, таблетот е доволно моќен беспрекорно да обработува големи датотеки и програми што бараат многу. Со Wi-Fi6 и MIMO поддршка и надворешен простор за складирање до 1 TB кои ја зголемуваат брзината и перформансот, со леснотија можеш да ја завршиш работата.
*CPU и GPU перформансите се споредени со оние на Galaxy Tab Active2. Резултатите се засновани врз резултати од тестови извршени во внатрешна лабораторија на Samsung.**MicroSD картичката се продава посебно. Достапноста може да се разликува во зависност од земјата и производителот.
Заменлива батерија со моќ која трае
Galaxy Tab Active3 е креиран со моќна заменлива батерија од 5,050 mAh. Понеси си целосно наполнета батерија додека кампуваш под ѕвездите или планинариш, а потоа едноставно замени ја и продолжи.
*5,050 mAh (типична) се однесува на типичната вредност на капацитетот на батеријата тестирано според условите на внатрешната лабораторија. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 4,900 mAh. Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.** Засновано врз резултатите од тестирања во внатрешната лабораторија на Samsung за време на репродуцирање видео според контролирани параметри на тестирање. Параметрите вклучуваат верзија за пред-издавање на уредот, целосно наполнета батерија, стандардна јачина на звук и ниво на осветлување, без Wi-Fi или поврзување на мобилна мрежа.***Брзиот полнач од 15 W се продава посебно.****Брзото полнење од 15 W има потреба од POGO пин или USB тип Ц.
Овозможува силни решенија
Го доловува она што ти го гледаш
Животот изгледа дури подобро преку подобрената задна камера од 13 MP. Снимај јасни, чисти слики со секое фотографирање, а потоа префрли се на предната камера од 5 MP за видео-повици. Со Galaxy Tab Active3 може да извлечеш повеќе од твоите најдобри слики.
Таблет подготвен за ракавици
Нема потреба да ги вадиш ракавиците. Приспособувајќи ги поставките за чувствителност на допир, сега можеш да ги носиш ракавиците додека работиш на него. Постави го Active key за брз пристап до често користената апликација без да го отклучуваш, или отклучи го безбедно за миг со препознавање на лице, осигурувајќи се дека никој друг не може да го стори тоа.
*Мора да биде овозможен Active key за да може да се користи. За да се отклучи екранот со користење на Active key потребно е конфигурирање во менито за поставки.** Чувствителноста на допир може да се разликува во зависност од материјалот на ракавиците.
Подобрено искуство како на PC со Samsung DeX
Samsung DeX ти овозможува да поврзеш и користиш два различни екрана, за да работиш поефикасно. Поврзи го таблетот со мониторот и пишувај извештај на едниот екран, додека на другиот ги анализираш табеларните пресметки, или безжично поврзи се со паметен телевизор и одржувај импресивни продажни презентации.
*За поврзување на Galaxy Tab Active3 со монитор потребно УСБ-Ц за HDMI кабел. УСБ-Ц за HDMI адаптерот и додатоците се продаваат посебно.**Samsung DeX безжичното поврзување е достапно само за телевизори кои поддржуваат пресликување на екран со Android паметни телефони.*** Перформансот може да се разликува во зависност од спецификациите на телевизорот и Wi-Fi опкружувањето. Се препорачува да се користат Samsung Smart телевизори лансирани по 2019 година.
Безбедноста на секое ниво го заштитува она што е твое
Samsung Knox овозможува врвна безбедност. Твоите лични податоци се заштитени од злонамерни софтвери и напади со максимално искористување на повеќеслојната безбедносна платформа Knox, поддржана од хардверот.
*Сликите се симулирани за илустрација.
Не дозволувај локацијата да ти го уништи моментот
Кога си надвор од Wi-Fi мрежа, тука е опцијата Auto Hotspot. Безбедно поврзи ги твоите Galaxy паметен телефон и таблет за лесно да споделуваш податоци. Нема поставување мени, нема пребарување, нема чудни лозинки.
*Карактеристиката Auto Hotspot е достапна само помеѓу смарт телефони и таблети на Samsung.**За Auto Hotspot потребно е двата уреди да бидат поврзани на иста сметка на Samsung.***Достапноста на мобилниот хот-спот на телефонот може да се разликува во зависност од политиката на операторот.****За карактеристиката Auto Hotspot треба да имате Android 10 или повисока верзија.
*Карактеристиката Auto Hotspot е достапна само помеѓу смарт телефони и таблети на Samsung.**За Auto Hotspot потребно е двата уреди да бидат поврзани на иста сметка на Samsung.***Достапноста на мобилниот хот-спот на телефонот може да се разликува во зависност од политиката на операторот.****За карактеристиката Auto Hotspot треба да имате Android 10 или повисока верзија.
Моќно доживување збогатено со фаворитите од Galaxy
Спецификации
-
Големина (Главен Дисплеј) 8.0" (203.1mm)
-
Задна камера - Резолуција 13.0 MP
-
Тежина (g) 429
-
Време нa репродуцирање видео (часови) До 11
-
CPU-брзина 2.7GHz, 1.7GHz