Работење во Samsung

Работење во Samsung

Бидете дел
од значајни
иновации

Бидете дел од значајни иновации

Преземете големи предизвици

Низ нашата историја ние преземавме големи предизвици и се стремиме да бидеме најдобри во она што го правиме. Тој дух е движечка сила кој нè прави глобален лидер и ја одржува нашата амбиција за развивање најнови технологии кои ги поместуваат границите на возможното. Дојдете и придружете ни се на следните големи предизвици на иднината.

Обликувајте ја иднината на нашиот свет

Различноста, креативноста и страста на луѓето кои работат во Samsung нè направија една од најиновативните компании во светот, а нашите луѓе продолжуваат да ги развиваат нашите иновации. Работиме заеднички во отворена и колегијална средина во којашто се негува споделување на уникатното знаење и стручност на секој поединец. Ова е место каде што може да работите со одлични луѓе и да ги оживеете Вашите идеи за нови производи и решенија што ќе ја обликуваат иднината и начинот на којшто живееме

Имајте позитивно влијание

Она што ја прави работата во Samsung толку значајна е тоа што знаете дека играте важна улога во воведувањето нови технологии во светот што го подобруваат животот на луѓето. Нашите иновации им помагаат на луѓето на нови начини. Ние ја користиме нашата технологија да придонесуваме за раст и развој на заедниците во коишто работиме ширум светот. Во Samsung имате можност да правите нешто навистина значајно што ќе има позитивно влијание во светот.

Истражете ги возбудливите можности и аплицирајте сега за да ни се придружите