Galaxy S20 | S20+ | S20 Ultra

  • Горна половина на два телефони Galaxy S20 Ultra, еден во космичко сива боја, еден во космичко црна боја и двата телефони гледани од заден агол од три четвртини

Овој телефон засекогаш ќе го промени начинот на којшто работите

Запознајте ги Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra. Бидејќи подвижноста на работниците и канцелариите станува секојдневие, од мобилните уреди се бара доверливост, прилагодливост и спремност за деловно работење. Со интелигентна батерија, моќен процесор, револуционерна камера од професионален степен, огромен простор за складирање, и безбедност Samsung Knox, ова е телефон којшто овозможува подвижност на работното место во вистинската смисла на зборот, откривајќи еден сосема нов начин за работа.

Galaxy S20, S20 plus и S20 Ultra поставени еден до друг во нестабилна положба сите со тапет со меурчиња на екранот
Рака држи Galaxy S20 Ultra со влезен интерфејс во вид на шема на екранот и текст што вели „Доверлив за бизнис“

Доверлив телефон за работа секаде и во секое време

Кога работата ве носи надвор од канцеларијата, потребен ви е доверлив телефон за да може да работите каде и да сте. Безбедни, сигурни и долготрајни, Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra се дизајнирани за изведба и извршување на задачите.

Безбедност

Безбедност на ниво на воена одбрана базирана на хардвер

Безбедноста е суштината на Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra. Платформата Samsung Knox обезбедува заштита во реално време за хардверот и за софтвер на уредот. Создадовме безбеден процесор посветен на заштитата на вашите PIN, лозинка, шема и приватен клуч во Blockchain. А со безбедната биометриска автентикација, вашите приватни податоци остануваат приватни.

ДОЗНАЈTE ПОВЕЌЕ
Galaxy S20 Ultra наведнат наназад и гледан под агол од три четвртини. Неговата сенка изгледа како брава, а на екранот има илустрација на безбеден процесор. Има пет слоја што изгледа како да излегуваат од екранот во лак, претставувајќи ги петте слоеви на безбедност од Samsung Knox: TrustZone Architecture, Runtime Protection and Encryption, SE for Android, Management Framework, Container
Изведба

Мислете брзо и работете побрзо

Подобрениот процесор со вградена напредна интелигенција и моќна RAM-меморија ги прави Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra брзи и сигурни за истовремено управување со повеќе задачи со леснотија. Ги учи вашите мобилни шеми според најчесто користените апликации за персонализирана изведба, па дури и ви дозволува претходно вчитување и побрзо извршување на омилените апликации што ќе ги одредите.

*Достапен во 16GB (Galaxy S20 Ultra LTE), 12GB (Galaxy S20 Ultra LTE) и 8GB (Galaxy S20 и S20+). Капацитетот на RAM-меморијата може да се разликува во зависност од моделот и земјата.

*Достапен во 16GB (Galaxy S20 Ultra LTE), 12GB (Galaxy S20 Ultra LTE) и 8GB (Galaxy S20 и S20+). Капацитетот на RAM-меморијата може да се разликува во зависност од моделот и земјата.

Илустрација на напредниот процесор во телефоните од серијата Galaxy
Моќност

Моќност што ќе ви овозможи непречено одвивање на работата преку целиот ден

Батериите на Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra не се само моќни, тие се и интелигентни, оптимизирајќи го користењето на апликациите за да испорачаат моќност што го надминува работното време. А потоа, кога ви треба полнење, Супер брзото полнење и Брзото безжично полнење 2.0 ви даваат моќност за миг, а функцијата Wireless PowerShare ги полни вашите слушалки, часовникот, па дури и телефонот на вашиот пријател.

Galaxy S20 Ultra гледан во режим на пејзаж со ноќно небо на градот на екранот. Месечината е прикажана половина на екранот и половина надвор од него. Илустрирана икона на ѕиден приклучок со молња внатре за Супер брзо полнење. Илустрирана икона на телефон поставен врз друг телефон со молња во средината за функција Wireless Powershare. Илустрирана икона на круг со молња внатре за Брзо безжично полнење 2.0

*USB Implementers Forum, Inc. (USB-IF) беше основан во 1995 година за поддршка и забрзување на усвојувањето на USB-компатибилните уреди на пазарот и од страна на потрошувачите. Супер брзото полнење на Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra е сертифицирано за усогласеност со USB-стандардите, што значи дека вашите производи ги исполнуваат највисоките стандарди во индустријата. Овој сертификат може да го најдете на www.usb.org со TID 2683, TID 2684.

*Брзото безжично полнење 2.0 моментално достапно со безжичниот држач за полнење, двојната подлога за безжично полнење и други уреди кои поддржуваат безжично полнење од 10W или повеќе. Се продаваат одделно. Фактичката брзина на полнење може да се разликува во зависност од фактичкото користење, условите за полнење и други фактори. Безжичниот полнач бара поврзување со напојување. Се препорачува користење на кабелот за полнење и/или адаптерот за патување од кутијата при употреба на предмети од трети страни што може да предизвикаат оштетување на безжичниот држач за полнење и двојната подлога за безжично полнење или намалување на брзината на полнење. Безжичното полнење под 5W (нормален режим) е компатибилно со WPC.

*Функцијата Wireless PowerShare е ограничена на Samsung или други брендови на паметни телефони со безжично полнење Qi, како што се Galaxy S20, S20+, S20 Ultra, Note10, Note10+, S10e, S10, S10+, S9, S9+, S8, S8+, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge+, Note9, Note8, Note FE, Note5 и апарати за носење, како што се Galaxy Watch Active 2, Galaxy Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Ако напојувањето на батеријата е помалку од 30%, функцијата Wireless PowerShare можеби нема да функционира. Може нема да работи со одредени додатоци, маски или други уреди од брендот. Може да влијае врз приемот на повиците или интернет-услугите, во зависност од мрежната средина.

IP68

Работа во предизвикувачки средини

Кога сте на терен, не треба да се грижите за уредот. Стандардот на Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra имаат оценка IP68 за заштита од прашина или брзо натопување во вода.

*IP68 се базира на услови за тестирање за потопување во слатка вода до 1,5 метри во траење до 30 минути.
Galaxy S20 Ultra гледан од задната страна, со крупен кадар на четворната задна камера, со вода што прска врз аголот
Екран

Многу мазен и светол екран

Екранот Infinity-O Display на Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra има Dynamic AMOLED 2X, којшто е екран од 120 Hz за порамномерно лизгање и прецизен одговор на допир. Истовремено, не ги заморува очите, намалувајќи ја сината светлина за помал замор ноќе. Плус, го открива вашето опкружување и го прилагодува нивото на осветленост за јасен приказ, во затворен простор или на отворено.

*Екранот Dynamic AMOLED 2X на Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra доби сертификат од VDE Германија за 100 проценти волумен на мобилна боја во опсегот на бои DCI-P3, што значи дека сликите не се избледени и ќе добиете неверојатно живописни бои без разлика на различните нивоа на осветленост.

*Стандардниот режим на екранот е 60 Hz. Потребно е сменување на поставката за екранот за режим од 120 Hz.

*SGS, водечката светска компанија за сертификација, на екранот на Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra му додели сертификат за нега на очите врз основа на неговата способност драстично да ги намали штетните ефекти на сината светлина. Овој сертификат може да го најдете на www.sgs.com/

Рака држи Galaxy S20 Ultra пред облакодер во изградба, а сликата продолжува на дисплеј Infinity-O, со жена која користи Galaxy S20 Ultra додека седи на нејзиното седиште во темен авион
Четворица стојат околу маса со графикони врз неа, а еден од нив покажува на екранот на Galaxy S20 Ultra со текст што вели „Приспособен за бизнис“

Телефон приспособен за начинот на вашата работа

На денешниот работник му е потребен телефон којшто беспрекорно ќе се вклопи во секаков вид на простор за работа и ќе понуди ефикасно решение за деловно работење. Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra се приспособени за начин на живот со еден уред и ви овозможуваат да работите каде било со Samsung DeX, лесно да создавате и да чувате содржини и веднаш да ги споделувате преку брза поврзливост и решенија за лесно споделување.

Samsung DeX

Искусете ја подвижната канцеларија во вистинската смисла на зборот

Едноставно поврзете ги Galaxy S20, S20+ или S20 Ultra со вашиот монитор или ТВ за да добиете искуство на подвижна канцеларија на голем екран. А сега, само со USB-кабел, Samsung DeX за компјутер ви овозможува да влечете и спуштате датотеки, да копирате и лепите и да извршувате повеќе задачи истовремено како на вашиот телефон, така и на вашиот компјутер или Mac.

*Кабелот USB-C до HDMI и додатоците се продаваат одделно.

ДОЗНАЈTE ПОВЕЌЕ
Едната половина прикажува монитор на масата поврзан со Galaxy S20 Ultra преку Samsung DeX. Galaxy S20 Ultra го прикажува почетниот екран, а на екранот на мониторот е работната површина на Samsung DeX. Другата половина од сликата е лаптоп поврзан со Galaxy S20 Ultra преку Samsung DeX, со почетниот екран на дисплеј Infinity-O, а на екранот на лаптопот се прикажува работната површина на Samsung DeX
Камера

Многу висока резолуција за вашиот бизнис

Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra имаат камери со многу висока резолуција и просторното зумирање за неверојатно детални фотографии за прецизно снимање информации за деловни одлуки. Покрај подобрената технологија при слаба осветленост и Супер стабилноста, моќната камера снима и 8K, видео со највисока резолуција достапна на мобилен уред, за јасни снимки и на терен и во канцеларија.

*Зумот со супер резолуција вклучува дигитален зум, којшто може да предизвика влошување на сликата.

Два телефони Galaxy S20 Ultra, еден гледан од задната страна а другиот гледан од предната страна со слика на позадината од меурчина. Задната камера се содржи од камери, со 12MP, F2.2 Ултра широка камера,108MP, F1.8 Широко-аголна камера, и 48MP, F3.5 Телефото камера. Предната камера се содржи од 40MP, F2.2 Предна камера. Подолу има текст на кој пишува Galaxy S20 3 пати хибриден оптички зум, и висока резолуција од 64MP; Galaxy S20 Ultra 10 пати хибриден оптички зум, 100 пати зум со супер резолуција и висока резолуција од 108MP .
Простор за складирање

Простор за складирање на ниво на лаптоп во вашата дланка

Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra овозможуваат огромен простор за складирање за сите ваши датотеки и медиуми со висока резолуција, а може да складирате уште повеќе во microSD-картичката. Преземајте датотеки и создавајте содржина без да се грижите колку простор имате.

*Достапен во 512 GB (Galaxy S20 Ultra LTE) и 128 GB (Galaxy S20,S20+ и S20 Ultra LTE). Простор за складирање до 1,5 TB достапен само во моделoт Galaxy S20 Ultra LTE од 512 GB со microSD-картичка од 1 TB. Фактичкиот достапен простор за складирање може да се разликува во зависност од претходно инсталираниот софтвер.

*До 1 TB надворешен простор за складирање. MicroSD-картичката се продава одделно и нејзината достапност може да се разликува во зависност од земјата и производителот.

Galaxy S20 Ultra гледан во режим на пејзаж со повеќе слики што се појавуваат на екранот и прикажуваат разни нацрти, илустрации, дизајни и фотографии за да ги претставуваат сите медиуми што може лесно да ги складирате во огромниот простор за складирање во серијата Galaxy
Брзо споделување

Споделувајте лесно и брзо

Непречено префрлајте ги датотеките до вашите соработници во близина без да се поврзувате на мрежа. Брзо споделување ви дозволува да изберете до пет лица во близина и да ја споделите вашата датотека веднаш.

*Достапно на претходната серија на Galaxy кога се ажурираше на Android 10 по лансирањето на Galaxy S20.

Тројца мажи држат телефони Galaxy S20 Ultra, еден со интерфејс за Брзо споделување на екранот, а друг со Галерија на екранот
Фотографија насочена кон небото помеѓу повеќе стаклени облакодери, преклопена со текст што вели „Спремен за бизнис“

Телефон спремен за вашиот бизнис

Водејќи сметка и за организациите и за малите бизниси при создавањето, Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra работат непречено со водечки деловни решенија. Од лесно управување до техничка поддршка, па дури и безбедносни ажурирања, вашиот уред ќе биде подготвен да го одведе вашиот бизнис подалеку.

Спремен за организација

Производ со решенија за корпорациска одговорност

Samsung им овозможува на организацииите да усвојат интегрирани мобилни технологии со висока изведба за да ги трансформираат и приспособат деловните активности, истовремено обезбедувајќи раст преку иновативноста.

Петмина во сала за состаноци гледаат нешто на лаптоп и запишуваат белешки
Издание за организација

Сеопфатни мобилни решенија за организацијата

Изданието за организации нуди деловна ефикасност со заштеда на трошоците и ви помага лесно да воспоставите мобилен екосистем во организацијата. Доаѓа со Knox Configure, којашто оддалеку групно ги конфигурира поставките на уредот Samsung и Knox E-FOTA на услугите за УМУ (Управување со мобилни уреди) за одржување на верзиите на оперативните системи. Изданието за организации истовремено поддржува 4-годишно издание за безбедносно одржување и 2-годишна достапност на пазарот за деловен континуитет.

*Изданието за организации е достапно само за Galaxy S20 и S20+.
*Контактирајте со тимот за продажба за повеќе информации за цените и достапноста.

*Изданието за организации е достапно само за Galaxy S20 и S20+.
*Контактирајте со тимот за продажба за повеќе информации за цените и достапноста.

Два телефони Galaxy S20 Ultra, едниот прикажан од задната, а другиот од предната страна со виолетов графички тапет на екранот. Графичкиот приказ вели Услуга, Knox Configure, E-FOTA на MDM. Друг графички приказ вели Поддршка, Широки безбедносни лепенки, Гарантирана достапност на пазарот
Техничка поддршка за организација

Премиум техничка поддршка за вашиот бизнис

Добијте директен пристап до нашиот тим на експерти за мобилност во организацијата преку назначено лице за контакт. Со стручната поддршка за хардверски и софтверски проблеми на Samsung, од верзијата на оперативниот систем и безбедносните ажурирања до решенијата за организацијата, вашиот бизнис може непречено да работи.

ДОЗНАЈTE ПОВЕЌЕ
Три форми, една со илустрирани икони што претставуваат паметен телефон, таблет, и паметен часовник и текст што вели „Широка покриеност на поддршката“. Другата има илустрирана икона што претставува паметен телефон со запченици на екранот и текст што вели „Неспоредлива поддршка на Samsung“. Третата е илустрирана икона на лице со слушалки и три стрели насочени кон нив, со текст што вели дека „Единствено место за контакт“
Мобилна регистрација на Knox

Групна регистрација на уреди со брзо распоредување

Спремета ја вашата организација брзо со Galaxy S20 и S20+. Мобилната регистрација на Knox е лесна услуга за распоредување којашто ви овозможува брза регистрација на голем број на уреди Galaxy S20 и S20+ во УМО (Управување со мобилноста во организациите) оддеднаш, без поединечно рачно регистрирање на секој уред.

ДОЗНАЈTE ПОВЕЌЕ
Лице работи на Galaxy Tab S6 со интерфејсот на „Мобилна регистрација на Knox“ на екранот и три кутии на Galaxy S20 Ultra во заднина
Спремен за мали и средни претпријатија

Работете ефикасно и ефективно

Samsung обезбедува решенија за мобилност по прифатливи цени, коишто го менуваат начинот на водење на вашиот мал бизнис, овозможувајќи ви да ги постигнете вашите деловни амбиции со зголемување на продуктивноста и управливоста.

Две лица седат на шанк на кафуле и гледаат во документи и лаптоп
QR-код/Повеќекратен систем на датотеки

Вградени решенија за мали бизниси

Создадете персонализирана дигитална визит-картичка со QR-код на вашиот телефон за да може едноставно да ги пренесете информациите за контакт за вашиот бизнис. Уште повеќе, Повеќекратниот систем на датотеки ја поддржува вашата секојдневна работа, овозможувајќи ви да ги чувате вашите датотеки при рака и да пристапувате од далечина преку Samsung Cloud или мрежно складирање преку FTP.

Две лица, секое од нив држи Galaxy S20 Ultra. Едното лице го држи телефонот со QR-код на екранот, а другото го користи својот телефон за да го скенира QR-кодот
Управување на Knox

Лесно управување базирано на облак

Лесно управувајте со група на уреди Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra со решенија за УМО базирани на облак, коишто ја зголемуваат деловната ефикасност. Управувањето на Knox да дава можност за управување на администраторот за информатичка технологија преку контрола на уредот оддалеку и решавање на проблемите во реално време, истовремено спречувајќи откривање доверливи деловни податоци со ограничување на ненамерните дејства.

ДОЗНАЈTE ПОВЕЌЕ
Жена седи на биро и го држи својот Galaxy S20 Ultra, со интерфејсот на „Управување на Knox“ на екранот