Congratulations, your trade-in discount has been applied. smb
<%= title %> <% if (!!discountAmount) { %> <%= discountAmount %> <% } %> <% if (!!tradeInAmount && !!additionalDiscount) { %> <%= tradeInAmount %> <%= additionalDiscount %> <% } %>
<%= deviceSummary %>
<% if (quantityChangeable) { %>
Add Samsung Care+ for Business
Дознај повеќеYou love it, we cover it. Protection for your new Galaxy device from the people who know it best
Please select Samsung Care + for Business or "No Coverage"
-
<% options.forEach((option) => { %>
-
<% if(hasChildren) { %>
<% } else { %> <% } %>
<% }) %>
*All prices include insurance premium tax
key features
-
Издржливост за на терен
-
Заменлива батерија
-
Samsung Knox ја штити Вашата приватност на секое ниво
Опремен за Вашата средина
Издржлив телефон наменет за користење на терен. Дизајнот на двата XCover Key Ви овозможува да го приспособите пристапот до апликациите кои Ви требаат со само едно притискање. Dual LED Ви помага во доживувањата за кои Ви треба слаба осветленост, додека Service LED трепка кога примате пораки. А, со поддршката за полнење POGO, Вашиот XCover Pro е веднаш подготвен за употреба.
Издржливост за на терен
Galaxy XCover Pro ги исполнува IP68 и MIL-STD 810G стандардите, така што е доволно издржлив да се спротивстави на суровите надворешни услови. Без разлика дали работите на терен или решавате проблеми на локација за производство, Ви овозможува практично ракување, така што ќе бидете чекор пред работната задача.
*IP68 проценка: Водоотпорен дури и до 1,5 метри слатка вода до 30 минути и заштитен од прашина, земја и песок.*MIL-STD 810G е стандардизиран начин на тестирање создаден од Војската на САД за соодветна проценка на ограничувањата на уредот. Методите на тестирање вклучуваат тест со фрлање од висина од 1,2 метри на ударна површина од иверица којашто се наоѓа врз бетон.
Резолуција што се истакнува
Имајте беспрекорен поглед на сите места каде што ќе Ве однесе животот. 6,3 инчниот екран со висока резолуција на Galaxy XCover Pro овозможува оптимално искуство при гледање фотографии, мапи и друга визуелна содржина додека ја истражувате природата или сте надвор на терен.
*Екранот се мери дијагонално како цел правоаголник без да се сметаат заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и дупката за камера.
Зголемена осетливост на допир
Кога треба да носите ракавици додека работите, Galaxy XCover Pro се грижи работата безбедно да се заврши. Зголемената осетливост на екранот им овозможува на теренските инженери, работниците во фабрики и тимовите на градилиштата глатко да си ја вршат работата, истовремено штитејќи ги своите раце.
Камери подготвени за на терен
Двојната камера од 25 MP и 8 MP, како и предната камера од 13 MP на Galaxy XCover Pro, прават чисти фотографии дури и кога сте надвор на терен. Live Focus Ви овозможува да ја заматите заднината кога сакате некој објект да се истакне од пејзажите, а со LED Torch Light може да ги осветлите сцените со слабо осветлување.
*Перформансот на камерата може да се разликува во зависност од условите на опкружувањето.
Заменлива батерија
За работни текови коишто бараат продолжена функционалност. Galaxy XCover Pro е креиран со моќна заменлива батерија од 4,050 mAh. Може да ја замените батеријата и да останете фокусирани на задачата долго време додека сте на деловни патувања или пак, на терен, и не Ви е достапен извор на електрична енергија.
*Дополнителната батерија се продава посебно.**Сликата од производот може да се разликува од вистинскиот уред.***Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 3.950 mAh (Номинален капацитет на батерија). Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.
Samsung Knox ја штити Вашата приватност на секое ниво
Платформата Samsung Knox, вградена во хардверот и софтверот на телефонот од самиот почеток, го штити Вашиот телефон од моментот кога ќе се вклучи. За повеќеслојна безбедност, таа ги штити Вашите најчувствителни информации од злонамерни софтвери и закани.
Спецификации
-
Процесор 2.3GHz, 1.7GHz
-
Тежина (g) 218
-
Време на репродуцирање аудио (часови) До 92
Поддршка
Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот
Најчести прашања
- Како да пренесувате податоци од iPhone или iPad на нов уред Galaxy со помош на Smart Switch
- Како да ги пренесете податоците и да направите резервна копија со помош на Smart Switch на телефон Galaxy
- Како да адаптирате Поставки за повик на телефон со Android
- Mетоди за отклучување на мојот паметен телефон Galaxy?
- Уредот ми покажува икона со капка вода и не се полни