Како да пренесувате податоци од iPhone или iPad на нов уред Galaxy со помош на Smart Switch

Кога првпат ќе го вклучите вашиот уред Galaxy, ќе ви се отвори страницата за добредојде. Допрете на „iPhone или iPad“. Изберете Wi-Fi мрежа, поставете ја сметката на Google и СИМ-картичката што би сакале да ја користите и започнете со Smart Switch.

Приказ на екранот за поставување на телефонот со опции за избирање Galaxy и Android или iPhone и iPad.

Чекор 1: Поврзување

Поврзете го новиот уред Galaxy со стариот iPhone или iPad со помош на USB-C-Lightning. Потврдете дека новиот Galaxy е доверлив уред за да ги пренесете податоците. Кога на iPhone или iPad ќе се појави предупредувањето „Trust this computer?“ (Дали овој компјутер е доверлив?), допрете на „Trust“ (Доверлив е).

Приказ на екраните на Smart Switch со барања за поврзување на iPhone или iPad со помош на USB-C-Lightning.

Чекор 2: Избирање

Изберете кои податоци сакате да ги пренесете од стариот уред и допрете на „Transfer“ (Пренеси)

Приказ на списокот на Smart Switch со опции за избор на податоци за пренесување.

Чекор 3: Увезување

Започнете го увезувањето и оставете Smart Switch да ја заврши целата работа. Вашиот Galaxy ќе биде подготвен за користење многу брзо. Кабелот нека биде поврзан. Штом ќе заврши поставувањето, може да го проверите статусот на преносот во известувањата.

 

Приказ на процесот на Smart Switch преку екраните за пренос на податоците од стариот телефон и подготвување на телефонот.

Чекор 4: Режим на пренесување

Заборавивте ли нешто? Допрете на „Get your iCloud data“ (Преземете ги податоците од iCloud) и пријавете се на сметката на iCloud. Изберете ја содржината што сакате да ја пренесете и допрете на „Import“ (Увези).

Имајте предвид:

  • За да пренесувате податоци од iCloud, мора да се пријавите на сметката на iCloud и да ја изберете содржината што сакате да ја пренесете, а потоа допрете на „import“ (увези).
  • Може, исто така, да преземете Android апликации што се совпаѓаат со вашите iOS апликации.

Како се пренесуваат поставките за екран, тастатура и поставки за навигација во нов уред Galaxy

Искористете го максимално искуството со вашиот претходен телефон преку Smart Switch за лесно и погодно пренесување на персонализираните поставки во новиот телефон.

Приказ на организирањето на процесот за поставување на телефонот со опции за пренос на почетниот екран и апликациите. Приказ на организирањето на процесот за поставување на телефонот со опции за пренос на почетниот екран и апликациите.

Чекор 1. Изберете ги опциите што сакате да ги пренесете за организирање на телефонот и допрете на „Следно“.

Приказ на процесот на поставување со опција за пренос на гестовите со прст и екранските копчиња. Приказ на процесот на поставување со опција за пренос на гестовите со прст и екранските копчиња.

Чекор 2. Изберете ги опциите што сакате да ги пренесете за движење низ телефонот и допрете на „Следно“.

Приказ на процесот за избирање распоред на тастатурата. Приказ на процесот за избирање распоред на тастатурата.

Чекор 3. Изберете ги опциите за тастатурата што сакате да ги пренесете во телефонот и допрете на „next“ (следно) за да го завршите процесот.

Благодариме за повратните информации