Етика

Етика

Праведна и транспарентна
корпоративна култура

Праведна и транспарентна
корпоративна култура

Ние го вградуваме интегритетот во структурата на нашето секојдневно
работење за да ја исполниме нашата социјална одговорност на
начин што му прилега на нашиот статус на врвна глобална компанија.

Ние го вградуваме интегритетот во структурата на нашето секојдневно
работење за да ја исполниме нашата социјална одговорност на
начин што му прилега на нашиот статус на врвна глобална компанија.

Поглед од земјата нагоре кон небото, меѓу две високи деловни згради со рефлектирачка стаклена надворешност. Поглед од земјата нагоре кон небото, меѓу две високи деловни згради со рефлектирачка стаклена надворешност.

Како што нашиот бизнис се шири во многу земји ширум светот, ние ги препознаваме и анализираме разликите во законите, прописите и праксата во соодветните земји додека вршиме деловни активности на законски и етички начин. Ние, исто така, развиваме и спроведуваме политики за глобална безбедност на лични податоци за да ја почитуваме приватноста на нашите клиенти и вработени и да ги заштитиме нивните лични податоци. Нашите напори за систематско управување со усогласеноста и етичките ризици произлегуваат од Глобалниот кодекс за однесување на Samsung и Упатствата за деловно однесување според кои се раководат сите вработени кога преземат нешто и кога прават проценки на вредноста. Нашиот тим за усогласеност, кој претходно беше под Правната служба, сега директно одговара на Главниот извршен директор, а раководителот на тимот за усогласеност присуствува на сите состаноци на одборот за да ги поддржи важните одлуки донесени од одборот. Раководиме посветени организации во секој деловен оддел и во регионалните кацеларии во странство за да управуваме со проблемите за усогласеност кои се однесуваат на секој бизнис и регион.

Управување со етика

Им го откриваме нашиот Глобален кодекс на однесување („Деловни принципи на Samsung“) на нашите снабдувачи, клиенти и други надворешни чинители, како и на нашите вработени преку нашата интернет-страница за управување со етика и обезбедуваме канал за пријавувуање какво било кршење на етичките стандарди. Покрај тоа, „Насоките за деловно однесување на вработените“ кои служат како етички стандарди за нашите вработени се преведени и достапни на вкупно 15 јазици (вклучувајќи и на корејски) и се префрлени на нашиот внатрешен интранет. Релевантните детали се дистрибуираат и се споделуваат меѓу сите наши вработени во целиот свет преку колективна, онлајн и аудио/визуелна обука која се нуди најмалку на годишно ниво, ако не и почесто. Исто така, на нашите снабдувачи им обезбедуваме посебни „Деловни насоки“ за да воспоставиме транспарентни деловни практики.

Податоците од 2018, 2019 и 2020 година се прикажани на 3 графикони во форма на пита. Од 375 извештаи во 2018 година; поплаки на потрошувачите 31 %, поврзани со корупција 20 % и други 48 %. Од 548 извештаи во 2019 година; поплаки на потрошувачите 28 %, поврзани со корупција 11 % и други: 61%. Од 649 извештаи во 2020 година; поплаки на потрошувачите 23 %, поврзани со корупција 6 % и други 71 %. Податоците од 2018, 2019 и 2020 година се прикажани на 3 графикони во форма на пита. Од 375 извештаи во 2018 година; поплаки на потрошувачите 31 %, поврзани со корупција 20 % и други 48 %. Од 548 извештаи во 2019 година; поплаки на потрошувачите 28 %, поврзани со корупција 11 % и други: 61%. Од 649 извештаи во 2020 година; поплаки на потрошувачите 23 %, поврзани со корупција 6 % и други 71 %.

Управување со усогласеноста

Нашата програма за усогласеност има за цел да воспостави корпоративна култура која е водена од усогласеноста, за да ги минимизира деловните ризици кои можат да настанат поради фиксирање на цените или кршење на правата од интелектуална сопственост и да преземе поголема одговорност во областите на човековите права, здравјето и безбедноста и животната средина. Системот за управување со програмата за усогласеност (CPMS), информатички систем развиен за управување со ризиците поврзани со усогласеноста, обезбедува следење на нашите политики специфични за областа и деталите за регионалните проблеми. Нашата Служба за помош функционира и им помага на вработените да поставуваат директни прашања до експертитие секогаш кога имаат прашања поврзани со работата или кога сметаат дека нашите насоки не се доволни за да се утврди законитоста. Нашиот систем на пријавување, развиен според CPMS за нашите вработени, работи на начин што цврсто ја гарантира доверливоста на пријавувачите.

Процес за управување
со усогласеноста

  • Превенција

    Понудете обука за вработените, обезбедете водичи за конкретна област, направете системска самоевалуација, управувајте со системот за помош (Help Desk), следете ги и управувајте со новите и ревидирани прописи

  • Мониторинг

    Спроведување редовен/ад-хок мониторинг преку специјални единици или персонал

Политика за приватност

Официјално ја објавивме нашата глобална стандардна политика за приватност и развивме релевантни политики кои ги рефлектираат регулаторните услови специфични за регионот и локалните карактеристики. Како резултат на ваквите активности, на нашите вработени им се дадени „Глобален водич за лични информации“ и „Водич за управување со користењето надворешни ресурси за обработка на личните податоци“ кои треба да се користат како прописи за управување. Раководиме со нашите процеси и системи на начин кој ги вградува релевантните политики во нашето секојдневно деловно однесување и продолжуваме да извршуваме ревизии и да нудиме обука за целата компанија.

  • Функционирање на специјални единици

    Создавање на Глобалната канцеларија за приватност во рамките на корпоративната правна служба под директно водство на генералниот директор, назначување адвокати задолжени за политиките за приватност во соодветните деловни сектори
    Назначување адвокати задолжени за политиките за приватност во соодветните деловни сектори

  • Зајакната ревизија на системите за раководење/управување со политиката за приватност

    Извршување редовни ревизии и спроведување на потребните подобрувања во нашите системи и сервиси кои функционираат за нашите клиенти и вработени, за нивниот менаџерски систем, технички систем и систем за физичка заштита со кој се регулира целиот процес на собирање, обработка и отстранување податоци

  • Обука за политика за приватност

    Обезбедување онлајн/офлајн обука за политика за приватност што ги зема предвид карактеристиките на работата специфични за одделот (планирање, истражување и развој, маркетинг итн.), како и основна обука насочена кон сите вработени

  • Функционирање на Систем за правно управување со приватноста (PLMS)

    Задолжително преземање превентивни мерки преку употреба на листа за проверка на ризикот за приватност на податоците изработена за да се разгледаат ризиците за приватноста на податоците во секоја фаза на производите и услугите, од планирање и развој до работење и прекинување, со истовремено прегледување на таа листа преку назначени адвокати