Alternative Text

Price without VAT:

Price with discount:

Price before:

Alternative Text

Price without VAT:

Price with discount:

Price before:

Додадете уште еден производ од списокот

Alternative Text

Price without VAT:

Price with discount:

Price before:

Додадете уште еден производ од списокот

Неспоредлив тип на производ

  • Дали 55-инчен телевизор е премал за мојот простор во дневната соба?

    55-инчниот телевизор е соодветен за употреба во дневната соба, но според истражувањата, телевизорите со поголеми екрани можат да овоможат поживописно гледање. Препорачуваме да го земете предвид растојанието на гледањето, локацијата и наменетата употреба пред да се одлучите за телевизор којшто ги задоволува Вашите потреби.
  • Оптималното растојание на гледање кога гледате на 55-инчен телевизор е 1,69 m (5,5 ft).
    Се доживува најживописно гледање кога екранот опфаќа 40 степени од видното поле.
  • Можете да ги измерите димензиите на 55-инчен телевизор (138 cm) така што ќе ја пресметате дијагоналната должина од горниот лев агол до долниот десен агол.
  • Технологијата HDR (High Dynamic Range) ги приспособува нивоата на светлото со цел да се добијат слики со поголеми нивоа на контраст и поширок спектар на бои во споредба со стандардни телевизори, резултирајќи со пореалистични слики. Телевизорите што поддржуваат HDR исто така се одлични за гејмери кои треба да ги лоцираат своите противници на потемните делови од екранот, со оглед на тоа што HDR може да направи висок контраст помеѓу светлите и темните делови.
  • Резолуцијата е поим којшто ја опишува густината во којашто овие минијатурни точки, попознати како пиксели, се подредени на екранот. Поединечните пиксели се спојуваат за да ја оформат сликата што се гледа на екранот. Како резултат на тоа, поголемиот број на пиксели значи поголема резолуција, овозможувајќи појасна и подетална слика. Има 55-инчни телевизори и со 4K и со 8K резолуции. 4K верзијата има резолуција од 3840 x 2160 пиксели, овозможувајќи многубројни детали и јасна слика. 8K верзијата овозможува уште повеќе детали и јасна слика со резолуција од 7680 x 4320 пиксели, што е четири пати повеќе од бројот на пиксели во 4K телевизор. Во оваа ултрависока резолуција е возможно да се прикажат неверојатно изострени и детални слики.
  • 55-инчниот QN90 Neo QLED телевизор е најдобар избор за гејминг, со поддршка за 4K резолуција и Режим на игра. Овозможува живописно гејминг доживување со карактеристики како Motion Xcelerator во фантастична стапка на освежување од 120Hz, мало доцнење на слика, FreeSync Premium Pro и 4 HDMI 2,1 порти за непречено поврзување.
  • Кога ќе го монтирате Вашиот телевизор, имате избор помеѓу држач или ѕиден носач. Ако се одлучите за држач, важно е да го имате предвид неговиот дизајн и димензиите и каде планирате да го поставите телевизорот. Од друга страна, ако се одлучите за ѕиден носач, земете ги предвид големината, тежината, како и аглите на гледање на телевизорот. Ѕидниот носач му овозможува на телевизорот да биде залепен за ѕидот, правејќи го просторот да изгледа елегантно и префинето.