Водич за купување телевизор

Што е 8K телевизор?

Сакаш да дознаеш повеќе за нов телевизор
кој ги поседува најновите напредни технологии во ТВ
индустријата? Добиј ги сите информации за 8K телевизор тука.

Што значи 8K?

8K телевизор е телевизор со екран од 7680 хоризонтални и 4320 вертикални пиксели кои заедно сочинуваат приближно 33 милиони пиксели. Буквата „K“ во 8K значи „kilo“ (1000), што значи телевизор кој постигнал хоризонтална резолуција од околу 8000 пиксели.

8K телевизор е телевизор со највисока резолуција кој беше пуштен неодамна помеѓу телевизорите со UHD (ултра висока дефиниција). Со четири пати повеќе пиксели од 4K телевизор—друг вид на UHD резолуција—8K телевизорот покажува поизострена и подетална слика. Ова е поради тоа што пикселите на 8K телевизорите се толку мали што не можат да се издвојат дури и гледано одблиску, што пак сликите со многу детали ги прави реални.

Види ја разликата во квалитетот на сликата

Па, колку се добри 8K телевизорите споредено со традиционалните телевизори? Ајде да ги споредиме со Full HD и 4K UHD телевизори за да видиме.

Резолуцијата на 8K телевизорите е 4 пати повисока од резолуцијата на 4K UHD телевизори и 16 пати повисока од резолуцијата на Full HD телевизори. Повисоката резолуција значи дека има повеќе пиксели кои го сочинуваат екранот. Со други зборови, на телевизори со иста големина, пикселите се погусто збиени во рамки на иста област, што овозможува пософистицирана и пореалистична слика. На тој начин, можеш неизмерно да се задлабочиш додека гледаш телевизија.

Терминот кој се користи за бројот на пиксели во одредена област се нарекува PPI - pixels per inch (пиксел на инч) и повисок PPI број значи поголема густина на пиксели. Типично, PPI треба да биде најмалку 50 или повеќе за да може да се гледаат разни видови видео-содржина. Па така, на 75-инчен 8K телевизор PPI е 117, додека на 4K телевизор и FHD телевизор вредностите се 59 PPI и 29 PPI, соодветно.

Истите слики од куче со различен квалитет ја покажуваат споредбата помеѓу 4K дефиниција и 8K висока дефиниција. Сликата со 8K висока дефиниција која се наоѓа на десната страна прикажува појасна слика од онаа со 4K дефиниција која се наоѓа на левата страна. Истите слики од куче со различен квалитет ја покажуваат споредбата помеѓу 4K дефиниција и 8K висока дефиниција. Сликата со 8K висока дефиниција која се наоѓа на десната страна прикажува појасна слика од онаа со 4K дефиниција која се наоѓа на левата страна.

Претвори го тоа што го сакаш во 8K со технологијата на скалирање AI Upscaling

Сите 8K телевизори имаат технологија за скалирање, меѓутоа секој производител вградува сопствена специфична технологија за да се добие 8K квалитет.

Во 2019 година беше претставен 8K телевизорот на Samsung со сопствена специјализирана 8K AI технологија за скалирање. AI технологијата за скалирање користи метод кој собира и учи разни карактеристики на содржината по вид, а потоа ги складира во база на податоци. Подоцна, ја користи таа база на податоци за повторно да обработува слични видови на слики, што придонесува за пософистициран процес на скалирање. Бидејќи скалирањето е многу важно и имаш повеќе избор, погрижи се да направиш споредба и да го избереш најдоброто.

8K телевизори, најновата ТВ технологија

8K телевизорите се сеопфатниот резултат од најсовремената технологија на панели на екран, технологијата на слики со највисок квалитет и најдобрата технологија за полупроводници. Како резултат на тоа, Samsung, како и некои други големи производители на телевизори, сега применуваат 8K резолуција на нивните врвни модели на телевизори. Ако сакаш да го купиш најдобриот телевизор кој е достапен во моментот, тогаш 8K телевизорот е вистинскиот избор.