Sound Tower MX-ST50F 240 вати Пренослив звучник
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Ослободи го ритамот каде и да си1
Брз преглед на клучните карактеристики
Моќен звук за забава
Секоја песна звучи како светски хит
Препушти се на моќен, висококвалитетен звук со нов елегантен дизајн. Двојни вуфери и три приспособени бас режими создаваат длабоки и моќни ниски тонови што се приспособуваат на секаква атмосфера – без разлика дали организираш диско вечер или уживаш во опуштена атмосфера. Плус, двојните високотници опремени со брановодник овозможуваат поширок опсег на високи фреквенции за поостри и појасни детали на секоја нота.
Party Lights +
Освој ја ноќта со приспособливи светла за забава
Диктирај го расположението со приспособливо осветлување. Надградениот LED-дизајн на системот Sound Tower ти овозможува да додадеш свечена нота на твоите настани со голем избор на ефекти и опции за бои. Преку мобилната апликација лесно синхронизирај го осветлувањето со музиката и атмосферата.
18 часа репродукција
Одржувај го ритамот со заменлива батерија
Уживај до 18 дена со едно полнење. Со својата долготрајна батерија, Sound Tower ти овозможува да уживаш во непрекинат звук каде и да си - без употерба на кабли - со моќност што не дозволува забавата да прекине. Кога LED индикаторот ќе сигнализира ниско ниво на батерија, едноставно замени ја со нова и уживај во музиката без прекин.
Grip & Roll
Зграпчи ја рачката и понеси ја забавата со себе
Понеси ја забавата каде и да одиш. Со вградени тркалца и телескопска рачка која може да се приспособи на пет различни нивоа, Sound Tower е лесно пренослив - што го прави совршен за надворешна употреба.
Квалитет на звук
Висока моќност од 240 вати
Размрдај ја забавата со максимална излезна моќност од 240WЗголеми ја јачината на звукот и ослободи максимални 240 вати моќен звук со длабок, динамичен бас. Без разлика дали слушаш дома или организираш дружба, овој голем звучник за забави нуди богат, моќен звук што го прави секој ритам кристално јасен и реалистичен.
Брановодник
Почувствувај поширок опсег на дисперзија на звукСлушај кристално јасни и детални високи тонови низ целата просторија. Waveguide технологијата ја оптимизира дисперзијата на звукот од двојните високотонци, создавајќи звук што се шири и ја исполнува просторијата, со поголема јасност и ново доживување на звукот.
3 бас режими
Приспособи го басот според твојот вкусПостави го басот како што сакаш. Избери од трите приспособени режими – длабок, моќен и нежен – за да ја добиеш длабочината и моќта што одговара на твојот звук, без разлика дали станува збор за длабок бас, музичка прецизност или балансирано секојдневно слушање.
Употребливост
IPX4 отпорен на прскање
Нека забавата продолжи, без разлика дали врне или грее сонцеУживај во забавата на отворено со самодоверба. Со водоотпорниот дизајн на Sound Tower, забавата можеш да ја однесеш надвор без да се грижиш за ненадеен дожд или ненамерни прскања од која било страна.
Апликација Samsung Sound Tower
Контролирај ја атмосферата и музиката од мобилниот телефон без макаПодобри го Sound Tower искуството со помош на телефонот и новата, едноставна апликација. Лесно прилагоди светла и музика и уживај во моќен звук за миг.
Поврзување
Jam Session
Загосподари со сцената со DJ Booth за глас и гитараСветот е твоја сцена. Користи ефекти како FX и семплери за го засилиш вокалот во режим на караоке со поврзан микрофон или приклучи гитара преку двојните приклучоци за микрофон за да ги збогатиш твоите рифови. Овој звучник за забави овозможува да ја ослободиш суперѕвездата во себе – и да го слушнат твојот глас, гласно и јасно.
Group Play со Auracast™
Пуштај музика на цел гласПодигни го нивото на забавата. Безжично поврзи до десет Sound Tower системи преку Auracast за да создадеш сеприсутен, моќен звук што го исполнува просторот и ја носи ноќта на ново ниво.
Stereo Play со TWS
Засили го звукот на твојот TV со True Wireless StereoПодобри го искуството на гледање во TV или мобилен телефон со живописниот стерео звук. Едноставно постави два звучници од двете страни на екранот и активирај го стерео режимот преку копчето или апликацијата. Вистинската безжична стерео технологија овозможува богат, реалистичен звук што ги оживува сцените.
Bluetooth® поврзување на повеќе уреди
Поврзи два паметни телефони и дуплирај ја забаватаПоврзи до два паметни телефони на Sound Tower системот истовремено и менувај помеѓу твоите омилени плејлисти. Повеќекратното спарување преку Bluetooth овозможува непречено префрлање помеѓу уредите, така што музиката никогаш не запира.2
USB влез
Стримувај музика од надворешни уреди со леснотијаУживај во моментална репродукција со вградениот USB порт. Само поврзи компатибилен уред и започни со слушање.