MX-ST40F Sound Tower – Bluetooth пренослив звучник за забави
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Носи ја забавата со себе1
Брз преглед на клучните карактеристики
Моќен звук за забава
Секоја песна звучи како светски хит
Препушти се на моќен, висококвалитетен звук со нов елегантен дизајн. Двојни вуфери и три приспособени бас режими создаваат длабоки и моќни ниски тонови што се приспособуваат на секаква атмосфера – без разлика дали организираш диско вечер или уживаш во опуштена атмосфера. Плус, двојните високотници опремени со брановодник овозможуваат поширок опсег на високи фреквенции за поостри и појасни детали на секоја нота.
Party Lights +
Освој ја ноќта со приспособливи светла за забава
Диктирај го расположението со приспособливо осветлување. Надградениот LED-дизајн на системот Sound Tower ти овозможува да додадеш свечена нота на твоите настани со голем избор на ефекти и опции за бои. Преку мобилната апликација лесно синхронизирај го осветлувањето со музиката и атмосферата.
12 часа репродукција
Одржувај го ритамот со заменлива батерија
Продолжи ја забавата до 12 часа со едно полнење. Со својата долготрајна батерија, Sound Tower ти овозможува да уживаш во непрекинат звук каде и да си, без употерба на кабли. И кога LED индикаторот ќе покаже дека е време за полнење, можеш едноставно да ја замениш батеријата – за музиката никогаш да не престане.
Jam Session
Загосподари со сцената со DJ Booth за глас и гитара
Светот е твоја сцена. Користи ефекти како FX и семплери за го засилиш вокалот во режим на караоке со поврзан микрофон или приклучи гитара преку двојните приклучоци за микрофон за да ги збогатиш твоите рифови. Овој звучник за забави овозможува да ја ослободиш суперѕвездата во себе – и да го слушнат твојот глас, гласно и јасно.
Квалитет на звук
Висока моќност од 160 вати
Размрдај ја забавата со максимална излезна моќност од 160 WЗголеми ја јачината на звукот и ослободи максимални 160 вати звук со длабок, динамичен бас. Без разлика дали е во затворен простор или на отворено, овој голем звучник за забави испорачува богат звук што ја разгорува возбудата.
Брановодник
Почувствувај поширок опсег на дисперзија на звукСлушај кристално јасни и детални високи тонови низ целата просторија. Waveguide технологијата ја оптимизира дисперзијата на звукот од двојните високотонци, создавајќи звук што се шири и ја исполнува просторијата, со поголема јасност и ново доживување на звукот.
3 бас режими
Приспособи го басот според твојот вкусПостави го басот по твој вкус со три режими – длабок, моќен и нежен – за да добиеш звук што совршено одговара на секоја прилика, од силен бас до избалансирано секојдневно слушање.
Употребливост
IPX4 отпорен на прскање
Нека забавата продолжи, без разлика дали врне или грее сонцеУживај во забавата на отворено со самодоверба. Со водоотпорниот дизајн на Sound Tower, забавата можеш да ја однесеш надвор без да се грижиш за ненадеен дожд или ненамерни прскања од која било страна.
Апликација Samsung Sound Tower
Контролирај ја атмосферата и музиката од мобилниот телефон без макаПодобри го Sound Tower искуството со помош на телефонот и новата, едноставна апликација. Лесно прилагоди светла и музика и уживај во моќен звук за миг.
Поврзување
Group Play со Auracast™
Пуштај музика на цел гласПодигни го нивото на забавата. Безжично поврзи до десет Sound Tower системи преку Auracast за да создадеш сеприсутен, моќен звук што го исполнува просторот и ја носи ноќта на ново ниво.
Stereo Play со TWS
Засили го звукот на твојот TV со True Wireless StereoПодобри го искуството на гледање во TV или мобилен телефон со живописниот стерео звук. Едноставно постави два звучници од двете страни на екранот и активирај го стерео режимот преку копчето или апликацијата. Вистинската безжична стерео технологија овозможува богат, реалистичен звук што ги оживува сцените.
Bluetooth® поврзување на повеќе уреди
Поврзи два паметни телефони и дуплирај ја забаватаПоврзи до два паметни телефони на Sound Tower системот истовремено и менувај помеѓу твоите омилени плејлисти. Повеќекратното спарување преку Bluetooth овозможува непречено префрлање помеѓу уредите, така што музиката никогаш не запира.2
USB влез
Стримувај музика од надворешни уреди со леснотијаУживај во моментална репродукција со вградениот USB порт. Само поврзи компатибилен уред и започни со слушање.