Политика за употреба на “колачиња” на Samsung

Ажурирано 10/12/2020

Оваа Политика за користење на колачиња ги опишува разните видови на колачиња кои може да бидат употребени во врска со веб-страница поседувана или контролирана од Samsung Electronics Co. Ltd (Кореја) и Samsung Electronics UK Limited (заедно: “Samsung Electronics”). Оваа Политика исто така опишува како Вие можете да управувате со колачињата.

Важно е често да се навраќате за да проверите дали има некакви ажурирања на оваа Политика, имајќи предвид дека можеме да ја менуваме истата од време на време за да ја изразиме промената во нашето користење на колачиња. Ве молиме проверете го датумот на почетокот на оваа страна за да видите кога оваа Политика била изменета последно. Измените ќе стапат на сила штом изменетата Политика ќе ја објавиме на нашата веб-страница.

Samsung Electronics има свои канцеларии низ Европа, така што можеме да обезбедиме Вашето барање или прашање да бидат разгледани од тимот за заштита на податоци кој се наоѓа во Вашиот регион. Доколку имате било какви прашања, најлесниот начин за да нѐ контактирате е преку нашата веб-страница за подршка на приватноста - https://www.samsung.com/request-desk .

Исто така, можете да нѐ контактирате и кај:

Европскиот офицер за заштита на податоци
Самсунг Електроникс (ОК) Лимитед (Samsung Electronics (UK) Limited)
Самсунг Хаус, 1000 Хилсвуд Драјв, Чертсеј, Суреј KT16 0PS
(Samsung House, 1000 Hillswood Drive, Chertsey, Surrey KT16 0PS)

Вашите права за заштита на лични податоци можете да ги остварите на начинот опишан во Политиката за приватност. За повеќе информации во врска со приватноста, Ве упатуваме на нашата политика за приватност.

Колачиња

Колачињата се мали фајлови кои пренесуваат/складираат информации на Вашиот компјутер, телевизор, мобилен телефон или друг уред. Тие му овозможуваат на субјектот кој ги пренесува колачињата на Вашиот уред, да Ве препознае низ различни веб-страници, услуги, уреди и/или прелистувачи. Колачињата служат за многу корисни цели. На пример:

• Колачињата можат да ги запаметат Вашите лозинки за логирање така што нема да има потреба да ги внесите истите повторно секогаш кога ќе се вклучите за да користите определена услуга.
• Колачињата ни помагат нам и на трети страни да разбереме кои делови од нашите услуги се најпопуларни бидејќи ни помагаат да видиме кон кои веб-страници и услуги посетителите пристапуват и колку време тие поминуваат на нив. Преку истражување на овој тип на информација, можеме подобро да ги приспособиме услугите на нашата веб-страница и да Ви овозможиме подобро искуство.
• Колачињата ни помагаат нам и на трети страни да разбереме кои реклами сте ги виделе така што да можеме да создадеме порелевантна комуникација и услуга за Вас.
• Колачињата ни помагаат нам и на трети страни да Ви обезбедиме релевантна содржина и рекламирање преку собирање на информација за Вашето користење на нашите услуги и други веб-страници и апликации.

Кога пристапувате на веб-страницата, ќе бидете прашани дали ги прифаќате сите колачиња од нашата алатка за управување со колачиња, кои се категоризирани по видови опишани во повеќе детали подолу. Оваа алатка, исто така, Ви овозможува да ги прилагодите Вашите посакувани подесувања да прифатите одредени колачиња, доколку не сакате да ги прифатите сите колачиња. Вие, исто така, можете да ги прилагодите Вашите посакувани подесувања во поставките на Вашиот пребарувач кои ќе влијаат на тоа кои колачиња можете да ги видите на нашата алатка за управување со колачиња (на пример, нема да можете да ги видите колачињата од трети страни). Секој пребарувач е различен, па погледнете ја опцијата “Помош” на Вашиот пребарувач за да дознаете како да ги промените Вашите посакувани подесувања за колачиња. Оперативниот систем на Вашиот уред може да содржи дополнителни контроли за колачиња.
Ве молиме имајте во предвид дека некои аспекти на нашата веб-страница се направени да функционираат само преку користење на колачиња и дека оневозможувањето на колачињата може да влијае врз способноста да се употребат тие аспекти на нашата веб-страница или одредени делови од нив. За повеќе информации за тоа како Вашите посакувани подесувања влијаат врз функционалноста на веб-страницата, Ве молиме употребете ја нашата алатка за управување со колачиња: Cookies Management Tool.

На нашата веб-страница ги употребуваме следните видови на колачиња:

Неопходни колачиња: овозможуваат да ги примите побараните услуги преку нашата веб-страница. Без постоењето на овие колачиња, услугите кои ги барате нема да можат да Ви бидат дадени. На пример, неопходните колачиња ни овозможуваат нам да запаметиме кои производи ги внесувате во кошницата за пазарење и за да можете да нарачувате производи. Овие колачиња автоматски се вклучуваат и не можат да бидат исклучени бидејќи се неопходни за да Ви овозможат пристап на нашата веб-страница. Без употребата на овие колачиња нашите услуги на веб-страницата и е-продавницата нема да можат да бидат обезбедени.

Овој тип колачиња ќе ги употребуваме 13 месеци.

Изведбени колачиња: овозможуваат да ги анализираме перформансот и дизајнот на нашата веб-страница и да ги пронајдеме грешките. На пример, овој вид на колачиња ни овозможуваат да препознаеме дека претходно сте ја посетиле нашата веб-страница и покажуваат кои делови од нашата веб-страница се најпопуларни со тоа што ни дозволува да погледнеме кон кои страници посетителите најчесто пристапуваат и колку време посетителите остануваат на секоја страница. Користиме, без ограничување, Гугл Аналитикс (Google Analytics), Адоб (Adobe) и други слични колачиња за аналитика за да го постигнеме ова.

На пример, информацијата која произлегува од колачињата за употребата на веб-страницата ќе биде складирана на Гугл серверот во САД и Вашата идентификациона адреса (IP - адреса) ќе биде преходно скратена од Гугл. Само во исклучителни случаи, Вашата целосна идентификациона адреса (IP – адреса) ќе биде пратена до Гугл серверот во САД и ќе биде скратена таму. Во наше име, Гугл ќе ја употреби информацијата со цел да изврши составување на извештаи за активностите на веб-страницата и да овозможи други услуги кои се поврзани со активноста на веб-страницата и употребата на интернет. Идентификационата адреса (IP - адресата) испратена од Вашиот пребарувач како дел од Гугл Аналитикс нема да биде поврзана со било кои други податоци кои ги има Гугл.

За повеќе информации за други даватели на услуги, Ве молиме контактирајте нѐ на тој начин што ќе ја посетите нашата страница за подршка на приватноста: https://www.samsung.com/request-desk.

Овие колачиња автоматски се исклучуваат и можат да бидат прилагодени согласно Вашите преференции.

Овој тип колачиња ќе ги употребуваме 13 месеци.

Функционални колачиња: ни овозможуваат да Ви понудиме подобро корисничко искуство. На пример, овој вид на колачиња овозможуваат информацијата која ќе биде прикажана при Вашата наредна посета да соодветствува со вашите кориснички преференци, или со фактот дека сте се поврзале со нашата веб-страница преку Вашата Самсунг сметка или фактот што сте се поврзале со нашата веб-страница преку е-пошта која Ви била испратена од Самсунг или од еден од нашите доверливи даватели на услуги како трета страна која стапила во контакт со Вас од наше име.

Овие колачиња автоматски се вклучуваат и можат да бидат прилагодени согласно Вашите преференци.


Овој тип колачиња ќе ги употребуваме 13 месеци.

Колачиња за рекламирање: ни овозможуваат нам и на нашите внимателно одбрани партнери да ја персонализираме нашата веб-страница, Ви доставиме реклами или да Ве исконтактираме директно доколку посебно сте се согласиле на таков вид на комуникација, на начин кој е релевантен за Вас и кој кој соодветствува на Вашите интереси преку, на пример, употреба на информации за производи кои ги сте ги пребаравале или нарачале преку нашата веб-страница. На пример, и без ограничување, ги користиме Гугл маркетиншките ознаки за да им дозволиме на нашите партнери да рекламираат производи кои Вие сте ги пребарале на нашата веб-страница. За дополнителни информации за тоа како Гугл ознаките функционираат, Ве молиме кликнете тука. Исто така, можеме да дозволиме за оваа цел внимателно одбрани трети страни да поставуваат колачиња и слични технологии на нашата страна.

Можеме да ги користиме и комбинираме податоците од Вашите колачиња со информациите кои ги прибираме за Вас од други извори за да Ви обезбедиме подобро искуство, на пример, за да Ви обезбедиме порелевантен директен маркетинг (со Ваша посебна согласност).

Исто така, можеме да работиме со внимателно одбрани деловни партнери за да заеднички обезбедиме рекламирање; ова може да вклучи комбинирање податоци од колачиња прибрани од нашата веб-страница со податоци прибрани од нашиот деловен партнер.

Зависно од тоа кои колачиња ќе ги овозможите, исто така можеме да ги користиме прибраните информации за да ги разбереме преференците на нашите корисници и да влијаеме на идните рекламни кампањи вклучувајќи и како селектираме кому го насочуваме нашиот маркетинг.
Ние и внимателно одбраните деловни соработници, можно е да поставиме колачиња кога ќе прикажуваме реклами за нашите производи или услугите на веб страниците на трети лица и кога ќе кликате на тие реклами, со цел да знаеме кои страници ги посетуваат нашите купувачи и на кои наши реклами кликаат. Ние и нашите деловни соработници единствено ги користиме овие колачиња доколку Вие ја дадете Вашата согласност на операторот на страницата на третото лице, и Вие можете самите да ги подесите Вашите преференци во врска со овие колачиња на страниците на трети лица.

Овој тип колачиња ќе ги употребуваме 13 месеци.

Колачиња на трети лица: Нашата веб-страница може да покаже содржина од веб-страница или услуга на трета страна, нешто кое може да има како последица складирање на колачиња од трети страни на Вашиот хард диск или пребарувач. Овие трети страни можете да ги видите и нивните колачиња можат да бидат блокирани преку нашата алатка за управување со колачиња Cookies Management Tool. Не го контролираме складирањето и употребата на овие колачиња од овие трети страни и Вие ќе треба да се обратите до политиките за приватност на релевантните трети страни за повеќе информации.

Овие колачиња автоматски се исклучуваат и можат да бидат прилагодени согласно вашите преференции.

Останато локално складирање

Ние, заедно со одредени трети страни, можеме да употребиме други видови на технологии за локално складирање, како Локални алатки за споделување (спомнати и како Флеш колачиња) и HTML5 локално складирање, во врска со нашите услуги. Овие технологии се слични на колачињата кои беа погоре објаснети со тоа што тие се складираат на Вашиот уред и можат да бидат употребени за складирање на одредена информација за Вашите активности и преференции. Сепак, овие технологии можат да употребат разни делови од Вашиот уред за разлика од стандардните колачиња, така што Вие нема да можете да ги контролирате користејќи ги стандардните пребарувачки алатки и поставки. За повеќе информации за оневозможувањето или бришењето на информацијата содржана во Флеш колачињата, Ве молиме кликнете тука .

Пиксели

Пикселите на нашата веб-страница, исто така, доставуваат информации за употребата на веб-страницата до Samsung.com и серверите за пронаоѓање на трети страни, но не ги зачувуваат информациите на пребарувачот на корисниците, како што тоа го прави тоа колачето. Пикселите му овозможуваат на Samsung да се осигура дека страницата работи и страниците се вчитуваат.

Пикселите на нашата веб-страница се категоризираат и управуваат на ист начин како и колачињата. Изведбените, функционални и пикселите за рекламирање се оневозможени и може да бидат прилагодени според вашите преференции со помош на алатката за управување со колачиња.

Пиксел за е-пошта е слична технологија што ја користи Samsung во комуникациите што се испраќаат преку е-пошта. Онаму каде што посебно сте се согласиле да примате комуникации, кои биле внимателно одбрани од нашите партнери, за да ви доставуваат реклами, секоја комуникација содржи и колаче и пиксел.

Управување со колачиња и други технологии

Доколку имате седиште во Европа, Вие исто така можете да ги прилагодите Вашите посакувани подесувања на колачиња и да ја повлечете Вашата согласност регулирајќи ги поставките за колачиња преку алатката за управување на колачиња, која можете да ја најдете тука: Cookies Management Tool.

Исто така, можете да ги ажурирате поставките на Вашиот пребарувач во било кое време, доколку сакате да ги отстраните или блокирате (посетете ја опцијата за “помош” на Вашиот пребарувач за да дознаете како да ги отстраните или блокирате колачињата). Samsung Electronics не е одговорен за поставките на Вашиот пребарувач. Можете да најдете добри и едноставни упатства за тоа како да управувате со колачињата на различни типови на веб пребарувачи на: http://www.allaboutcookies.org/manage-cookies/.

Имајте предвид дека одбивањето на колачиња може да влијае врз Вашата способност за изведување на одредени трансакции на веб-страницата и нашата способност за препознавање на Вашиот пребарувач од една посета до друга.