27 The Movingstyle LSM7F QHD Подвижен екран со интеракција преку допир (2025)
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Брз преглед
Дизајн
Носи го своето искуство насекаде со стил
Отстранлив екранОткриј ја вистинската флексибилност со отстранливиот екран. The Movingstyle може да се извади од држачот со едноставно лизгање на копче и веднаш да се користи како рачен уред. Монтирај го или отстрани го — како што најмногу ти одговара на начинот на работа и животниот стил.1
Елегантен пренослив држач за беспрекорна мобилност
Пренослив држач за на подИскуси врвна практичност со пренослив држач за на под. Дизајниран за стабилност и мобилност, ти овозможува лесно и без напор да го преместуваш The MovingStyle, со помош на скриените тркала. Постави го екранот точно таму каде што сакаш за идеално искуство при гледање.2
Тенок дизајн што одговара на твојот стил
Тенок и компактен дизајнСо елегантен профил од само 21,9 mm, The Movingstyle природно се вклопува во околината, нудејќи софистициран дизајн кој станува дел од твојот простор. Дополнително, израмнетата рамка му дава префинет и минималистички изглед, без разлика дали е позициониран хоризонтално или вертикално.3
Употребливост
Носи ја забавата со себе насекаде
Вградена батеријаВградената батерија на The Movingstyle трае до 3 часа по едно полнење, што ти овозможува да го носиш каде сакаш безжично. Сега можеш да уживаш во филмови, игри и многу повеќе во простор по твој избор.5
Постави го каде било и само почни да гледаш
Вграден држач
Уникатниот вграден држач на The Movingstyle може да се користи и како рачка и како потпирач за на маса. Без монтирање, без компликации - само извлечи го и користи го како пренослив дисплеј што лесно се поставува. Можеш дури и да го приспособиш аголот за целосна удобност при гледање.
Останете поврзани секогаш и секаде
Slim-Fit камера
Уживај во непречени видеоповици и паметно следење на домот со само еден уред. Slim-Fit камерата безжично се поврзува со The Movingstyle, овозможувајќи јасни видео повици со FHD квалитет на сликата. Исто така, преку SmartThings апликацијата можеш безбедно да го следиш својот дом.6
Продуктивност
Движи се лесно со интуитивни контроли на допир
Интеракција преку допир
Управувај со The Movingstyle со врвовите на прстите за непречено и интерактивно искуство одблизу. Со екранот на допир можеш непречено да кликаш, повлекуваш и лизгаш, без разлика дали користиш стриминг платформа или играш игри на допир. Со само неколку допири можеш да го повикаш и виртуелниот далечински управувач за управување без напор.7
Моментално репродуцирање, од телефон на екран
Поврзана флексибилност
Уживај во беспрекорно пресликување на мобилен со целосна поддржка за допир и лесно приклучување со USB-C и HDMI. Плус, преку функцијата за споделување на меморија можеш едноставно да стримаш мултимедиумски содржини зачувани во твоите Galaxy мобилни уреди.8
Забава
Персонализирај го своето искуство со екранот
One UI Tizen
Уживај во персонализирано и подобрено искуство со екранот, овозможено од Samsung Tizen OS. Со One UI Tizen, може да ги искористиш предностите на најновите иновативни функции на Samsung. Заштитени со Samsung Knox, кој ги штити и сите твои поврзани SmartThings уреди. One UI Tizen ќе ги поддржи надградбите на Tizen OS во следните седум години.9