Водич за купување телевизор

Телевизор со најдобар
квалитет на слика

Бр. 1 бренд на телевизори

Samsung ја пишува историјата на телевизори и сѐ уште продолжува да го прави тоа. Еволуцијата на квалитетот на слика—кој се постигнува со истражување на нови технологии секоја година—е причината зошто корисниците продолжуваат да го бираат и сакаат Samsung и зошто Samsung останува на водечката позиција на пазарот.

Како бр. 1 бренд на телевизори, Samsung обезбедува неколку оптимални режими на гледање со одличен квалитет на слика и сѐ тоа благодарение на неговите незаменливи технологии кои ги развиваше во текот на годините. Ајде да ги погледнеме одблиску овие режими подолу.

Поставки за најдобар квалитет на ТВ слика

Со зголемениот број потрошувачи кои го следат квалитетот на сликата, правењето оптимизирани режими за различни средини на гледање е поважно од кога било досега. Многу луѓе плаќаат за услуги за калибрација за да ги постават своите ТВ-поставки или одат на интернет за да ги пронајдат оптималните препорачани поставки засновани врз нивните потреби за гледање.

Меѓутоа, Samsung телевизорите обезбедуваат неколку претходно поставени режими на квалитет, а тоа е сѐ што им треба на корисниците за да имаат слика со оптимален квалитет без оглед на ситуацијата. Подолу може да дознаеш повеќе за концептот и целта на секој режим на квалитет кој го нуди еден Samsung телевизор и како да го извлечеш максимумот од тоа.

Динамички режим

Живописен дури и во светло опкружување

Динамичкиот режим е режим на слика кој им овозможува на корисниците да уживаат во живописна и чиста содржина во текот на денот или на места со големо осветлување. Оптимално работи со сите хардверски и софтверски технологии што ги има еден телевизор со цел да претстави чиста и јасна слика со спектакуларни бои, подобрена осветленост и изостреност.

Стандарден режим

Балансиран—секогаш, секаде

Стандардниот режим е стандарна поставка и режим во кој секој може да ужива во типична затворена просторија. Независно од тоа дали наутро или навечер, овој режим има стабилно и соодветно осветлување кое им одговара на повеќето и дава оптимален квалитет на слика за твојот екран, додека притоа ефикасно ја користи енергијата.

Природен режим

Удобен и лесен

Природниот режим е режим на слика кој детектира промени во светлината на една сцена, а потоа одново ги изразува, на природен начин, тие промени во рамки на опсег кој е најудобен за корисниците. Ако си чувствителен на бои и светлина, ти го препорачуваме природниот режим затоа што тој зрачи соодветна количина светлина која помага во намалување на заморот и оптеретувањето на очите.

Режим за филмови

Професионален режим за љубителите на филмови

Movie Mode е режим кој со сигурност ги одразува елементите на квалитет како што сакаат објавувачите на содржина. Тоа е режимот кој се користи во повеќето професионални рецензии и кој дава доживување како во кино при гледањето филмови (особено во малку затемнета просторија).

Режим Filmmaker

Искуси ги филмовите и ТВ емисиите онака како што планирале креаторите

Режимот Filmmaker ти овозможува да гледаш филмови и ТВ емисии онака како што планирале неговите оригинални креатори. На поддржаните UHD телевизори, овој нов режим на слика ги зачувува суштинските визуелни елементи како што се соодносот, боите и стапките на слики за навистина автентично искуство како на кино.