Водич за купување телевизор

Колкав телевизор
ми треба?

Ние составивме неколку совети што
се однесуваат на големината на телевизорот.

Како да се измери
големина на екран

Пресметувањето на големината на твојот телевизор не е толку сложено како што мислиш. Големината на телевизорот се однесува на неговата дијагонална должина која се добива со мерење од горниот лев агол на екранот до долниот десен агол. Најчесто е изразена во инчи.

Правило:
поголемото е подобро

Телевизорите доаѓаат во различни големини, но наша препорака е да го избереш најголемиот кој можеш да си го дозволиш според буџетот. Ако размислуваш да купиш телевизор од 75 инчи или повеќе, има нешто што треба да знаеш. Според внатрешно истражување на Samsung, главна причина за купување нов телевизор е побарувачката на поголеми екрани. И дури и по купувањето, задоволството останува на високо ниво. Па, дали размислуваш за некоја конкретна големина на екран? Тогаш, сега е време да купиш голем екран и да не зажалиш.

Препорачано растојание на гледање за твојот телевизор

Сите телевизори имаат препорачано растојание на гледање и агол од кој ќе сакаш да гледаш кога го поставуваш во домот. Најдобро и најинтензивно доживување е кога екранот зафаќа 40 степени од твоето поле на гледање. Ова поле на растојание може да се пресмета ако ја знаеш големината на твојот телевизор. За да го пресметаш соодветното растојание, помножи ја големината на екранот со 1,2. Така, за телевизор од 75 инчи, тоа значи дека треба да седиш на растојание од 90 инчи или 2,3 метри. Погледни ја табелата која е дадена за да го одредиш препорачаното растојание на гледање за телевизори со различна големина, за да можеш да избереш телевизор со најдобра големина за твојот простор.

Други нешта кои треба да ги имаш предвид

1. Провери ги вистинските димензии на телевизорот.

Често, поради возбудата од купување нов телевизор може да заборавиш на неговото поставување. Телевизорот е многу повеќе од неговиот екран. Физичките димензии на телевизор со голем екран, вклучително и држачот и рамката, како и тоа во кој дел од собата ќе биде наместен, се важни фактори кои треба да се запомнат. Спореди ги точните димензии на телевизорот со твојот мебел за да немаш главоболки додека го монтираш твојот телевизор со голем екран.

2. Провери ја резолуцијата, особено за телевизор со голем екран.

Општоприфатено правило е дека како што се зголемува екранот, така треба да расте и бројот на пиксели или резолуцијата. Колку е подобра резолуцијата, толку повеќе ќе ја гледаш сликата наместо пикселите. Затоа, кога купуваш телевизор со голем екран, препорачливо е да избереш квалитет на слика со висока резолуција, како 4K.

Само запомни, со поголем екран,
нема каење подоцна.

Види зошто поголемото е подобро на
страницата за супер-голем телевизор

Истражи широк спектар
Samsung телевизори со голем екран