Како да го лоцирате вашиот Samsung Galaxy уред

Жена како бара Galaxy уред во својата чанта

Ако го изгубите телефонот, таблетот, часовникот или дури и слушалките, не грижете се. Функцијата Find My Mobile ви овозможува да го заклучувате или отклучувате телефонот или таблетот, да го лоцирате или, во најлош случај, да го активирате бришењето на сите податоци на него. Бидете спокојни, можете да ги заклучите или избришете дури и информациите за Samsung Pay, и сето тоа од далечина. Постојат слични услуги за вашиот часовник или слушалки со помош на апликацијата Galaxy Wearable.

Забелешка: Достапните екрани и поставки може да варираат во зависност од давателот на безжични услуги, од верзијата на софтверот и од моделот.

Пронајдете го телефонот или таблетот со помош на Find My Mobile

Забелешка: Телефонот мора да биде вклучен. 

Далечинската контрола мора да биде вклучена на телефонот. Функцијата се вклучува стандардно кога додавате Samsung сметка на телефонот. 

Далечинското отклучување мора да биде активирано за да ја користите функцијата за отклучување со Find My Mobile. 

Ако сте го изгубиле телефонот или таблетот, можете да го лоцирате со помош на Find My Mobile.

 
Прво, одете на веб-страницата за Find My Mobile преку вашиот компјутер. Внесете ги податоците за најавување во вашата Samsung сметка и кликнете на I'm not a robot („Не сум робот“), а потоа на SIGN IN („НАЈАВУВАЊЕ“). 


Лево ќе бидат видливи сите уреди што се поврзани со вашата Samsung сметка во која сте најавени. Ако изгубениот уред е вклучен и поврзан со интернетот, ќе биде прикажан во делот „My devices“. Кликнете на некој уред и на десниот панел ќе бидат прикажани сите опции за далечинска контрола:

Слика од компјутерска верзија на функцијата Find My Mobile

*Оваа слика е примерок на англиски јазик, но достапен и на јазикот во вашата земја.

  • Ring: Ако не знаете каде сте го ставиле телефонот или таблетот, можете да направите да ѕвони дури и ако сте го исклучиле ѕвонењето претходно.

  • Lock and Unlock: Ако сте загрижени за личните податоци, можете телефонот или таблетот да го заклучите од далечина. Така тој ќе се заклучи и сите картички во Samsung Pay не ќе може да се користат. Ако сте заборавиле како се отклучува уредот, можете и да го отклучите одовде.

Забелешка: Ако заклучувањето или отклучувањето на телефонот или таблетот е неуспешно, ќе се појави црвен извичник.

  • Track location: Проверувајте каде се наоѓа изгубениот телефон или таблет на секои 15 минути.

Внимание: Ако ја користите функцијата Find My Mobile за да лоцирате украден телефон или таблет, не одете директно на локацијата на мапата каде што покажува дека тој се наоѓа. Јавете се прво во полиција и оставете ги тие да го земат наместо вас.

  • Erase data remotely: Не дозволувајте некој крадец да добие пристап до вашите лични податоци. Запомнете, со оваа опција телефонот или таблетот ќе биде целосно ресетиран и ќе ги изгубите сите податоци на него, вклучувајќи ги финансиските податоци во Samsung Pay.

Забелешка: Ако регистрирате сметка од Google, ќе треба прво да се најавите во сметката пред да можете повторно да го употребувате телефонот или таблетот.

  • Back up: Пред да ги избришете сите податоци засекогаш, лесно можете да направите резервна копија од нив на Samsung Cloud.

  • Extend battery life: Последното нешто што сакате е вашиот изгубен телефон или таблет да се исклучи. Користете ја оваа опција за да извлечете што е можно повеќе енергија од батеријата за поголеми шанси да го пронајдете уредот.

  • Retrieve calls/messages: Можете да прегледате до најмногу 50 скорешни повици и пораки на вашиот телефон.

  • Set Guardians: Можете да назначите „чувари“ коишто од далечина ќе го лоцираат телефонот или таблетот, ќе го активираат режимот за итни ситуации или ќе зазвонат на него.

Забелешка: Ако и понатаму не можете да го лоцирате телефонот или таблетот, фирмата чијашто телефонска мрежа ја користите може да ви помогне да го лоцирате или суспендирате телефонот. Стапете во контакт со фирмата за дополнителни информации.

Пронајдете го телефонот со помош на вашиот паметен часовник

Несакајќи го оставивте телефонот некаде? Можете да употребите паметен часовник за да го лоцирате.
 

Притиснете го копчето Home на вашиот паметен часовник, а потоа лизгајте низ екранот за да дојдете до опцијата Find My Phone. Допрете Start за да почне лоцирањето. Телефонот ќе почне да ѕвони, што ќе го олесни лоцирањето. Пронајдете го телефонот и потоа исклучете го ѕвонењето со помош на иконата за Dismiss.

Пронајдете го вашиот паметен часовник

Забелешка: Уверете се дека ги имате сите потребни работи, како далечинско поврзување, односно тоа да е веќе вклучено во случај да го изгубите часовникот.

Ако сте го изгубиле паметниот часовник, можете да го пронајдете со помош на апликацијата Galaxy Wearable. Услугата Find My Mobile нема да ви дозволи да ја видите локацијата на часовникот, но ќе ви дозволи да ги заклучите или избришете Samsung услугите, како што е Samsung Pay.


Одете во апликацијата Galaxy Wearable на вашиот телефон, а потоа допрете на Find My Watch. (На фитнес часовниците, допрете на Find My Band или Find My Gear.) Ако часовникот е поврзан со вашиот телефон преку Bluetooth, допрете на START. Часовникот ќе почне да вибрира, што ќе го олесни пронаоѓањето. Кога ќе го пронајдете, само допрете на иконата за Х и лизгајте кон десно.

Слика од екранот со прикажано пребарување на часовник Galaxy Watch

*Оваа слика е примерок на англиски јазик, но достапен и на јазикот во вашата земја.

Ако сте го загубиле часовникот некаде надвор од досегот на Bluetooth, ќе имате две опции во случај да е вклучена далечинската контрола:
 

  • Get location: Ја дава адресата каде што часовникот е моментално лоциран. Можете да допрете на Show on map за да го лоцирате часовникот на мапата.
  • Set security: Пристап до опции за далечинско заклучување, ресетирање или реактивирање на функцијата за заклучување на часовникот.
Пронајдете ги слушалките Galaxy Buds

Нема да мора да купите нови слушалки Galaxy Buds ако сте ги затуриле некаде, бидејќи можете многу лесно да ги пронајдете со апликацијата Galaxy Wearable.


Одете во апликацијата Galaxy Wearable на вашиот телефон или таблет. Допрете на Find My Earbuds, а потоа на Start. Слушалките ќе започнат да бипкаат, а во период од три минути звукот ќе се засилува. Допрете на Stop за да прекинете со потрагата.


Апликацијата ќе покаже дека слушалките не се поврзани и нема да може да ги лоцира ако се надвор од досегот на Bluetooth (10 метри), или пак ако батеријата е истрошена.

Слика од екранот со прикажано пребарување на слушалки Galaxy Buds

*Оваа слика е примерок на англиски јазик, но достапен и на јазикот во вашата земја.

Забелешка: Слушалките може да не бипкаат ако инфрацрвениот сензор е валкан.

Благодариме за повратните информации