5G

Новата генерација на мобилни податци — 5G.

Пристигнува кај вас, лансирајќи ги во иднината операторите и плановите за податоци ширум светот. Самото име, 5G, кажува дека е петтата генерација на мобилни податоци и, како што може да погодиш, оваа генерација носи огромен напредок во технологијата. Три пати е побрзо од 4G, но најголемата разлика што може да се почувствува е намаленото доцнење, што претставува колку брзо се испраќаат и примаат сигнали од уредите — а ова значи многу помало доцнење.

*Потребно е оптимално 5G поврзување. Реалната брзина може да се разликува во зависност од земјата, операторот и средината на корисникот.

Човек игра брејкденс покрај ѕид, пред слика од текст кој гласи „5G“, а буквата „G“ е легната долу. Човек игра брејкденс покрај ѕид, пред слика од текст кој гласи „5G“, а буквата „G“ е легната долу.

5G е овде за да ти го промени животот

5G се најбрзите податоци што постојат во моментов, поврзувајќи ги Samsung уредите при HyperFast брзини, со што може да стримаш, играш и преземаш со моќ каква што не си видел досега. А ова не се однесува само за телефонот — како што 5G се шири на глобално ниво, ќе започне да го поврзува целиот твој живот.

5G ќе го револуционеризира твоето секојдневие. Еве како.

ИНСПИРАТИВНО

Дај ѝ на креативноста нова форма

Кршејќи бариери и одејќи над границите.

Предизвикај си ја креативноста на глобално ниво со помош на неверојатната моќ на 5G технологијата. 5G поврзувањето им овозможува на забавувачите да го пренесуваат својот перформанс во реално време, така што обожавателите ширум светот можат да ги гледаат преку своите уреди со 5G и да се чувствуваат како да ги гледаат во живо.

'Прикажан е мобилен телефон во воздух, во вертикална положба. На екранот е прикажана сцена од концерт со музичар кој свири на гитара. Прикажана е бина зад телефонот. 'Прикажан е мобилен телефон во воздух, во вертикална положба. На екранот е прикажана сцена од концерт со музичар кој свири на гитара. Прикажана е бина зад телефонот.

РЕАЛНО ВРЕМЕ

Сериозно вртоглава брзина

Помалото доцнење ја подобрува играта.

Бидејќи напредокот во безжичната 5G технологија носи HyperFast брзина и виртуелно го отстранува доцнењето, сега можеш да гејмаш во реално време, кога било.

Прикажан е тркачки автомобил со црвено-бел екстериер на лента за тркање. Заматениот маркер во заднината ја покажува неговата брзина. Веднаш зад него има 3 други тркачки автомобили. Прикажан е тркачки автомобил со црвено-бел екстериер на лента за тркање. Заматениот маркер во заднината ја покажува неговата брзина. Веднаш зад него има 3 други тркачки автомобили.

ОБЗЕМУВАЧКИ

Впушти се во светот на гејмингот

Искуси нова реалистична димензија.

Напредокот во 5G технологијата ја одржува HyperFast брзината, дури и кај AR и VR игри полни со графика. Така што можеш да го подобриш гејмерското искуство и целосно да се впуштиш.

Прикажан е мобилен телефон со игра. Поставен е вертикално, во две дланки. На екранот е прикажан пропелер кој се приближува до светло жолти и кафеави зраци. Прикажан е мобилен телефон со игра. Поставен е вертикално, во две дланки. На екранот е прикажан пропелер кој се приближува до светло жолти и кафеави зраци.

HYPERFAST МРЕЖА

5G држи чекор со твоето темпо

Фитнес во реално време и следење на добросостојбата.

Со неверојатно брзите носиви уреди на Samsung поврзани со HyperFast 5G, начинот на кој се грижиме за нашето здравје може значајно да се смени. Можноста за далечинско следење ја подобрува достапноста и овозможува полесно да живееме здрав живот. А овозможува и здравството да ги надминува границите — волку брзата поврзаност би можела да му овозможи на еден хирург далечински да оперира во реално време, од другиот крај на светот.

Маж и жена трчаат надвор Маж и жена трчаат надвор

ПОВРЗАНИ

Создај го својот паметен еко-систем

Со леснотија поврзи ги сите уреди.

Како што твојот свет станува поповрзан, ќе ти треба и соодветна мрежа. 5G е HyperFast и практично, поврзувајќи се со многу различни уреди за да одговара на твојот начин на живеење. Поврзи ја канцеларијата, домот, автомобилот и многу повеќе со моќта на 5G.

Девојче држи Galaxy Note10 во рацете. На нејзиниот телефон има видео снимка од мечки, која исто така се прикажува и на телевизорот пред неа Девојче држи Galaxy Note10 во рацете. На нејзиниот телефон има видео снимка од мечки, која исто така се прикажува и на телевизорот пред неа

БЕСПРЕКОРНО

HyperFast брзини што патуваат

Придобивките од 5G ги надминуваат границите на домот. Преземај ги омилените емисии додека патуваш или намали ја потрошувачката на енергија така што ќе ги исклучиш апаратите во домот додека вршиш други обврски. Толку е брзо што дури и може да го замени широкопојасниот пристап — така што може да уживаш во истата брзина, без разлика дали си дома или во движење.

Прикажана е жена на задното седиште во автомобил. Се насмевнува додека гледа во телефонот. Носи блејзер во бежова боја. Прозорецот до неа е делумно отворен. Прикажана е жена на задното седиште во автомобил. Се насмевнува додека гледа во телефонот. Носи блејзер во бежова боја. Прозорецот до неа е делумно отворен.

Експанзивниот универзум на Samsung 5G

Откриј ги Samsung уредите на кои е овозможено 5G.

*Потребно е оптимално 5G поврзување. 5G услугите се поддржани само за локации каде е овозможена 5G мрежа. Реалната брзина може да се разликува во зависност од земјата, операторот и средината на корисникот.