Многу се зборуваше за 5G. 3G беше брз. 4G е побрз. A 5G ќе го редефинира мислењето за брзината

Секоја нова генерација отвори нов свет за корисниците на мобилни. Сега, со уредите на Samsung, подготвени за 5G, може да ја отклучиш иднината.

Почетоците на брзото

3G беше првиот чекор кон мобилен широкопојасен пристап, трансформирајќи го начинот на кој живеевме, работевме и игравме на своите телефони.

Пред една деценија, 3G ги отвори портите кон податочни брзини што ни овозможија безжичен пристап до медиумските содржини. Дури и ја поплочи патеката за апликациите — нешто без кое сегашниот корисник не може да живее.

Но, 3G и понатаму имаше ограничена ширина на фреквенцискиот појас, каде беа потребни до 10 минути за преземање дури и кратко видео. Моравме да ја подобриме ситуацијата.

Брзината на иновациите

Отсекогаш сме биле рани приспособувачи на мобилната технологија — Samsung беше еден од првите кои воведоа 4G уреди на пазарот за мобилни.

Споредено со 3G ова е чекор напред кога станува за брзината - но и кај 4G сепак нешто остана недостижно. Повременото доцнење и проблемите со ширината на фреквенцискиот појас не ги исполнуваат барањата на популацијата која е постојано на интернет.

Следниот чекор кога станува збор за брзината

4G LTE-A нè приближи до поврзувања, гејминг, мобилна HD TV и видеоконференции во реално време.

Иако ги зголеми податочните брзини од 4G, преостанатото доцнење, па дури и потенцијалот за откажани повици направи ова поврзување да не ги задоволи масите.

HyperFast генерација

Ова е најбрзото достапно податочно поврзување — а Samsung веќе има асортиман од уреди на кои е овозможено 5G за да може да ги почувствуваш придобивките.

Сега е моментот за беспрекорна поврзаност и многу помалку чекање. Време е да се искусат брзините на 5G кои овозможуваат сè во реално време и кои се секогаш поврзани. Ги поврзува сите твои уреди на брзини кои се 3 пати поголеми од тие на 4G, а ние сме посветени уште повеќе да ја подобриме 5G иновацијата за да имаш уште подобро искуство со HyperFast.

*Потребно е оптимално 5G поврзување. Реалната брзина може да се разликува во зависност од земјата, операторот и средината на корисникот.

*Потребно е оптимално 5G поврзување. Реалната брзина може да се разликува во зависност од земјата, операторот и средината на корисникот.

Што е следно?

Се стремиме да отклучиме иднина која
ќе се поврзе со тебе како никогаш досега.
Со секоја нова генерација на безжична технологија,
нашите уреди имаат нова интелигенција што им
овозможува беспрекорно да се синхронизираат и да
бидеш дел од Samsung универзумот.

Експанзивниот универзум на Samsung 5G

Откриј ги Samsung уредите на кои е овозможено 5G.

*Потребно е оптимално 5G поврзување. 5G услугите се поддржани само за локации каде е овозможена 5G мрежа. Реалната брзина може да се разликува во зависност од земјата, операторот и средината на корисникот.