Galaxy Tab S7+ | S7 FE (12,4 инчи) тенка тастатура Book Cover
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Карактеристики
Тенок и лесен дизајн
Подобри ја формата на својот таблет со тенката и лесна тастатура Book Cover Slim. Се инсталира за само еден миг. Сè што треба да направиш е да ја свиткаш околу таблетот како обвивка за книга, а магнетите ќе ја прицврстат на место. А за поголема практичност, дури има и оддел во кој се става S Pen пенкалото.
*Тастатурата Book Cover Slim е компатибилна со Galaxy Tab S7+ и Tab S7 FE. Во иднина може да бидат достапни повеќе компатибилни модели.
Клучот за продуктивноста
Поврзи до три уреди со безжичното споделување тастатура. Користејќи Bluetooth, тастатурата може да пишува на твојот телефон или на друг таблет, останувајќи поврзана со таблетот како првичен уред. А можеш и прецизно да пишуваш користејќи Samsung DeX за да имаш искуство на поголем екран како на PC.
*Карактеристиката за безжичното споделување тастатура е компатибилна со уреди кои поддржуваат Bluetooth. Некои карактеристики на копчињата може да не се поддржани, бидејќи функционираат само стандардните Bluetooth копчиња.**S Pen пенкалото доаѓа заедно со Galaxy Tab S7+ и Tab S7 FE.
Збогум бактерии
Благодарение на антимикробното обложување, тастатурата Book Cover Slim спречува ширење на бактериите за да те заштити од 99 % бактерии. Па, така, можеш помалку да се грижиш за микробите додека работиш и играш.
*За да ја врши својата антимикробна функција, овој производ е третиран со биоцидната супстанција цинк пиритион.**Антимикробното својство не нуди целосна заштита од бактерии и не обезбедува заштита од вируси, вклучувајќи го и вирусот на КОВИД-19. ***Антимикробниот ефект може да се разликува во зависност од условите на употреба. ****Само надворешноста на футролата за таблетот има антимикробно обложување.
Потпри го и уживај во глетката
Потпри го таблетот за да можеш удобно да го користиш додека стримаш, играш или одговараш на е-пошта. Едноставно отвори ја тастатурата Book Cover Slim и таблетот ќе биде поставен под агол од 60° за да гледаш без да го заморуваш вратот, без разлика дали си дома на кауч или работиш во некое кафуле.
Спецификации
-
Црна
-
Компатибилни модели
Galaxy Tab S7+, Galaxy Tab S7 FE
-
Содржина на пакувањето
тастатура Book Cover, QSG
-
Интерфејс
POGO
-
Број на копчиња
80
-
Системски побарувања
Андроид 5.0 или повисок
-
Гаранција
1 година
-
Димензии (ШxВxД)
286.3 x 196.7 x 13.4 mm
-
Тежина
345.0 g
Прирачник за корисниците и содржина за преземање
Решенија и совети
- Како да ги решите проблемите со поврзување на S Pen
- Безбедносен совет за батеријата
- Како да го користите пенкалото S Pen на S22 Ultra и проверете ја неговата компатибилност
- Користете ја апликацијата Samsung Find за да лоцирате изгубен уред
- Дефекти на неовластени заштитни фолии од трети страни на уредите Galaxy
Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промени.
* SmartTags има опсег на Bluetooth од 120 m. Вистинската изведба може да се разликува во зависност од околината каде што се користи.
* Слика на безжичен полнач во бела боја и безжичен полнач Duo во црна боја симулирана за илустративни цели.