Глобални вести

Фатени на дело: Запознајте ги европските “случајни гледачи“ на екраните на паметните телефони

09.04.2026

Европјаните можеби ги сметаат своите паметни телефони за приватни, но во јавност, тие често имаат неочекувана публика. Новото истражување¹ на Самсунг (“Samsung”) укажува на јасно недоразбирање: иако 48% од луѓето веруваат дека нивното користење на телефонот во јавност е приватно, 52% велат дека е лесно да се види туѓ екран.

 

Овој јаз во свеста создава нова реалност: „случајна публика“.

 

 

Која е “случајната публика”?

 

„Случајната публика“ е составена од луѓе кои гледаат во екранот на туѓ телефон додека се на јавно место. Ова се случува непланирано, а понекогаш дури не е ни намерно. Едноставно, ова е нешто што се случува додека се движите низ јавни простори.

 

Истражувањето покажува дека:

 

  • 56% од луѓето признаваат дека случајно погледнале во екранот на телефон на непознато лице
  • 24% го направиле тоа од љубопитност
  • 49% велат дека почувствувале како некој друг им фрла поглед на екранот

 

Како „случајната публика“ го гледа екранот на вашиот телефон?

 

Овие моменти најчесто се случуваат во заеднички простори со близок контакт. Јавниот превоз е најчестото место, според 57% од испитаниците.

 

Други секојдневни сценарија вклучуваат:

 

  • Чекање во редици (35%)
  • Седење во кафулиња, барови или ресторани (13%)

 

Во овие опкружувања, погледите се дел од секојдневниот живот, а екраните на телефоните кои се во близина честопати паѓаат во видното поле.

 

Што всушност гледаат луѓето?

 

Честопати, содржината е полична отколку што се очекува. Еден од тројца Европјани (33%) вели дека видел приватна содржина на екранот од телефонот на непознат човек.

 

Најчесто забележаната содржина вклучува:

 

  • Лични фотографии / галерија (38%)
  • Лице или глас на некого во видео повик (33%)
  • Приватни пораки (29%)
  • Известувања од социјални мрежи (27%)
  • Онлајн купување (17%)
  • Содржини од апликации за запознавање (12%)
  • Банкарски или финансиски податоци (11%)

 

За многумина, ова се кратки мигови кои поминуваат, но 27% велат дека виделе нешто што почувствувале дека не е правилно да го гледаат, нагласувајќи колку едноставно приватната содржина може да стане јавна.

 

Како луѓето ги штитат екраните од своите телефони во јавност?

 

Како што расте свесноста за „случајната публика“, многу луѓе прават мали промени во начинот на кој ги користат своите телефони во јавност. Истражувањето на “Samsung“ покажува дека 38% од Европјаните одложиле или избегнале одредени активности на својот уред кога се наоѓале во заеднички простори.

 

Вообичаените прилагодувања вклучуваат:

 

  • Употреба на онлајн банкарство во друго време (62%)
  • Одложување на внесувањето лозинки (49%)
  • Чување на личните пораки за подоцна (43%)

 

Во моментот:

 

  • 42% престануваат да го користат својот телефон
  • 28% продолжуваат како и обично
  • 27% од „случајната публика“ го тргаат погледот
  • 7% од „случајната публика“ продолжуваат да гледаат дискретно

 

Само 10% би реагирале директно, што укажува на тоа дека повеќето луѓе го прифаќаат фактот дека други им го гледаат екранот како дел од модерниот живот и тивко се прилагодуваат.

 

Можат ли паметните телефони да имаат вграден приватен екран?

 

Како што ова однесување станува почесто, дизајнот на паметните телефони се развива за да одговори на реалната употреба. Samsung Galaxy S26 Ultra воведува Privacy Display² екран кој ја намалува видливоста од страничните агли и го ограничува она што другите можат да го видат³.

 

Ова помага моќта да се врати кај корисникот, давајќи им на луѓето можност да имаат поголема контрола врз тоа што е видливо и кога.

 

Нова реалност за користењето на паметните телефони

 

Во свет каде што паметните телефони се користат насекаде, малите моменти на видливост се неизбежни.

 

Она што се менува е свесноста. Европјаните стануваат посвесни за тоа кој би можел да ги набљудува и соодветно на тоа го прилагодуваат начинот на кој ги користат своите уреди.

 

Затоа што во денешно време, кога го користите вашиот телефон во јавност, можеби не сте единствениот што го гледа.

 

###

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

  • ¹ Анкета на 11.000 корисници на паметни телефони (по 1.000 на секој пазар) во Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија, Италија, Шведска, Данска, Финска, Норвешка, Холандија и Белгија, спроведена од “Censuswide“.
  • ² Потребна е рачна активација во поставките за да функционира.
  • ³ Кога е активирано, одредени информации сè уште можат да бидат видливи за другите во зависност од околината на гледање, како што се аголот или осветленоста. Се советува претпазливост при изложување чувствителни информации.