Глобални вести

Самсунг (“Samsung”) ја претстави изложбата „Дизајнот е чин на љубов“ на Неделата на дизајнот во Милано 2026

Изложба за дизајн фокусиран на човекот истражува нови начини на живеење низ 12 искуствени зони

20.04.2026

Скопје, 20 април 2026 година – Компанијата Самсунг (“Samsung”) денес го најави отворањето на својата изложба „Дизајнот е чин на љубов“ (орг. Design is an Act of Love) на Неделата на Дизајн во Милано (Milano Design Week 2026). Структурирана низ 12 имерзивни зони во „Samsung Design Open Lab“ во “Superstudio Più“ во Милано од 20 до 26 април, изложбата означува ново поглавје во развојната визија за дизајн на компанијата, нудејќи перспективи за тоа како дизајнот може да одговори на променливите човечки потреби и однесувања.

 

Отворена лабораторија за истражување на дизајнот

 

Замислена како отворена лабораторија, изложбата им го претставува на посетителите пристапот на дизајнирање на “Samsung”, нудејќи простор за истражување, експериментирање и откривање. Наместо како завршена изјава, изложбата одразува момент во тек на патувањето, нудејќи ран поглед на тоа како “Samsung” го обликува новиот начин на живот преку дизајнот.

 

Секоја од 12-те имерзивни зони претставува посебно истражување на тоа како дизајнот може да го обликува секојдневниот живот. Клучните искуствени димензии на Центрираност на човекот (Human Centricity) и Експресивен дизајн (Expressive Design) се прв впечаток во прикажувањето на визијата на “Samsung Design”.

 

Во рамките на овие зони, серија креативни истражувања илустрираат идеи, можности и идни насоки. Преку овој пристап, “Samsung Design” својата визија ја прави опиплива, поканувајќи ги посетителите да се вклучат во дизајнот како еволуирачка пракса насочена кон човекот.

 

Центрираност на човекот и Експресивен дизајн

 

“Samsung Design” го проширува својот пристап надвор од корисничкото искуство, со поголем фокус на тоа како луѓето живеат и го искусуваат секојдневието.

 

„Дизајнот треба да ја одразува различноста на човештвото, прифаќајќи ги различните животни стилови, вредности и начини на кои луѓето живеат“, изјави Мауро Порчини (Mauro Porcini), Претседател и Главен Директор за дизајн (CDO) на секторот “Device eXperience“ (DX) во “Samsung”. „Не станува збор само за создавање производи, туку за обликување искуства кои се доживуваат како релевантни, лични и значајни во секојдневниот живот. Преку ’Samsung Design Open Lab’, споделуваме како ова размислување го обликува нашиот пристап кон дизајнот и идниот начин на живеење.“

 

Во срцето на визијата на “Samsung” е пристапот насочен кон човекот во областа на вештачката интелигенција, доловен преку формулата AI x (EI+HI), каде вистинската вредност не лежи  во технологијата, туку во тоа како таа е водена од човечката намера, емпатија и имагинација.

 

Иако изложбата истражува нови насоки во дизајнот, таа ја одразува филозофијата која го води “Samsung” повеќе од 30 години, поставувajќи ги луѓето во центарот на иновациите. Претставените идеи ја прошируваат таа основа, преведувајќи ја во нови и еволуирачки начини на живеење.

 

„Дизајнот е чин на љубов“, со 12 имерзивни зони

 

Повеќе од 120 производи во 36 категории се изложени во 12-те зони на изложбата, опфаќајќи и концепти за дизајн и производи кои моментално се достапни на пазарот.

 

Клучните делови од изложбата вклучуваат:

 

  • “The Welcome Show“: Координирано дисплеј искуство кое ја претставува визијата на “Samsung” за вештачката интелигенција како обединет систем кој ги спојува личната и споделената вештачка интелигенција низ уредите и околината.
  • “Unfold Your Story“: Истражување на преклопениот дизајн на Galaxy низ спектар на бои, форми и искуства, доловувајќи ги различните животни стилови и новиот начин на живеење, создавање и поврзување.
  • “Wearable & Culinary Intelligence: Истражувања на дизајнот кои одговараат на различни животни стилови, почнувајќи од лични уреди како што се носечките технологии, па сè до поврзани кујнски и станбени средини.
  • “Transparent Symphony & All That Music“: Извонредни аудио-визуелни зони со транспарентни звучници и екрани со Music Studio 5 и 7 и низа концептуални дизајни, каде што различните елементи се спојуваат во хармонија, а музиката ја претвора аналогната емоција во кохезивно дигитално искуство.
  • “Two Expressions of the Same Technology“: Два различни дизајнерски изрази на 130-инчен Micro RGB дисплеј, развиени на истата револуционерна технологија, демонстрирајќи како перформансите и индивидуалноста можат да коегзистираат.
  • “Artful Living“: Визија за живеење каде екраните стануваат експресивни медиуми на личноста, културата и емоциите, оживувајќи ги уметничките дела и содржините на поимерзивен начин преку S95H OLED телевизорот, со нови форми на раскажување поддржани од вештачка интелигенција.
  • “The Goodbye Show“: Враќајќи се од “Welcome Show“, споделениот ВИ придружник ја затвора изложбата преку природни интеракции водени од вештачка интелигенција и сензорна изведба на музика, светлина и човечки допир, поттикнувајќи емотивна поврзаност и чувство на присуство во секојдневниот живот.

 

Изложбата на “Samsung” - „Design is an Act of Love“ се наоѓа во “Superstudio Più“, “Via Tortona, 27“, во Милано и нуди слободен влез на следните датуми:

 

  • 20 април, од 11:00 до 21:00 часот
  • 21 април, од 11:00 до 16:00 часот
  • 22 април, од 11:00 до 17:00 часот
  • 23-25 април, од 11:00 до 21:00 часот
  • 26 април, од 11:00 до 18:00 часот

 

За повеќе вести, фотографии и видеа, посетете ги Samsung Newsroom и Samsung Design за време на Неделата на дизајнот во Милано 2026 година.

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

 

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.