Скопје, 16 февруари 2026 година – Зимските Олимписки Игри 2026 официјално започнаа и во Олимпиското село една работа е јасна: Олимпиското издание на Samsung Galaxy Z Flip7 (Samsung Galaxy Z Flip 7 Olympic Edition) многу брзо стана неопходен дел од секојдневното олимписко искуство на спортистите. Подарен на речиси 3.800 олимпијци и параолимпијци, Олимпиското издание на уредот Galaxy Z Flip 7 им помага да останат поврзани со домот, да уловат незаборавни моменти и да го споделат своето патување со фановите во реално време, сето тоа додека беспрекорно се вклопува во брзиот ритам на животот на Олимписките игри.
Блиску до домот, дури и на километри оддалеченост
За многу спортисти, Олимпиското село е привремен дом исполнет со емоции, исчекување и тивки моменти меѓу натпреварите.
Италијанската натпреварувачка во брзо лизгање на кратка патека, Аријана Сигел (Arianna Sighel), совршено го долови тоа чувство, споделувајќи селфи-фотографија сликана со одраз во огледалото од својата соба со Олимпиското издание на уредот, прикажувајќи прекрасна фотографија од нејзиното семејство на предниот екран на Galaxy Z Flip 7.
Со својот компактен, преклоплив дизајн и висококвалитетна селфи камера, Олимпиското Издание им овозможува на спортистите лесно да се јават на најблиските, преку брза фотографија, видео повик или порака пред да излезат.
Живот во Олимпиското село, со едно движење со „повлекување“ (swipe)
Белгиската ѕвезда во брзо лизгање Барт Свингс (Bart Swings) им понуди на фановите поглед зад сцената во неговите први денови во Милано, „повлекувајќи“ (swipe) низ моменти што го дефинираат олимпискиот живот: селфи - фотографии во собата со лизгалките, иконични фотографии од олимписките кругови во срцето на селото и возбудата од распакувањето на Олимпиското издание на Galaxy Z Flip 7 директно од штандот на “Samsung“.
Оттогаш, Олимпиското издание го следи Барт насекаде. Дел е од дневните рутини на тренинзи на мраз, монтиран е за велосипедски сесии со функцијата “Dual Recording“ и снимање на тренинзите во теретана. За спортистите кои балансираат тренинзи, опоравување и креирање содржина, моќен комуникациски уред во џебен формат прави огромна разлика.
Иконични позадини, незаборавни селфи - фотографии
Прекрасните пејзажи околу локациите кои се дел од Милано Кортина 2026 ги инспирираа спортистите да застанат и да го “уловат“ моментот. Алпската скијачка Елена Куртони (Elena Curtoni) направи светла селфи - фотографија во планините пред олимписките кругови, исполнувајќи една “must have“, задолжителна спомен-фотографија од игрите со нејзиното Олимписко издание на Galaxy Z Flip 7.
На мразот, холандската олимписка шампионка во кратки стази, Сузан Шултинг (Suzanne Schulting), сподели селфи - фотографии од тренинг покрај патеката, без да изгуби ритам меѓу круговите.
Споделување на магијата - заедно
Некои моменти се едноставно премногу големи за да не се споделат. Полскиот спортист Михал Вожњак (Michał Woźniak) ја долови чистата енергија од Церемонијата на отворање во видео со своите соиграчи, додека швајцарскиот сноубордер Давид Хаблутцел (David Hablützel) го сними своето прво патување до тренинг на локација — пресвртнички момент поддржан од Олимпиското издание на Galaxy Z Flip 7.
Фристајл сноубордерот Маркус Клевеланд (Marcus Kleveland) ја резимираше возбудата за време на распакувањето на уредот: „Елегантен, компактен и создаден за движење, исто како животот на снег.“.
На патеките, Тксема Мазет – Браун (Txema Mazet-Brown) прослави што е дел од тимот Samsung Galaxy, снимајќи снежни моменти со Олимпиското издание.
Унапредување на олимпиското искуство
Од утрински тренинзи до повици дома, Олипмиското издание на Galaxy Z Flip 7 беше топло прифатено од спортисти во сите дисциплини. Неговиот компактен дизајн лесно се вклопува во џеб, “Flex“ Режимот отвора нови креативни агли, а моќната камера им помага на спортистите да ги раскажат своите олимписки приказни, токму онака како што ги живеат.
Во Олимпиското село во Милано, Galaxy Z Flip7 Olympic Edition не е само смартфон. Овој уред е врска со домот, креативна алатка и создавач на спомени, помагајќи им на спортистите да се фокусираат на најважното, додека го бележат секој незаборавен чекор од своето олимписко патување.
За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.
За вклученоста на “Samsung“ во Олимписките Игри
"Samsung" е Светски Олимписки Партнер од Зимските олимписки игри во Нагано 1998 година. Речиси 30 години, спортистите и навивачите веруваат во трансформативната мобилна технологија на "Samsung" за споделување на Олимпискиот дух на глобално ниво и продолжуваат да ја обликуваат дигиталната иднина за Олимписките игри за Милано Кортина 2026 и понатаму. Посветеноста на компанијата кон олимпиското движење наскоро навлегува во својата четврта деценија на партнерство и се протега до Лос Анџелес 2028 година. Целосните иновации на "Samsung" во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема со вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G, ќе го променат начинот на кој светот ги доживува Олимписките Игри.
За вклученоста на “Samsung“ во Параолимписките Игри
"Samsung" е светски партнер на Интернационалниот Параолимписки Комитет (IPC) во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема. Почнувајќи од Зимските Параолимписки Игри во Торино 2006 година, компанијата гордо го поддржува Параолимпиското движење и им овозможува на спортистите и навивачите ширум светот да ја споделат возбудата и инспирацијата од Игрите преку трансформативната мобилна технологија на "Samsung". Посветеноста на "Samsung" кон Параолимписките Игри ќе продолжи и во Лос Анџелес 2028 година и ќе биде одбележана преку иновативни мобилни и компјутерски искуства овозможени од наменски иновации во категоријата на безжична комуникација и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема што содржи вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G.