Скопје, 10. Август 2022 – Компанијата Samsung Electronics ја претстави најновата генерација на револуционерните паметните телефони на преклоп: Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4. Двата уреди се одликуваат со прилагодлив хардверски дизајн, карактеристики прилагодени на личните потреби и унапредени перформанси. Четвртата генерација на серијата Galaxy Z продолжува да ги руши конвенциите и нуди нови, моќни интеракции кои го унапредуваат секојдневниот живот.
„Samsung Galaxy телефоните на преклоп се развиени на темелите на нашата филозофија на отвореност и пружаат нови можности на комплетно прилагодување одвнатре и однадвор. Настанати во соработка со нашите светски познати партнери, овие нови уреди на преклоп нудат неприкосновено мобилно искуство кое ги задоволува потребите на најдинамичните корисници“, изјави Д-р ТМ Рох, претседател и раководител на одделението за мобилно искуство (MX) во компанијата Samsung Electronics. „Благодарение на нашите непрекинати напори и лидерство, популарноста на уредите на преклоп продолжува да расте. Оваа категорија со успех ја трансформиравме од пионерски проект во линија на уреди за широка употреба меѓу милионски корисници ширум светот.“
Како доказ за посветеноста на Samsung на супериорна изработка, секоја дизајнерска компонента на двата модели е темелно анализирана за да се обезбеди вистинско приспособливо искуство, така што секој корисник има уред кој одговара на неговите потреби. Galaxy Z Flip4 се надоврзува на успехот на легендарниот хардверски дизајн на Samsung со додавање на клучни карактеристики како што се подобрено искуство со камерата, поголема батерија[1] и зголемени опции за прилагодување, заедно со познатиот ултра компактен дизајн. Galaxy Z Fold4 создава нови можности за корисникот обезбедувајќи сеопфатно искуство со паметен телефон благодарение на неговиот дизајн што ја менува формата, извонредните дисплеи и функциите за мултитаскинг слични на компјутер, покрај напредната технологија за камера и моќните мобилни процесори.
Galaxy Z Flip4, совршен уред за лично изразување
Galaxy Z Flip4 ги унапредува омилените функции меѓу Samsung корисниците, што го прави совршен уред за лично изразување. Неговиот компактен дизајн во облик на школка нуди единстевно искуство кое не е достапно кај ниеден друг паметен телефон.
Правете видео снимки без користење на рацете или групни селфија под различни агли така што делумно ќе го преклопите Z Flip4 за да ја активирате FlexCam камерата[2]. Овие функции достапни дури и кај омилените апликации[3]. Благодарение на партнерството на Samsung со компанијата Meta, FlexCam е оптимизирана за најпопуларните друштвени мрежи, вклучувајќи ги Instagram, WhatsApp и Facebook. Со Galaxy Z Flip4 сега можете да правите квалитетни селфија директно од надворешниот екран со користење на главната камера со унапредена Quick Shot функција. Почнете снимање видео со функцијата Quick Shot, а потоа прејдете на Flex функцијата како би продолжиле да снимате без користење на рацете, при што видеото не се прекинува – што е идеално за автори на содржина и влогери. Корисниците сега можат да прават селфија во портрет формат и да ги прегледаат фоFтографиите во реална домензија кога користат Quick Shot. Со унапредената камера која е опремена со 65% појак сензор [4]кој функционира на работната платформа Snapdragon 8+ Gen 1, фотографиите и видео снимките се поостри и постабилни – и дење и ноќе.
Z Flip4 е направен така што навистина се користи без употреба на раце – да се направат повеќе работи без отклопување на телефонот. Јавувајте се, одговорајте на пораки, отклучете го вашиот автомобил [5]па дури и контролирајте го SmartThings Scene [6]виџетот, се од надворешниот екран.
Galaxy Z Flip4 може да снима, емитува и поврзува подолго време измеѓу две полнења со напредената 3,700mAh батерија[7]. Со супербрзото полнење кое сега е достапно кај моделот Z Flip4, се полни дури 50% за околу 30 минути[8], со цел корисниците да останат поврзани и кога батеријата е при крај.
Со потенка шарка, исправени рабови, контрастно матирано стакло на задната страна и сјајни метални рамки, ова е најпрефинетиот дизајн на Samsung досега. Корисниците можат целосно да го приспособат Z Flip4 со Galaxy Themes и на надворешниот и на почетниот екран за да го надополнат нивниот стил со прилагодени фонтови, икони и дизајни. Дополнително, корисниците можат да креираат свој надворешен дисплеј благодарение на новите дизајни на часовници и позадини во различни формати како што се слики, GIF, па дури и видео.[9]
Galaxy Z Fold4, уред за објавување повеќе работи истовремено со совршени перформанси
Galaxy Fold4 е резултат на постојани иновации во областа на паметните телефони Samsung Galaxy и нашиот најмоќен паметен телефон досега. Тој ја комбинира Samsung експертизата во мобилната технологија и претставува уред со зголемена функционалност, без разлика дали е отворен, затворен или во Flex режим[10]. Исто така, ова е првиот уред со Android 12L, специјална верзија на Android која Google ја има креирано за големи екрани, вклучувајќи и уредите на преклоп.
Мултитаскингот со Z Fold4 е полесен од било кога, така што корисниците можат да работат повеќе дури и кога се во движење. Новиот таскбар [11]прикажува распоред сличен на оној на компјутерите и нуди пристап до вашите омилени и неодамна користени апликации. Мултитаскингот исто така е попрегледен благодарејќи на новите гестови за лизгање[12]. Можете веднаш да се префрлите од апликации на цел екран на повеќе прозорчиња или да го поделите екранот на пола со цел полесно да извршувате повеќе работи истовремено. [13]
Партнерствата на Samsung со компаниите Google и Microsoft го подигаат скалилото кога станува збор за извршување на повеќе работи истовремено. Google апликациите, вклучувајќи ги Chrome и Gmail, сега ја поддржуваат Повлечи-и-Пушти функцијата, што на корисниците им овозможува брзо да копираат и пресликуваат линкови, фотографии и друго, од една апликација во друга. Со Google Meet, корисниците сега можат да се поврзат со повеќе луѓе додека уживаат во заеднички виртуелни активности, вклучувајќи заедничко гледање видеа на YouTube или играње видео игри преку видео повик[14]. Комплетниот Office пакет и Outlook на Microsoft ги користат предностите на дисплејот на преклоп и пружаат повеќе информации на екранот и побрзи начини на интеракција со содржината. Мултитаскинг искуството е комплетирано со S Pen пенкалото[15], кое овозможува цртање во движење и фаќање белешки со поедноставено складирање во стоечки поклопец со футрола за пенкало.[16]