Скопје, 8 април 2026 година – Компанијата Самсунг (“Samsung“), денес објави дека 34 модели од нивната понуда на телевизори и саундбар звучници за 2026 година добиле сертификати за намалување на јаглеродот на производи (Product Carbon Reduction) и јаглероден отпечаток од производот (Product Carbon Footprint) од “TÜV Rheinland“, глобално призната организација за сертификација со седиште во Германија. Достигнувањето ја одразува континуираната посветеност на “Samsung“ за намалување на емисиите на јаглерод во целото свое портфолио на премиум производи.
"Како глобален лидер во сегментот на премиум дисплеи и аудио, ’Samsung’ ја гледа одржливоста како клучен дел од иновациите," рече Тајонг Сон (Taeyong Son), Извршен потпретседател на Одделот за Визуелни дисплеи (Visual Display - VD) во “Samsung Electronics“. "Остануваме посветени на намалување на јаглеродните емисии на нашите производи, така што потрошувачите не мора да избираат помеѓу најсовремена технологија и поодговорно корисничко искуство.".
“Samsung“ доби сертификат за намалување на јаглеродот на производот за 14 премиум модели на дисплеи и звучници, вклучувајќи ги OLED телевизорите од 2026 година, Frame Pro и водечкиот HW-Q990H саундбар звучник1. Дополнителни 20 производи, меѓу кои Micro RGB и Mini LED телевизорите, добија сертификат за јаглероден отпечаток на производот.2
“TÜV Rheinland“ доделува сертификат за јаглероден отпечаток на производи кои ги исполнуваат меѓународните стандарди за проценка на емисиите на стакленички гасови во текот на целиот животен циклус на производот, вклучувајќи производство, транспорт, употреба и отстранување.
Сертификатот за намалување на јаглеродот на производи, пак, се доделува на производи кои веќе ја добиле сертификацијата за јаглероден отпечаток на производот и дополнително покажуваат мерливо намалување на емисиите на јаглерод во споредба со нивните претходници. Имено, HW-Q990H ги доби двата сертификати, проширувајќи ја посветеноста на “Samsung“ за одржливост пошироко од ТВ уредите.
Во 2021 година, Samsung Neo QLED стана првиот телевизор со 4K или повисока резолуција што доби сертификат за намалување на јаглеродот на производи. Во изминатите шест години, компанијата продолжи да го проширува својот портфолио на сертифицирани производи од палетата на QLED, OLED, “Lifestyle“ телевизори, монитори и дигиталните прикази (signage).
Оваа посветеност исто така е одраз на поширокото лидерство на “Samsung“ во премиум категориите на дисплеи и звучници, каде што компанијата е лидер на глобалниот пазар на телевизори 203 години по ред и остана број 1 глобален бренд за саундбар звучници цели 12 години.4
За повеќе информации за понудата на телевизори на “Samsung“ за 2026 година, ве молиме посетете ја официјалната страница на “Samsung“.
За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.
- 1 14 модели со сертификат за намалување на јаглеродот кај производот ги опфаќаат OLED (S90H, S85H 55'', 65'', 77'', 83''), The Frame Pro (LS03HW 65", 75", 85") и саундбар звучник (HW-Q990H модел).
- 2 20 модели со сертификат за јаглероден отпечаток на продуктот ги опфаќаат Micro RGB (R95H 65'', 75'', 85'', R85H 55", 65", 75", 85", 100''), OLED (S95H 55'', 65', 77'', 83', S85H 48''), Mini LED (M70H) и The Frame Pro (LS03HW 55'').
- 3 Omdia Q4 за 2025 Извештај за јавни дисплеи, според продажба на единици.
- 4 FutureSource Consulting, 2025.