Глобални вести

Самсунг (“Samsung”) ја редефинира иднината на живеењето со вештачка интелигенција, со најновата ТВ иновација во рамки на настанот “Inside Samsung The First Look Europe 2026"

По повод 20 години како светски број 1 ТВ бренд1, “Samsung“ го претставува Micro RGB, откритие во технологијата на дисплеи, заедно со својата најинтелигентна и најперсонализирана ТВ понуда досега, пред европските медиуми и партнери на настанот “Inside Samsung The First Look Europe“ во Ешборн, Франкфурт.

15.04.2026

Скопје, 15 април 2026 година – Компанијата Самсунг (“Samsung“), денес ја прикажува својата најнова генерација екрани управувани со вештачка интелигенција и поврзани искуства на настанот “Inside Samsung – The First Look Europe“ во Франкфурт, надградувајќи на дводецениското лидерство како светски бренд број еден за телевизори.

 

“Samsung“ продолжува да ја редефинира домашната забава преку пионерски иновации во дисплеите, вклучувајќи ја технологијата Micro RGB, заедно со напредни функции управувани со вештачка интелигенција дизајнирани да ги направат екраните поинтелигентни, полични и беспрекорно интегрирани во секојдневниот живот.

 

"Во ’Samsung’, иновацијата никогаш не е само за тоа што е ново, туку за постојано предизвикување на самите себе за да ги донесеме најдобрите искуства при гледање, каде и да гледате, што и да гледате." изјави Бенџамин Браун (Benjamin Braun), Главен маркетинг директор на “Samsung Europe“.

 

"Веќе 20 години сме светски бренд број еден за телевизори, постојано ги предизвикувајќи сопствените стандарди – од моменти водени од дизајнот, како телевизорот ’Bordeaux’ во 2006 година, до револуционерните технологии за екрани како QLED и Neo QLED.

 

Овие технологии се резултат на години инженерство, дизајнерско размислување и неуморна иновација за да создадат нешто убаво. Денес го отвораме следното поглавје со Micro RGB и низа искуства со вештачка интелигенција кои ги прават нашите екрани попаметни, поинклузивни и полични од кога било досега."

 

"Во изминатите 20 години, ’Samsung’ секогаш го предводеше пазарот на телевизори со предизвикувачки дух", изјави Чарли Беј (Charlie Bae), Директор за продуктен бизнис менаџмент за телевизори и звучни уреди во “Samsung Europe“. "Тоа размислување продолжува и денес. На настанот ’Inside Samsung The First Look Europe’, горди сме што ја претставуваме Micro RGB и нов бран иновации управувани од вештачка интелигенција на европскиот пазар, кои ги поместуваат границите на она што луѓето го очекуваат од еден телевизор."

 

 

Претставување на Micro RGB – нова ера во технологијата на дисплеи

 

Во срцето на понудата на “Samsung“ за 2026 година е Micro RGB, откритие во инженерството на дисплеи што го редефинира начинот на кој боите се произведуваат на екранот.

 

За разлика од конвенционалните телевизори кои се потпираат на бели задни осветлувања и филтри за бои, Micro RGB користи индивидуално контролирани црвени, зелени и сини LED диоди, секоја помала од 100 микрометри, за директно продуцирање на боја.

 

Резултатот е неспоредливо искуство при гледање, со исклучителна осветленост, контраст и репродукција на бои верни на реалните, постигнувајќи 100% покриеност на бои според стандардот BT.2020.

 

Првично претставен со модел од 115 инчи, “Samsung“ ја проширува Micro RGB палетата во 2026 година со нов водечки дисплеј од 130 инчи, заедно со поширока понуда која опфаќа големини од 55, 65, 75, 85 и 100 инчи, носејќи ја оваа технологија од следната генерација во повеќе домови од кога било досега.

 

За уште подобро искуство, тука е Micro RGB AI Engine, кој ги оптимизира сликата и звукот во реално време, кадар по кадар. Со прецизно контролирање на осветленоста, контрастот и деталите во сенките, тој овозможува длабоко имерзивно и природно искуство при гледањето кај сите видови содржини.

 

Серијата Micro RGB ќе биде достапна во Европа од мај.

 

 

Попаметни, полични екрани со Vision AI Companion

 

“Samsung“ телевизорите од 2026 година го воведуваат Vision AI Companion, интелигентен слој дизајниран да ја направи интеракцијата со вашиот телевизор поприродна и поинтуитивна.2

 

Со напредно разбирање на природен јазик, корисниците можат да бараат информации, препораки или помош од нивниот телевизор во реално време, без разлика дали гледаат неизвесен фудбалски натпревар, пребаруваат рецепти од кулинарска емисија или бараат локални искуства инспирирани од она што се прикажува на екранот.

 

Функциите управувани од вештачка интелигенција вклучуваат:

 

  • Оптимизација на слика со помош на вештачка интелигенција (ВИ): Процесорот на “Samsung“ со вештачка интелигенција ја анализира содржината што се репродуцира, а потоа ја оптимизира сликата и звукот за да одговараат, без разлика дали се оптимизира за фудбалски терени или музички траки, целта е да се користат најдобрите бои за прикажаната акција.
  • Професионален контролер на звук со вештачка интелигенција: првото решение што ви овозможува да го приспособите секој елемент од аудио миксот на вашиот телевизор во реално време и тоа со едноставни, контекстуални гласовни команди.
  • Режим за фудбал со вештачка интелигенција: го дава најдоброто “седиште“ за целата акција, препознавајќи ја играта на екранот и оптимизирајќи ги поставките за искуство како на стадион, директно во вашата дневна соба.

 

Важно е што Vision AI Companion е достапен во целата палета на ТВ-уреди од 2026 година, вклучувајќи ги и UHD моделите.

 

 

Проширување на OLED иновациите со гледање без одблесоци 

 

“Samsung“ продолжува да ја развива својата OLED понуда во 2026 година, проширувајќи ја “Glare-Free“ технологијата за гледање без одблесоци на повеќе модели, вклучувајќи ги S90H, S95H и S99H.3

 

Со намалување на одблесоците без да се наруши точноста на боите, технологијата “Glare-Free“ обезбедува доследно искуство при гледање кое е верно на реалноста во секакви услови на осветлување, без разлика дали гледате дневна содржина или вечерни спортски настани.

 

Водечкиот модел S99H исто така воведува усовршен дизајн со ѕиден држач Zero Gap, овозможувајќи елегантна, речиси рамна инсталација што ја подобрува и естетиката и леснотијата на поставување.

 

 

Екрани дизајнирани за сечиј животен стил

Самсунг продолжува да ја реосмислува улогата на телевизорот во домот, со производи дизајнирани да ги одразуваат индивидуалните животни стилови и простори.

 

The Frame Pro се надградува на иконскиот “lifestyle“ телевизор на “Samsung“, комбинирајќи Neo QLED квалитет на слика без одблесоци, со дизајн инспириран од уметноста и Wireless One Connect Box за почиста и пофлексибилна поставеност.

 

“Samsung“ исто така го претставува Movingstyle - пренослив, сè-во-едно паметен екран со вградена батерија и интеракција на допир, дизајниран лесно да се преместува помеѓу простории, од дневни соби до домашни канцеларии, одразувајќи ја еволуирачката, флексибилна природа на модерниот живот.

 

 

Имерзивен звук и дизајн

 

Најновите аудио иновации на “Samsung“ го надополнуваат неговото лидерство во технологијата на екрани, со воведувањето на Music Studio 5 и 7, доставни во продажба од мај 2026, Wi-Fi звучници дизајнирани во соработка со Ерван Буруле (Erwan Bouroullec). Комбинирајќи ја префинета естетика со звукот со висока верност, тие носат ново ниво на топлина и израз во домашната аудиотехника.

 

За поголеми собири, Sound Tower испорачува моќен звук што ја исполнува просторијата со динамичната функција Party Lights, овозможувајќи да ги персонализирате боите на вашиот тим пред големото спортско лето оваа година.

 

 

Создадено за иднината: Безбедност и долговечност

 

Како што вештачката интелигенција станува централна за домашното искуство, “Samsung“ ја зајакнува својата посветеност на безбедноста и долгорочната вредност.

 

Сите телевизори од 2026 година се заштитени со Samsung Knox Security4, со што се штитат личните податоци и поврзаните уреди, додека нуди седум години надградби на оперативниот систем Tizen OS, обезбедувајќи континуиран пристап до најновите функции, можностите на вештачката интелигенција и безбедносните подобрувања.

 

 

Редефинирање на иднината на домашната забава

 

Со Micro RGB, Vision AI и континуиран фокус на дизајнот и персонализацијата, “Samsung“ влегува во нова ера на иновации во дисплеите.

 

Со комбинирање на најсовремената технологија со значајни кориснички искуства, “Samsung“ покрај тоа што ја одржува својата позиција како водечки светски бренд за телевизори, продолжува и да ги поместува границите на технологијата на телевизори.

 

За повеќе информации за целосниот асортиман на телевизори на Samsung со подобрени AI-технологии, ве молиме посетете ја официјалната страница на “Samsung“.

 

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

 

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

  • 1 Omdia, февруари 2026. Светски пазарен удел на телевизори по производител, врз основа на годишна продажба според волумен и приходи. Според податоците на Omdia, Samsung е водечки светски бренд на телевизори веќе 20 години по ред. Само за општи информации; не претставува одобрување, сертификација или препорака од Omdia.
  • 2 Достапноста, поддржаните карактеристики и корисничкиот интерфејс може да варираат во зависност од земјата, регионот, моделот и условите при гледање.
  • 3 Верифициран перформанс "без одблесоци" од страна на “UL Solutions“, врз основа на проценки според Единствената скала за одблесоци (UGR).
    Верификација се издава кога: UGR на рефлексивен одблесок е помал или еднаков на 10 ( ≤ 10), UGR на непријатен одблесок е помал или еднаков на 22 (≤ 22) и UGR на онеспособувачки одблесок е помал или еднаков на 34 (≤ 34).
  • 4 За повеќе информации, ве молиме погледнете ја оваа веб-страница: https://www.samsungknox.com/en/secured-by-knox