“Самсунг” (“Samsung”) ја претставува Galaxy Buds4 серијата:
Најдобар Hi-Fi звук досега, со напредна удобност и совршено стоење
Корисниците имаат пристап до новата ера на аудио иновациите на “Samsung”, кои имаат високо квалитетен звук и може да се адаптираат во секоја средина
Скопје, 25 февруари 2026 година – “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) денес ги претстави најновите Galaxy Buds4 Pro и Galaxy Buds4, редефинирајќи што премиум слушалките може да овозможат во насока на супериорно hi-fi аудио и секојдневна употреба. Создадени да звучат добро колку и што се удобни, Galaxy Buds4 серијата е комбинација на извонреден квалитет на звук со попрефинето, компјутерски дизајнирано прилагодување, спојувајќи ги најнапредните аудио-технологии и иновации на „Samsung“ во едно прекрасно, беспрекорно искуство. За прв пат, Buds Pro доаѓаат во комбинација на поширок вуфер (woofer), во комбинација со подобрено активно поништување на бучавата (Active Noise Cancellation - ANC) и напреден “Adaptive Equalizer”(EQ) за целосен спектар на звук, притоа прилагодувајќи се на реалните услови од средината. Дизајнерските подобрувања, контролата без раце и подлабинската интеграција на вештачката интелигенција ја истакнуваат посветеноста на “Samsung” во формирање слушалки кои се создадени за луѓето да слушаат, да се движат и да живеат во текот на целиот ден.
“Samsung знае дека вистинското високо квалитетно аудио искуство е комбинација на техничкиот квалитет на звук и начинот на кој корисникот го доживува тој звук” – изјави Икхјун Чо (Ikhyun Cho) Потпретседател на корпоративниот сектор за Развој и Истражување на Мобилен Напредок (Mobile Enhancement R&D), во дивизијата за Мобилно искуство (Mobile eXperience). “Kaj Galaxy Buds 4 серијата, нашата дизајнерска филозофија беше бескомпромисна: овозможување на целодневна удобност без да се жртвува аудио перформансот, бидејќи тоа е она што корисниците најмногу го ценат. Ги споивме најмоќниот висококвалитетен hi-fi звук и нашето најбезбедно, ергономско прилагодување кои се надополнуваат едно со друго, за да го овозможиме најдоброто и најзадоволувачкото искуство при слушање до сега”.
Компјутерски дизајн оптимизиран за подобрена стабилност и удобност во текот на целиот ден
Со Buds4 серијата, „Samsung“ воспостави идентитет на Buds дизајнот со естетика како сечило (blade), достигнување со компјутерски дизајн базирано на стотици милиони глобални податоци за слух и 10.000 симулации . Buds4 серијата опфаќа ултра елегантен, ергономски облик со помали , лесно прилагодливи слушалки за да овозможи посигурно, поудобно носење во текот на целиот ден. Новиот стабилизиран “blade“ дел има обележан дел за контрола со притискање (pinch) , дизајниран за полесно пронаоѓање и прилагодување на поставките. Дополнително, новиот транспарентен тип на држач во облик на школка (clamshall) го прави складирањето и полнењето поинтуитивно и поудобно, истовремено истакнувајќи го “blade“ дизајнот за да овозможи стилско, високо-квалитетно слушање во движење.
Galaxy Buds4 Pro и Buds4 нудат различни дизајнерски архитектури за да ги задоволат различните потреби. Galaxy Buds4 Pro слушалките се одликуваат со дизајн во облик на канал за поудобно носење кој ги комбинира врвниот звук со максималната функционалност. Galaxy Buds 4 имаат дизајн со поотворен облик за удобно носење и овозможуваат удобно, корисничко-пријателско аудио искуство. Купувачите исто така можат да изберат помеѓу две понудени бои - бела и црна боја со префинет мат финиш.
Супериорен Hi-Fi звук со иновативни хардверски надополнувања
Поголемите звучници нудат подобар квалитет на звук, а Buds 4 Pro воведува нов, поширок вуфер за ефикасно искористување на просторот. Со максимизирање на површината за вибрација и минимизирање на рабовите на звучникот, поширокиот вуфер ја зголемува ефективната површина на звучникот за речиси 20% . Во комбинација со “tweeter“, овие карактеристики овозможуваат природно аудио доживување со чист бас и богати високи тонови кои поддржуваат 24bit/96KHz аудио-записи , со што се овозможува висококвалитетен звук кој е верен на оригиналната снимка. Овие надградби овозможуваат прецизно репродуцирање на сѐ, од високите тонови на виолините до длабоките вибрации на контрабасот, детали кои беше предизвик да се репродуцираат кај претходните генерации. Исто така, надворешниот микрофон е стратешки поставен на горната страна со метална завршница за да ја максимизира функционалноста „Active Noise Cancelation“, истовремено минимизирајќи го фидбекот од ветерот и останатите надворешни фактори.
Максимизирано аудио искуство со напреден адаптивен EQ и ANC
Galaxy Buds4 серијата нуди софтверски надградби кои се изградени на моќните адаптивни звучни можности кои корисниците ги обожуваат во претходните генерации на Buds. Подобрената функција за активното поништување на бучавата (ANC) може да редуцира секаков звук, од интензивна бучава во сообраќај до секојдневни позадински звуци, обезбедувајќи квалитетно аудио искуство кое се прилагодува на променливите средини. На пример, за време на превоз со автобус, воз или авион, подобреното активно поништување на бучавата кај Buds4 ги намалува ниско-фреквентните звуци од моторот и бучавата од сообраќајот, додека одржува богат, балансиран звук, овозможувајќи им на корисниците да се фокусираат на музика, подкасти, или телефонски разговори, без притоа нешто да им го одвлекува вниманието.
Подобрениот адаптивен “ANC/EQ” овозможува целосна медиумска имерзивност, минимизирајќи го “протекувањето на звукот”, анализирајќи ги условите на носење и уникатна форма на увото на секој корисник. Заедно со прилагодувањата на динамичката фреквенција, оваа функција применува оптимални “АNC” алгоритми во реално време за врвни перформанси за поништување на бучавата. Резултат на ова е уживањето на корисниците во звучното искуство кое е прилагодено на нивните индивидуални потреби.
Кога е време за повици, Super Clear Call функцијата користи супер широкопојасна технологија која овозможува висок квалитет и двојно зголемување на пропусниот опсег на конвенционалните Bluetooth повици. Без разлика дали корисниците гледаат спортски натпревар, вечераат во бучен ресторан или поминуваат време со своите деца на игралиште, нивниот глас се пренесува јасно и чисто, овозможувајќи звук на разговор како во живо, лице в лице.
Збогатено искуство со Galaxy екосистемот
За Galaxy корисниците, серијата Buds4 воведува интеграции кои го збогатуваат искуството со Galaxy екосистемот. Корисниците лесно можат да вклучат “AI” агенти , вклучувајќи ги “Bixby“ , “Google Gemini“ и “Perplexity“, преку гласовни команди и без управување со раце, што овозможува да останат поврзани со околината додека имаат целосна контрола на своето аудио доживување. Со ваквото прилагодување, Buds4 Pro им овозможува на корисниците пристап до “АI” функциите без потреба од вадење на телефонот, правејќи ја интеграцијата на вештачката интелигенција во нивните секојдневни рутини поедноставна.
Корисниците на Galaxy екосистемот можат да уживаат во едноставно поставување на Buds . Само со отворање на кутијата, без потреба од инсталирање на Galaxy Wearable апликацијата, Galaxy корисниците лесно можат да ги поврзат своите Buds со својот телефон или таблет. Преку кратенката за пристап до менито или “Quick Panel“, корисниците можат да го контролираат и прилагодуваат звукот или EQ опциите за оптимално аудио искуство.
Buds4 Pro дополнително вклучува гестикулации со главата, односно “Head Gesture“ - контрола за управување со повици и интеракција со “Bixby“, овозможувајќи извршување на различни функции целосно, без користење на рацете. Заедно со гласовните команди, овие контроли без употреба на рацете им овозможуваат на корисниците да навигираат низ денот без одвлекување на вниманието, обезбедувајќи беспрекорен тек на секојдневните активности.
Достапност
Galaxy Buds4 серијата, официјално претставена заедно со новата Galaxy S26 серија на Galaxy Unpacked настанот, е достапна во две бои - бела и црна. Во Северна Македонија, Galaxy Buds4 серијата ќе биде достапна во продажба кај продажните партнери на „Samsung“ започнувајќи од 11 март. За повеќе информации за Galaxy Buds4 серијата, посетете ја страницата: www.samsung.com/mk/galaxy-buds4-series/.
Врз основа на глобално истражување на податоци за слух спроведено од Samsung Design Innovation Center. Само Galaxy Buds4. Galaxy слушалките може да се поврзат како Bluetooth Audio без разлика на оперативниот систем, но за да се конфигурираат напредните поставки на апликацијата Galaxy Wearable, Galaxy слушалките мора да бидат поврзани со смартфон со оперативен систем Android 10.0 или понова верзија и минимум 1,5GB меморија. Напредните поставки во Galaxy Wearable апликацијата вклучуваат Noise Control, Adaptive EQ, Pinch Control и софтверски надградби. Некои функции се достапни само на компатибилни Samsung Galaxy паметни телефони. Android е заштитена трговска марка на Google LLC. Точниот број е 19.8%.. Корисниците може да вклучат Ултра високо-квалитетно аудио (UHD) во поставките на Buds4 Pro, навигирајќи до Квалитет на Звук (Sound Quality) во главното мени и Опции за Напреден Квалитет (Advanced Quality Options) во Ефекти (Effects). Достапно на Buds4 Pro. Super Clear Call (Super Wideband call) функцијата е достапна на Galaxy уредите со One UI 6.1.1 или повисоко. Дополнителни уреди можат да бидат поддржани во иднина. Super Wideband (SWB) е достапно без оглед на апликацијата за повици. SWB може да не е поддржан во зависност од мобилната мрежа помеѓу уреди. За AI функциите е потребен компатибилен Samsung Galaxy телефон. Поддржува 9 јазици: Корејски, Англиски, Германски, Француски, Италијански, Шпански, Португалски, Кинески (поедноставен) и Јапонски. Резултатите може да варираат. Проверете ги генерираните резултати за точност. Компатибилно со одредени функции и кориснички профили. Потребна е интернет конекција. Достапно на одредени уреди, јазици и во одредени земји. Достапно само за корисници со навршени 18 години или постари. Потребен е компатибилен Samsung Galaxy уред, интернет конекција и Samsung кориснички профил. Стандардно е исклучено. За да се овозможи опцијата Head Gesture, треба да се вклучи преку апликацијата Galaxy Wearables. Реалниот век на батеријата може да варира во зависност од условите на употреба, како поставки на функции, вид на датотека која се пушта и јачина на Bluetooth сигнал. Времето на употреба може да варира во зависност од поставките. Може да варира во зависност од достапноста на спарениот уред. Може да варира во зависност од достапноста на спарениот уред. Оценка “IP“ за потопување во до 3 стапки свежа вода во времетраење до 30 минути (кутијата за полнење не е водоотпорна). Не се препорачува за употреба на плажа или базен. Доколку слушалките или рацете на корисникот се мокри, мора да бидат исушени детално пред употреба. Оштетените слушалки немаат гаранција дека ќе се водоотпорни.