Скопје, 21 април 2026 година – Денес компанијата Самсунг (“Samsung”) ги прикажува своите најнови Bespoke AI кујнски апарати, носејќи ја во Европа визијата за вистински придружници во домот кои работат на елиминирање на стресот од секојдневните обврски. Одржан во „Домот со Вештачка Интелигенција“ (AI Home) на “Samsung” во Милано, настанот ќе ги прикаже најновите иновации во врвниот кујнски дизајн, технологијата, материјалите и апаратите.
На овогодинешниот настан, “Samsung” претставува нова генерација апарати дизајнирани да одразат како кујните еволуираат низ Европа, поддржувајќи го начинот на кој луѓето готват, се поврзуваат и управуваат со секојдневниот живот дома. Овозможувањето подобар живот со Bespoke AI, оптимизирајќи ги перформансите и персонализирајќи ги искуствата, апаратите на “Samsung” со високи стандарди се исто така создадени да траат.
Дизајнирани за модерни европски кујни
Од управување со динамични домаќинства, до подобро искористување на просторите со отворен план, овие апарати се дизајнирани поефикасно да ги поддржат секојдневните рутини во кујната. Повеќе информации и клучните карактеристики опфаќаат:
- Фрижидер со една врата со целосно метално ладење: одржува стабилни температури за да помогне храната да остане посвежа подолго време1, додека режимот AI Energy ја подобрува енергетската ефикасност2. Функцијата All-Around Cooling рамномерно го дистрибуира ладниот воздух низ фрижидерот, додека Auto Open Door го олеснува пристапот до содржината на фрижидерот кога рацете ви се зафатени со намирници.
- Индукциска плоча со екстракција: ги спојува готвењето и вентилацијата во еден апарат, отстранувајќи ја потребата од посебен аспиратор. Ова ја прави многу погодна за простори со отворен план, додека истовремено обезбедува силни перформанси на екстракција.
- Bespoke AI машина за перење садови: автоматски ја прилагодува потрошувачката на вода, температурата и времето на циклусот врз основа на секое полнење, помагајќи да се испорачаат конзистентни резултати од миењето, истовремено подобрувајќи ја ефикасноста, толку многу што е за 20% енергетски поефикасна од минималното барање за А-класа на “ECO“ циклусот3. Нејзиниот вградлив дизајн и функцијата Auto Open Door исто така овозможуваат уредно да се вклопи во модерните кујнски елементи.
Во категоријата “живеење“, најновите производи покажуваат како “Samsung” ги проширува интелигентните, поврзани искуства низ целиот дом. Новата линија вклучува:
- A-65% Bespoke AI машина за перење алишта: Трошејќи 65% помалку енергија од минималните барања за енергетска ефикасност за рејтинг од класа А на европскиот пазар4, оваа машина за перење вклучува 7-инчен интуитивен паметен екран и подобрен AI Wash+ режим кој интелигентно детектира тежина, степен на валканост и повеќе видови ткаенини од претходно, за да го прилагоди количеството вода и детергент за постигнување оптимални резултати.
- Правосмукалка Jet Stick 85S/95S: Со моќност на вшмукување од 250W и 280W соодветно, 85S/95S вклучуваат компатибилност со четка за џогер за дополнителна флексибилност.
„Кујната е срцето на многу домови; таму заедно готвиме, поминуваме време заедно и јадеме заедно“, рече Бенџамин Браун (Benjamin Braun), Главен Директор за маркетинг на “Samsung Europe”. „Со инкорпорирање на подобрувања со вештачка интелигенција во добро воспоставените дизајни, можеме да заштедиме и време и енергија, правејќи го секојдневниот живот понепречен и поинтегриран со модерните животни стилови.“.
„The Brief“ на “Samsung” во Милано
Во Милано, Samsung претстави пошироката визија за поврзано живеење преку екосистемот SmartThings. Посетителите ги искусија новите апарати од прва рака преку презентации на производите, демонстрации во живо и интерактивни сесии.
Дополнително, Си-Кеј Ким (CK Kim), Извршен потпретседател и Раководител на секторот за дигитални апарати (DA), одржа брифинг во кој ја претстави визијата на “Samsung” за домот придвижуван од Bespoke AI апарати кои го подобруваат секојдневниот живот преку поголема практичност, поврзаност и енергетска ефикасност. Бенџамин Браун, главен директор за маркетинг на “Samsung Europe”, продолжи со регионалната пазарна стратегија, воведувајќи го концептот „Придружник во домот“ (Home Companion) и нагласувајќи ги интуитивните, поврзани апарати дизајнирани да ги задоволат еволуирачките потреби на европските потрошувачи.
Низ целата палета, напредната технологија е комбинирана со промислен дизајн фокусиран на човекот, засилувајќи ја посветеноста на “Samsung” на иновациите кои се доживуваат и како наменски и како лични.
Изложба „Design is an Act of Love“
Покрај своите најнови иновации во производите, “Samsung” ја нагласува и својата филозофија на дизајн со изложбата насловена „Дизајнот е чин на љубов“ (орг. “Design is an Act of Love“) на Неделата на дизајн во Милано. Искуствена по природа, изложбата ја истражува човечката страна на технологијата преку дијалог помеѓу експериментални концепти и најновите комерцијални производи.
За повеќе информации за новата Bespoke AI палета производи на “Samsung“, ве молиме посетете ја https://www.samsung.com/mk/.
За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.
- 1 Кога функцијата “AI precision cooling“ е активирана, се анализира моделот на користење на фрижидерот и се иницира одмрзнување кога вратите не се отвораат често, за да се помогне во минимизирање на температурните флуктуации на фрижидерот и да се обезбедат оптимални перформанси. Реалните резултати може да варираат во зависност од индивидуалната употреба.
- 2 Врз основа на интерно тестирање. Резултатите од тестот се засноваат на споредба на фабрички поставената температура при користење на режимот AI Energy и без користење на режимот AI Energy. Резултатите може да варираат во зависност од условите и корисничките навики. Достапно на уреди со Android и iOS. Потребни се Wi-Fi конекција и Samsung корисничка сметка. SmartThings ќе прикаже известување пред активирање на алгоритмот за заштеда и во максимален режим и во „Custom“ режим.
- 3 Врз основа на интерно тестирање на Samsung, моделите DW90H/24 се до 20% поефикасни отколку што е потребно за да се постигне границата на класата за енергетска ефикасност А според Регулативата (ЕУ) бр. 2019/2014. Заштедата од 20% е тестирана со циклусот ECO.
- 4 Врз основа на интерно тестирање на Samsung. Потрошувачката на енергија на моделот WF90H/24 (9kg) постигнува EEI од 18.2 (18.2kWh / 100 циклуси), што е до 65% поефикасно енергетски во споредба со минималниот праг за Класа А (EEI 52 за модели од 9kg) според Регулативата (ЕУ) бр. 2019/2014. Резултатите може да варираат во зависност од околината на користење. Енергетските рејтинзи се тестирани со програмата Eco 40–60.