Глобални вести

Разговор со Тиери Анри: Во чест на фудбалската заедница и навивачкото искуство при гледањето на натпреварите ова лето

08.05.2026

Скопје, 8 мај 2026 -  Со приближувањето на најголемиот фудбалски настан на годината, начинот на кој навивачите го доживуваат спортот во живо се трансформира. Технологијата одново ја дефинира емоцијата зад секој тензичен натпревар, победнички гол во последната минута или контроверзна одлука за пенал. Оваа еволуција беше во целосен фокус оваа недела во Лондон, каде што Самсунг (“Samsung”) го одбележа претстојното спортско лето и својата кампања #WatchItOnASamsung преку ексклузивен настан: „Разговор со Тиери Анри“.

 

Фудбалската легенда Тиери Анри (“Thierry Henry”) му се придружи на новинарот Бен Џејкобс (“Ben Jacobs”) во ексклузивна дискусија посветена на убавата игра, истражувајќи подалеку од теренот за да откријат како навивачите навистина го доживуваат фудбалот.

 

Следење на играта на различни начини

 

Настанот собра медиуми, креатори и влијателни личности од индустријата од цела Европа, кои имаа можност самите да ги испробаат најновите иновации на “Samsung” во делот на визуелните екрани. Преку демонстрации во живо, дизајнирани да ги отсликаат реалните услови на денот на натпреварот, “Samsung” покажа како новата технологија го редефинира навивачкото искуство, без разлика дали фановите се дома, со пријателите или на некое локално збирно место.

 

На отворањето на настанот, Анри се осврна на неговата љубов кон фудбалот додека растел и како неговите искуства како играч, тренер и аналитичар го обликувале неговиот поглед на оваа нова ера во фудбалот. За елитните играчи, фудбалот е дефиниран од одлуки во дел од секундата, движење и свесност,  моменти во кои сè може да се промени во миг. Кога искуството при гледањето не е на ниво, тие детали можат да се изгубат. За навивачите, токму тие моменти се она што создава тензија, драма и поврзаност во секој натпревар.

 

Неговата перспектива го најави она што следуваше: детален поглед на тоа како технологијата сега е способна да ги долови тие моменти со највисок квалитет, доближувајќи ги навивачите до акцијата повеќе од кога било досега.

 

Онаму каде што секој детал е важен

 

Најновите технологии за екрани на “Samsung” се дизајнирани токму со оваа цел. MicroRGB технологијата, која беше претставена за време на настанот, користи нов пристап преку директно генерирање на боја од микроскопски црвени, зелени и сини LED диоди, наместо да се потпира на традиционалното задно осветлување. Резултатот е попрецизен констраст и боја, што помага да се зачуваат деталите дури и за време на најдинамичните моменти од играта.

 

На настанот, големите екрани и OLED технологијата без отсјај (glare-free) претставија вистински услови на гледање натпревар, со цел да се отслика како луѓето навистина ги гледаат натпреварите, честопати со амбиентална светлина, со одвлекување на вниманието и со повеќе гледачи одеднаш.

 

Присутните имаа можност од прва рака да видат како иновациите на “Samsung” се преточуваат во поостро следење на топката, појасно движење на играчите и поконзистентно искуство во различни опкружувања. На крајот на краиштата, целта е да се зачува автентичноста на играта, без разлика каде и на кој начин се гледа.

 

Вештачката интелигенција влегува во игра, тивко и ефикасно

 

Ако квалитетот на сликата е задолжен за зачувување на клучните моменти, тогаш вештачката интелигенција (AI) е таа што гарантира дека тие ќе бидат доживеани на најдобар можен начин. Следниот голем чекор е во тоа како телевизорите реагираат во реално време на она што се случува на екранот.

 

Низ зоните за демонстрација, функциите на “Samsung” напојувани со вештачка интелигенција работеа тивко во позадина за да им ја покажат на медиумите и креаторите вистинската разлика во гледањето оптимизирано со вештачка интелигенција. Алатките како режимот AI Football и AI Sound Controller Pro автоматски ги прилагодуваат сликата и аудиото за да ја подобрат јасноста на движењата, балансирајќи го звукот и намалувајќи ги пречките за појасен и повпечатлив начин на следење на натпреварот.

 

Ваквите карактеристики, заедно со воведувањето на Vision AI Companion, укажуваат на поширока еволуција. Наместо поединечни функции кои работат изолирано, Vision AI Companion го позиционира телевизорот како интелигентен систем кој истовремено ги разбира содржината, опкружувањето и преференциите на корисникот.

 

Ова го одразува поширокиот правец на “Samsung”: придвижување подалеку од изолирана интелигенција кон похолистички пристап на вештачка интелигенција, каде уредите соработуваат за да ги предвидат потребите и соодветно да се прилагодат. Резултатот? Поперсонализирано, интуитивно искуство каде вештачката интелигенција делува како ваш придружник. За навивачите, тоа значи подобар начин за следење на моментите со висок интензитет во текот на целото лето.

 

Од стадион до екран, што е следно?

 

Технологијата ги поместува границите на она што е можно при уживањето во најголемите спортски моменти. Напредокот во технологијата на екраните, квалитетот на звукот и интеграцијата на вештачката интелигенција значат дека искуството при гледањето е поперсонализирано и подобрено од кога било досега. И додека начинот на кој го гледаме фудбалот продолжува да еволуира, некои нешта остануваат непроменети: атмосферата, луѓето со кои сте и заедничката љубов кон играта. Тоа чувство на поврзаност беше очигледно и за време на вечерниот настан, додека гостите се дружеа и ги споделуваа впечатоците од разговорите во денот, уживајќи во пијалак и мени инспирирано од фудбалските натпревари, потсетник за уникатната способност на фудбалот да ги зближува луѓето.

 

Без разлика дали преку појасни визуелни прикази или технологија која се прилагодува во реално време, целта е секогаш беспрекорно да се зачуваат моментите кои се важни, со цел чувството од денот на натпреварот да остане со вас долго по последниот свиреж на судијата.

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

 

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/