Глобални вести

Кампањата “Отвореното секогаш победува“ на “Самсунг“(Samsung) започна во Милано

“Samsung” ги поканува фановите да го искусат Олимпискиот дух во секојдневниот живот преку храбри надворешни визуелни решенија низ препознатливите знаменитости во Милано

02.02.2026

Скопје, 2 февруари 2026 година – Компанијата “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics Co., Ltd.), Светски Олимписки и Параолимписки Партнер, го носи духот на Олимписките и Параолимписките Зимски Игри Милано Кортина 2026 (Olympic and Paralympic Winter Games Milano Cortina 2026) во секојдневието преку надворешна (“Out-Of-Home“) рекламна кампања ширум Милано.

 

Како дел од глобалната кампања “Отвореното секогаш победува“ (“Open always wins“)¹ на “Самсунг“, улиците, плоштадите и транзитните централни точки се трансформираат во живописно платно, пренесувајќи ја енергијата и исчекувањето за претстојните Олимписки и Параолимписки Игри директно во ритамот на градскиот живот.

 

Визуелните решенија на кои се појавуваат спортистите - амбасадори од тимот “Samsung Galaxy“, го нагласуваат мотивот, издржливоста и отвореноста кои се во срцето на Олимписките и Параолимписките Игри. Серијата решенија ги истакнува италијанските спортисти Јакопо Лучини (Jacopo Luchini; пара-сноуборд), Флора Табанели (Flora Tabanelli) и Миро Табанели (Miro Tabanelli; скијање во слободен стил) и Иан Матеоли (Ian Matteoli; сноуборд), додека уживаат во нивните скапоцени моменти на олимпискиот пат со “Победнички селфи-фотографии“ (Victory Selfies) направени со Galaxy Z Flip7.

 

Кампањата се протега на десет клучни локации, вклучувајќи ги Катедралата во Милано (Duomo di Milano), Пирели 39 (Pirelli 39), Сан Бабила (San Babila) и Корсо Комо (Corso Como) и ја пренесува возбудата на зимските спортови надвор од натпреварувачките терени, директно во срцето на градот - домаќин. Рекламната кампања ќе трае од 1. до 28. февруари, при што одредени локации, вклучувајќи ги “Сан Бабила – Дурини“, ќе бидат активни до 15. март, а Катедралата  во Милано до 31. март.

 

Како што се наближува Милано Кортина 2026, “Samsung“ продолжува да ја поврзува својата порака „Отвореното секогаш победува“ со локалниот израз, отворајќи значајни моменти и приближувајќи ги луѓето до возбудата на Игрите.

 

Локации на надворешните реклами:

·        Катедралата во Милано (Duomo di Milano)

·        Бастиони на Порта Венеција (Bastioni di Porta Venezia)

·        Корсо Комо – Порта Гарибалди (Corso Como – Porta Garibaldi)

·        Пирели 39 (Pirelli 39)

·        Кадорна – Виа Кардучи – Сан Николао (Cadorna – Via Carducci – San Nicolao)

·        Виа Сан Паоло (Via San Paolo)

·        Корсо Венеција – Виа Сенато (Corso Venezia – Via Senato)

·        Сан Бабила – Дурини (San Babila – Durini)

·        Ларго Ла Фопа (Largo La Foppa)

·        Палата Одеон (Palazzo Odeon)

 

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

 

За вклученоста на “Samsung“ во Олимписките Игри
"Samsung" е Светски Олимписки Партнер од Зимските олимписки игри во Нагано 1998 година. Речиси 30 години, спортистите и навивачите веруваат во трансформативната мобилна технологија на "Samsung" за споделување на Олимпискиот дух на глобално ниво и продолжуваат да ја обликуваат дигиталната иднина за Олимписките игри за Милано Кортина 2026 и понатаму. Посветеноста на компанијата кон олимпиското движење наскоро навлегува во својата четврта деценија на партнерство и се протега до Лос Анџелес 2028 година. Целосните иновации на "Samsung" во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема со вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G, ќе го променат начинот на кој светот ги доживува Олимписките Игри.

 

За вклученоста на “Samsung“ во Параолимписките Игри
"Samsung" е светски партнер на Интернационалниот Параолимписки Комитет (IPC) во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема. Почнувајќи од Зимските Параолимписки Игри во Торино 2006 година, компанијата гордо го поддржува Параолимпиското движење и им овозможува на спортистите и навивачите ширум светот да ја споделат возбудата и инспирацијата од Игрите преку трансформативната мобилна технологија на "Samsung". Посветеноста на "Samsung" кон Параолимписките Игри ќе продолжи и во Лос Анџелес 2028 година и ќе биде одбележана преку иновативни мобилни и компјутерски искуства овозможени од наменски иновации во категоријата на безжична комуникација и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема што содржи вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G.

 

1 Првпат претставена на Париз 2024, оваа тема се враќа на Зимските Олимписки и Параолимписки Игри како одраз на верувањето на “Samsung“ дека со отворен ум, сè е можно.