Локални вести

Samsung официјално ја започнува својата олимписка и параолимписка кампања во последното одбројување до Олимписките игри во Париз за 2024 година

Samsung ја започнува кампањата „Отвореноста секогаш победува“ и отвора нов олимписки изложбен простор Olympic™️ rendezvous @ Samsung во срцето на Париз

30.04.2024

Скопје, 30 април 2024 г. – На помалку од 100 дена до почетокот на Олимписките игри во Париз, Samsung Electronics, светскиот олимписки и параолимписки партнер, официјално ја започна својата кампања „Отвореноста секогаш победува“ – која ги слави заедничките вредности на брендот за отвореност со претстојните Олимписки и Параолимписки игри – и го најави свеченото отворање на својот изложбен простор Olympic™️ rendezvous @ Samsung | Champs-Elysees 125.

 

Како што беше најавено во јануари, пораката на Samsung дека „Отвореноста секогаш победува“ го изразува ставот на брендот дека отвореноста нуди нови перспективи и бескрајни можности и е во срцето на програмата на компанијата за Париз во 2024 година. Новата кампања, која започнува денес, ги содржи приказните од членовите на тимот на Samsung Galaxy, вклучувајќи го скејтбордерот Аурелиан Жиру (Aurélien Giraud, Франција), параспринтерот Јоханес Флорес (Johannes Floors, Германија) и брејкденсерката Сара Би (Sarah Bee ,Франција), и покажува како отвореноста овозможува да се постигнат неверојатни подвизи.

 

„Како глобален олимписки и параолимписки партнер, Samsung иновира и нуди врвна технологија и искуство на Олимписките игри речиси 40 години“, рече ТМ Рох (TM Roh), претседател и директор на Одделот за мобилни уреди во Samsung Electronics. „Начинот на кој уживаме во игрите се промени многу со текот на времето, а технологијата игра клучна улога во ширењето на олимпискиот дух. Ова е особено точно сега кога започнуваме со „Games wide open“ и ни е драго што преку кампањата „Отвореноста секогаш победува“ можеме како никогаш до сега да ги доближиме олимписката публика и спортистите, создавајќи нови искуства и силни врски во Париз оваа година“.

 

Samsung, исто така, претстави сосема нов изложбен простор наречен Olympic™️ rendezvous @ Samsung | Champs-Elysees 125, кој ќе ги одведе љубителите на Олимписките и Параолимписките игри на епско патување во Париз. Посетителите ќе можат да уживаат во најважните моменти од претходните Олимписки игри со Galaxy, да ги истражуваат најновите иновации на Samsung и да создаваат спомени за цел живот со Galaxy AI.

 

При дизајнирањето на овој изложбен простор, Samsung соработуваше со архитектот и визионер Жан Нувел (Jean Nouvel), добитник на Прицкеровата награда, чие револуционерно дело го одразува неверојатниот дух на олимпијците и параолимпијците кои постојано ги поместуваат границите и го редефинираат она што е можно. Инспириран од париските салони од ерата на просветителството, овој простор ја слави отвореноста кон нови перспективи и можности преку рефлексии и оптички илузии кои предизвикуваат чувство на отвореност, хармонија и поврзаност.

 

„Целиот простор е дизајниран да ја слави посветеноста на Samsung кон отвореноста“, вели Жан Нувел (Jean Nouvel). „Апстрактните фасадни графики ги доловуваат рефлексијата и движењата на светлината што се појавува и исчезнува во миг, а матираните, рефлектирачки бели огледала во фоајето повикуваат на откривање на најновите иновации.“

Изложбениот простор Olympic™️ rendezvous @ Samsung | Champs-Elysees 125 беше официјално отворен со церемонија на сечење лента на која присуствуваа ТМ Рох (TM Roh), амбасадорите на тимот на Samsung Galaxy, вклучително и француската сурферка Џоан Дефи (Joanne Defay), британскиот брејкденсер Карам Синг (Karam Sing ) и францускиот парапливач Хуго Дидие (Ugo Didier), како и Ана Софи Вомар, (Anne-Sophie Voumard) директорка за телевизиски и маркетинг услуги на МОК, Пјер Рабадан (Pierre Rabadan), заменик градоначалник задолжен за спорт, олимписки и параолимписки игри за градот Париз и Етјен Тобоа (Étienne Thobois), генерален директор на Организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри во Париз за 2024 година.

 

„Воодушевени сме што Olympic™️ rendezvous @ Samsung ги слави нашите заеднички вредности за овие „Games wide оpen““, рече Ен-Софи Вумар (Anne-Sophie Voumard), директорката за телевизиски и маркетинг услуги на ИОК. „Samsung игра огромна улога во подобрувањето на искуството на љубителите на Олимписките игри со децении со помош на својата иновативна технологија и ние сме воодушевени што ќе ја подигнеме на следно ниво со овој изложбен простор, како и со многу други начини на кои ги поддржуваме претстојните Олимписки и Параолимписки игри овде во Париз“.

 

Изложбениот простор Olympic™️ rendezvous @ Samsung на 125 Avenue des Champs-Elysées ги отвора вратите за јавноста на 3 мај и ќе биде достапен до 31 октомври од 10 до 20 часот од понеделник до сабота и од 11 до 20 часот во недела. Во овој простор ќе бидат организирани серија специјални настани во текот на летото и тој ќе биде отворен за секој што сака на посебен начин да ги доживее Олимписките и Параолимписките игри во Париз оваа година.

 

Покрај изложбениот простор лоциран на Шанзелизе (Champs-Élyséesu), Samsung ќе отвори дополнителни простори Olympic™️ rendezvous @ Samsung низ градот на светлината и во неговата околина, вклучувајќи го Олимпискиот парк, Олимпиското и параолимпиското село и Главниот прес-центар, како и станици за полнење за уредите Samsung Galaxy на клучните места на Олимписките и Параолимписките игри, каде што гледачите можат да ги видат најновите иновации на Galaxy.

 

Погледнете ја кампањата на Samsung „Отвореноста секогаш победува“ на каналот на Samsung на YouTube.

 

 

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

 

За вклученоста на Samsung во Олимписките игри

 

Samsung е светски олимписки партнер уште од Зимските олимписки игри во Нагано во 1998 година. Повеќе од 25 години, спортистите и обожавателите ѝ веруваат на трансформативната мобилна технологија на Samsung, која го споделува олимпискиот дух на глобално ниво и продолжува да ја обликува дигиталната иднина на Олимписките игри во Париз во 2024 година, но и понатаму. Посветеноста на компанијата кон Олимпиското движење наскоро се соочува со својата четврта деценија на партнерство и ќе трае до Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година. Целните иновации на Samsung во категоријата уреди за безжични комуникации и компјутерска опрема, вклучително и уреди со вештачка интелигенција, виртуелна реалност, проширена реалност и 5G ќе го променат начинот на кој светот ги доживува Олимписките игри.

 

За вклученоста на Samsung во Параолимписките игри

 

Samsung е светски партнер на Меѓународниот параолимписки комитет (IPC) во категоријата уреди за безжични комуникации и компјутерска опрема. Почнувајќи од зимските Параолимписки игри во Торино во 2006 година, компанијата гордо го поддржува Параолимпиското движење и им овозможува на спортистите и навивачите ширум светот да ја споделат возбудата и инспирацијата од игрите преку трансформативната мобилна технологија на Samsung. Посветеноста на Samsung на Параолимписките игри ќе трае до Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година и ќе се слави преку иновативни мобилни и компјутерски искуства поттикнати од целни иновации во категоријата уреди за безжични комуникации и компјутерска опрема, вклучувајќи уреди со вештачка интелигенција, виртуелна реалност, проширена реалност и 5G.